Saturday, August 27, 2005
Првата анкета на Mak Trek е затворена. Најмногу гласови доби Star Trek: The Next Generation. Еве ги и останатите.

Следува нова анкета наскоро.
 
автор: Бојан Николов @ 8/27/2005 05:30:00 PM | 10 коментар(и)
Thursday, August 25, 2005
Q. Доволно е да чуете како Picard го изговара тоа име за да сфатите дека не е добра работа кога тој ќе се појави. Сигурно сте го фатиле Q во некоја епизода (ако не во друга тогаш сигурно во "True Q" од The Next Generation која на Канал 5 ја репризираа безобразно многу пати), тој е тој што се појавува во блесок на бела светлина, облечен во капетанска униформа. Но кој е навистина Q, и уште поважно, што е тој?

Q е припадник на расата со исто име, која живее во вондимензионално пространство кое го нарекуваат Q Kонтинуум. Сите Q се бесмртни (се верува дека само Q може да убие Q) и семоќни. Не се знае ни како ни кога настанале. Иако најраната забележана средба помеѓу Q и човек се случила во XVIII век, Q - оној на сликата - првпат се претставува како таков речиси 600 години подоцна, пред екипажот на USS Enterprise NCC-1701-D во првата епизода од TNG, и продолжува да се појавува во текот на оваа и следните серии.

Не се знае зошто баш овој Q се појавува пред луѓето. Мотивите на Q расата се најчесто непознати, па така ретко се знае кога тој дејствува на своја рака а кога во интерес на Континуумот, иако во еден случај Континуумот му ги одзема моќите (кои подоцна му ги враќа). Можеби едноставно му е досадно па се забавува со тоа што го навредува Riker - барем во два случаи припадници на оваа раса имаат кажано дека Континуумот е дојден до точка кога се е кажано, се е направено и веќе и на нив им е здосадено од сопствената бесмртност. Има случаи во кои Q пробуваат да се спасат од ваквиот начин на живот: двајца одат да живеат меѓу луѓето (подоцна Континуумот ги убива, но преживува нивната ќерка која, сепак, се враќа да живее меѓу сопствената раса), а еден дури и пробува да си го одземе животот.

Токму овој Q со самоубиствени нагони (кој подоцна ќе го земе името Quinn) е тој кој ќе успее, барем на некое време, да ги раздвижи Q. Иако тие нема да му дозволат да се убие, тој ќе побара помош од Федерацијата и тоа на бродот USS Voyager. Kathryn Janeway ќе му ги исполни барањата за сослушување и за можноста за азил, и на крајот, откако и самата ќе го види Q Континуумот, ќе пресуди во корист на Quinn, и следниот ден тој ќе се самоубие. Ова ќе предизвика граѓанска војна во Континуумот. Сакајќи да ја спречи војната, Q добива идеа да има дете со Janeway, но, како што пишува во статијата за Voyager подоле, сепак тој ќе се реши да се размножува со припадничка на сопствениот вид, со што и става крај на војната.

Инаку, Q го игра актерот John de Lancie, кој ги импровизира на лице место поголем дел од навистина инвентивните навреди што ги упатува кон федерациските офицери (за жал немам пример при рака). Синот на Q го глуми вистинскиот син на John de Lancie, Keegan.
 
автор: З. Андоновски @ 8/25/2005 02:26:00 AM | 7 коментар(и)
Saturday, August 20, 2005
Според фиктивната историја на Star Trek универзумот, во средината на 21-виот век, Zephram Cochrane, заедно со неговиот легендарен инженерски тим, успеваат теоретски да го постулираат основниот механизам за continuum distortion propulsion (CDP). Нивниот труд овозможува подготвување на збир од сложени равенки, формули и оперативни постапки кои ја опишуваат суштината на натсветлосниот погон. Теоријата на овој погон е дека просторот пред вселенскиот брод се 'растегнува', при што истиот се 'згуснува' долж оската на бродот, а се раширува зад него. Значи, бродот на некој начин 'сурфа' на овој бран, но всушност истиот е носен од страна на бранот, при што го заобиколува конвенционалниот релативитет. Со други зборови, не постои релативистичко зголемување на масата на бродот, ниту пак ефектот на временска дилатација, бидејќи во суштина бродот мирува во однос на локалниот простор кој го опкружува. Сумарниот ефект од ова е одржување на претходно недостижната брзина на светлината, со избегнување на теоретски бесконечната потрошувачка на енергија.

Клучот на создавањето на последователните не-Њутновски методи, т.е. пропулзија која не зависи од акција-реакција, претставува создавањето на 'гнездо' или 'балон' од повеќе слоеви на warp поле, од кои секој слој со одредена енергија се потпира на следниот по ред, од внатре кон надвор. Кумулативниот ефект на применетата сила го носи бродот напред во вид на асиметрична перисталтичка манипулација со полето (APFM). Намотките кои го создаваат ваквото warp поле во носачите на бродот се празнат во секвенцијален алгоритам, од напред спрема назад. Фреквенцијата на празнење го одредува бројот на слоеви во полето, при што поголем број на слоеви се потребни за поголеми warp фактори.

Горивото потребно за создавање на оваа каскадна серија од warp полиња се добива преку анихилација, односно реакција помеѓу материја и антиматерија, при што ослободената енергија поминува низ кристалот од дилитиум, кој создава плазма (посебна агрегатна состојба на материјата), и конечно таа го создава полето по пат на електромагнетна индукција. Сево ова е во рамките на традиционалната физика, заобиколувајќи ги ограничувањата на Општиот и Специјалниот Релативитет.

Густината на полето за секој нареден warp фактор расте во геометриска прогресија и претставува функција од вкупните индивидуални вредности на слоевите од полето. Но, вистинските вредности на warp факторот зависат и од меѓуѕвездените услови, односно густината на гасот, присуството на електрични и магнетни полиња во различни делови од Млечниот Пат, и флуктуациите на под-просторот. Вселенските бродови редовно патуваат со загуби поради квантно триење и неефикасност во осцилацијата на енергијата.

Општо се зема дека warp 1 е брзина на светлината, а повисоките фактори растат експоненцијално, при што warp 10 е максимумот. Терминот 'transwarp' означува напредна форма на warp погон која ја користат Боргите, но исто така и предмет на неуспешниот експеримент на Ѕвездената Флота во ST III: The Search for Spock. Исто како што создавањето на warp поле околу вселенски брод е неопходно за постигнување на warp брзината, без употреба на бесконечни количества енергија, така transwarp полето е неопходно за постигнување на брзини многу поголеми од брзината на светлината. Боргите имаат откриено аномалии наречени 'transwarp канали (ST: The Next Generation "Descent" и ST: Voyager "Endgame") — области на под-просторот кои олеснуваат transwarp патување. Вештачките канали се поврзани со transwarp разделници. Познати се шест од нив, но една е уништена во ST: Voyager: "Endgame".
 
автор: Dr. Philem0n @ 8/20/2005 09:04:00 PM | 5 коментар(и)
Деновиве започна објавувањето на текстовите на Mak Trek на македонската Википедија. На македонската Википедија сега има Star Trek страна. Голема благодарност до Пецо, кој се реши да ги објавува нашите текстови таму.

Можеби приметивте дека сега иако сме тројца, не објавуваме текстови секојдневно. Решивме дека така е подобро и полесно е да се следи блогот. Три текста дневно се едноставно премногу. Значи, ќе ги оставаме текстовите да отстојат некој ден пред да објавиме други.

Вие и понатаму може да ни пишувате на maktrek@gmail.com за тоа што сакате да го прочитате тука.
 
автор: Бојан Николов @ 8/20/2005 03:28:00 PM | 0 коментар(и)
Wednesday, August 17, 2005
Го памети ли некој вториот дел од епизодата "Descent" од The Next Generation, поточно тоа дека, во отсуство на повисоките офицери на Enterprise, Beverly Crusher доаѓа на капетанското место? Со овој чекор продуцентите сакале да видат како публиката би реагирала на жена-капетан, во подготовка за новата серија - Star Trek: Voyager.

Оваа серија го опишува враќањето дома на USS Voyager NCC-74656, под команда на Kathryn Janeway, кој во првата епизода останува заглавен во Делта квадрантот, на другиот крај од галаксијата. Почнувајќи со 75 години непознат пат пред нив, без никаков контакт со Федерацијата или пак било кој друг во Алфа квадрантот, приморани да го спојат екипажот со нивните довчерашни непријатели... Не ќе да е лесен пат.

Тоа по што Voyager се разликува од претходните ST серии, е составот на екипажот. Поранешен затвореник (Tom Paris), полу-Клингонка која ги нокаутира тие што не се согласуваат со неа (B'Elanna Torres), холографски лекар дизајниран само за краткотрајна употреба, малку понатаму во серијата и Борг (Seven Of Nine), и во краен случај психопатски убиец (Lon Suder)... Не се баш типот на луѓе што би очекувале да ги видите на некој Enterprise. Сепак, како што поминува времето повеќето од нив успеваат да ги надминат своите маани, и учат да соработуваат заедно за побрзо да стигнат дома. Доказ е тоа што во текот на нивното патување успеваат, како прво, да преживеат, потоа да воспостават контакт со огромен број нови раси, да го изведат првиот лет на брзина WARP 10, да почнат движење за правата на холограмите, да спречат граѓанска војна на Q (и да ги поттикнат
да се размножуваат) да го склучат првиот (краткотраен) сојуз со Боргите, да помогнат во внатрешното движење за отпор кај нив, и да спречат инвазија врз Земјата од страна на раса каква што не си ни замислуваат дека може да постои во Алфа квадрантот.

Како и нејзиниот претходник, Deep Space Nine, дали поради презаситеност, дали поради сомнителниот квалитет на некои од епизодите, Voyager не успеа да ги достигне високите рејтинзи на TNG, па затоа беше повеќепати соочена со откажување. Со враќањето на Боргите во четвртата сезона, продуцентите решаваат да го раскинат договорот со Jennifer Lien (Kes), и да ја земат Jeri Ryan (Seven Of Nine), со што успеваат да направат Voyager да трае колку TNG и DS9.

Друга работа по која оваа серија е позната на фановите е честото појавување на бројот 47, што се должи на тоа што професорот по математика на еден од продуцентите докажал на шега дека сите броеви се еднакви на 47. Така, од почеток до крај на серијата тие што ќе се потрудат ќе ги забележат 47ците секаде каде што има потреба од некој случаен број (само не претерувајте, бидејќи ако сте како мене ќе почнат да ви се гледаат и 47ки во вистинскиот живот).

За крај ќе ве оставам со препорака за најдобра епизода: "Year Of Hell". Ако мора да гледате само една епизода од Star Trek: Voyager, нека биде првиот дел од "Year Of Hell". А ако сакате да го видите целосно искористен комедискиот потенцијал на серијата, гледајте ја "Message In A Bottle".

Види линк: Kathryn Janeway
 
автор: З. Андоновски @ 8/17/2005 01:22:00 AM | 17 коментар(и)
Sunday, August 14, 2005
Збор-два за 'колегите' од сите досегашни Star Trek серијали:

Chief Medical Officer на Enterprise NX-01 е Др. Флокс, кој стапува на оваа долност преку Interspecies Medical Exchange. Срдечен и непосреден, со одлични манири, одмерена смисла за хумор и непоправлив оптимизам. По потекло е од Denobula, што му дава уникатна предност за силен имунолошки систем и таква физиологија на спиењето што му се потребни само 6 дена сон во тек на една година. Куриозитет за него е дека Денобуланците не сакаат физички допир и каков било тактилен контакт, така што станува очигледно колку тој ги надминал сопствените културни (цивилизациски) инхибиции. Неговата амбуланта е преполна со разновидни животни од безброј светови, кои ги користи на различни начини, како додаток на конвенционалната медицинска опрема. Го глуми актерот John Billingsley. Омилена негова реплика ми е: 'Пациентот има мал проблем, кој порано се сметал за неизлечив, рак на бели дробови'.

Адмиралот во пензија Леонард МекКој е лекар на оригиналниот Ентерпрајз. Актерот што го глуми, DeForest Kelley, е починат пред неколку години. Попознат е под прекарот 'Bones', кој му го дава капетанот James T. Kirk. Неговиот однос е речиси секогаш полн со цинизам, тежнее да влегува во најразлични дебати, особено со Спок, но под тоа се крие изворна емпатија и сочувство со неговите пациенти. Како и уште неколкумина други ликови од Стар Трек, тој нема доверба во транспортерот и претпочита патување со шатл. Како негов најголем дострел во медицината се смета развојот на специјална процедура за трансплантација на нерви преку создавање на аксонски патишта меѓу трансплантатот и базалните ганглии на субјектот. Омилена ситуација со него ми е онаа кога во 'Voyage Home' ќе и даде лек против хронична бубрежна инсуфициенција на една бабичка во ходник од болница од 20-тиот век, жестоко напаѓајќи ја хемодијализата како терапевтска метода 'од инквизициски тип'.

Dr. Beverly Crusher е една од докторките во сериите The Next Generation, ја глуми Gates McFadden. Заедно со неа на бродот Ентерпрајз Д е нејзиниот син, Wesley Crusher. Таа е врвен научник во областа на хемоимунологија, заслужна е за откривање на третманот против вирусот Циолковски. Нејзината употреба на фејзерите од бродот како скалпел во сложен царски рез за породување на еден необичен вонземјанин се смета како ингениозно решение и е поместено во аналите на галактичката медицина. Освен тоа, како помлада, под менторство на нејзината баба, научила се за народната медицина и употребата на билни и минерални лекови директно од природата. Загубата на нејзиниот сопруг, Lt. Cmdr. Jack Crusher, се смета како најголема траума во нејзиниот живот, но без оглед на тоа, таа секогаш задржува одредена свежина и смисла за хумор. Со текот на времето, таа постепено се навикнува на идејата за Emergency Medical Hologram како помошник во нејзината амбуланта.

Уште еден член од екипажот на Ентерпрајз во Новата Генерација е Dr. Katherine Pulaski (Diana Muldaur). Таа доаѓа на бродот како едногодишна, привремена замена за Dr. Crusher. Остра и тврдоглава, вештата и посветена докторка, исто како 'Bones', не љуби да се телепортира, а освен тоа, на почетокот покажува своевиден отпор да го прифати Дата како свесно суштество. Хронично неспособна за долга врска, таа се мажела и разведувала дури три пати. Особено талентирана за покер, заинтересирана за литература, вклучувајќи ја овде и Клингонската. Еден од нејзините рани трудови, 'Линеарни Модели за Вирусна Пропагација' се уште се користи како златен стандард во таа област. Од другите нејзини позначајни успеси се смета успешното поврзување на вештачко око со регенериран оптички нерв, со што конечно го решава вроденото слепилото на Geordi La Forge. Се смета за врвен кардиохирург и биомолекуларен физиолог.

Bashir, Julian, M.D., односно актерот Alexander Siddig е Chief Medical Officer на DS9. Самоуверен и до извесен степен несериозен, понекогаш влева недоверба во своите пациенти. Но, тоа не значи дека тој не е способен како лекар. Токму спротивното. Добитник е на признанието Carrington, најмлад таков во историјата, поради исклучителни и револуционерни заслуги во био-молекуларната репликација. Во итни случаи е смирен, сталожен и дејствува решително. Неговите научни достигнувања и дел од неговиот карактер е поместен во Emergency Medical Hologram-от. Секако, сето ова делумно се должи на фактот што Dr. Bashir е генетски модифициран, со забрзување на синаптичкиот трансфер, што го прави физички и интелектуално супериорен во однос на целиот екипаж од DS9.

Конечно, 'Докторот', односно Emergency Medical Hologram-от на Voyager (Robert Picardo) е холограмски лик, развиен од страна на програмерите во Starfleet. Замислен е како привремена замена, во случај докторот и медицинскиот персонал да бидат спречени или оневозможени да дејствуваат. Кога Voyager останува заглавен во Делта Квадрантот, 'Докторот' е принуден целосно да ги замени и да дејствува самостојно. Секако, во тоа му помагаат Парис и Кес. Првобитната реченица со која се активира холограмот е "Please state the nature of the medical emergency" но поради фактот дека 'Докторот' речиси воопшто не се исклучува како програм, со текот на времето тој развива сложена личност и покажува завиден степен на креативност и индивидуалност. Неговиот опсег на дејство значително се зголемува со холо-емитерот од 29-иот век, со чија помош може да излегува и надвор од неговата амбуланта.
 
автор: Dr. Philem0n @ 8/14/2005 02:22:00 PM | 11 коментар(и)

“Trekkies” е повеќе од одличен документарец за фановите на Star Trek. Кога го гледав, од почетокот до крајот на филмов, бев со подотворена уста. Водич низ “Trekkies” е Denise Crosby, на фановите добро позната како Lt. Tasha Yar, од Star Trek: The Next Generation.

Навистина немам зборови да го искажам она што го видов на документарецов...Од интервјуа со актерската екипа, аукции, интервјуа со фановите, снимки од Star Trek конвенции до човекот кој правел пластична операција за да има Вулкански уши. Покрај него, има уште еден куп забегани фанови. Најголем впечаток ми остави стоматолошката ординација каде што целиот персонал носеше Starfleet униформи и целата ординација беше базирана на Star Trek. Насекаде слики, картонски фигури, бродови...дури и компјутерите им беа необични.

Потоа, типот што имаше направено иста таква инвалидска количка каква што имаше Captain Pike во “The Menagerie” епизодите од оргиналната серија. Количката на типов беше потполно функционална, се управуваше рачно (типот ја возеше низ град!) и нормално, го имаше истото светло преку кое Pike комуницираше (едно светнување за да, две за не, бидејќи беше тотален инвалид и тоа му беше единствениот начин за комуникација.).

Беа интересни и групата Клингонци кои постојано се шетале облечени како такви и со целосна шминка (рапави чела, бради!). Кога сме веќе кај Клингонците, имаше и аукција за продажба на маската/челото кое Lt.Worf го носеше во Star Trek: TNG. И нормално, сите се наддаваа, почетната цена ако добро памтам беше некои 500 долари. На крајот останаа да се наддаваат еден тип и уште еден маскиран како Клингонец. Клингонецов на крајот даде над 10 илјади долари за маската на Lt.Worf!

Од најлудите фанови ќе ја издвојам и таа жената која беше убедена дека е Starfleet офицер. Секаде се шета во униформа и фул-опрема (фејзер, трикодер и сл.) и раскажува за нејзиниот брод. Што е најинтересно, беше вработена во некоја фирма, и имаше интервју и со нејзиниот претпоставен кој ја прифатил како таква. Морам да го спомнам и типот кој си го променил името во James T. Kirk и нормално типот што изгледаше премногу како William Shatner.

Од актерите, во “Trekkies” беа скоро целата актерска екипа од Star Trek: TOS, па Brent Spiner, Michael Dorn, Jonathan Frakes, Kate Mulgrew, LeVar Burton…и уште некои. Недостигаше Patrick Stewart и екипата од Star Trek: DS9. А, и Jeri Ryan.

Тоа би било од мене за “Trekkies”, за повеќе, го препорачувам на сите Star Trek фанови. Ова е нешто што мора да се види. Особено конвенциите и што се има таму. Наскоро ќе го набавам и вториот дел, па, очекувајте рецензија!

 
автор: Бојан Николов @ 8/14/2005 01:25:00 AM | 0 коментар(и)
Saturday, August 13, 2005
Екипажот на Mak Trek се зголеми за уште еден член, Златко Андоновски, попознат како Goldsmith. :)

Во врска со македонскиот Star Trek on-line RPG...Ако има заинтересирани, може да се обратат на maktrek@gmail.com за повеќе информации. Потребни се луѓе се да се реализира таа идеја. Одлучив да биде во вид на интернет форум, но во случај да има промена на тој план, ќе бидете известени.
 
автор: Бојан Николов @ 8/13/2005 04:11:00 AM | 0 коментар(и)
Friday, August 12, 2005
Вулканската анатомија значително се разликува од човечката. На пример, срцето им се наоѓа онаму каде нормално би се наоѓал човечкиот црн дроб, и чука неколку стотина пати во една минута. Вулканската крв е базирана на бакар и кога е оксигенирана во артериите е зелена или со боја на 'рѓа кога е деоксигенирана во вените. Вулканскиот слух е исклучително чувствителен. Бидејќи еволуирале на планета која во најголем дел е пустина, Вулканците развиле начини за преживување во пустински услови. На пример, тие можат да преживеат неколку денови без вода и имаат внатрешни капаци кои ги заштитуваат очите. Вулканските жени поседуваат нагласено сетило за мирис. Имаат супериорен метаболизам во однос на луѓето, а физички се во просек трикратно посилни од луѓето и се забележително побрзи. Ова делумно се должи на поголемата гравитација на Вулкан во однос на Земјата.


Веројатно најинтересниот дел од Вулканската физиологија е мозокот. Неокортексот е составен од повеќе слоеви кои вршат директна свесна контрола на повеќето телесни функции, што значи Вулканците поседуваат способност за контрола на автономните функции, која им овозмоува да управуваат со своето тело едноставно со помош на волја. При повреда Вулканец може да влезе во состојба слична на транс, користејќи ја способноста да ја концентрира сета своја енергија за самирање на повредата. Тие исто така развиле техника наречена невропресура која може да се користи за опуштање на умот и телото. Супстанцијата trellium-D дејствува како невротоксин за Вулканците, уништувајќи ги синаптичките патишта за контрола на емоциите.

Кога Вулканците ќе доживеат интензивна емоционална траума, може да се изведе ритуал познат како fullara, за враќање на нарушената рамнотежа. Втор елемент за емоционалната контрола е kolinar, односно ритуалот за прочистување на секакви емоции. Тие се спроведуваат од искусни постари свештеници.

Секако, најславниот аспект на Вулканскиот мозок е вродената телепатска способност, преку допир, за која сепак е потребен значителен тренинг. Посилните умови се способни за телепатија без допир, на кратки растојанија и од ограничен вид. Со ригорозен ментален тренинг овие индивидуи можат да развијат способности како што се емотивна присила и психичка проекција на слики. Вулканците се единствената раса која постигнала пренос на синаптички шаблони, или трансфер на индивидуална свесност од едно во друго тело.

Од прилика секои седум години, возрасните мажи мораат да поминат низ pon farr, Вулканскиот период за парење. Тој се состои од интензивни емоционални и инстинктивни нагони (познат и како plak tow, или "крвна треска") која може да го убие мажот доколку остане сексуално незадоволен. Постојат два методи за потиснување на pon farr, првиот е медитација за контрола на нагоните преку ментална дисциплина, а вториот е ритуална борба до смрт, со силен противник. Временскиот период за pon farr кај жените не е јасно одреден. Независно, и мажите и жените Вулканци можат да стапуваат во сексуални односи и надвор од pon farr. Притоа, понекогаш се формира еден вид на парапсихичка врска меѓу партнерите.

Вулканците живеат во просек околу 250 години. Вулканецот помлад од еден век се смета за млад. Некои Вулканци, особено оние со силна ментална дисциплина и соодветен тренинг, можат на некој начин да станат бесмртни, преку имплантирање на нивната katra (душата, духот) во некој предмет или друга личност, непосредно пред смртта.

Види линк: Вулкански fal-tor-pan ритуал
 
автор: Dr. Philem0n @ 8/12/2005 10:25:00 AM | 9 коментар(и)
Thursday, August 11, 2005
Од денеска Mak Trek има нов член. Покрај мене, ќе пишува и Philemon а планирам да додадам и уште некој член. Значи, ќе има уште повеќе статии за Star Trek.

Имам планови за Star Trek оn-line RPG, но сеуште размислувам во која форма да биде. Најверојатно како форум. Во секој случај, следете го Mak Trek за новости.

Поздрав.
 
автор: Бојан Николов @ 8/11/2005 02:55:00 PM | 0 коментар(и)
Monday, August 08, 2005
Од сите раси кои се застапени во универзумот на Star Trek, оваа ми се допаѓа најмногу. Добро, не најмногу, но е една од моите омилени.

Припадниците на Borg колективот се всушност мешани хуманоидни раси, со кибернетски имплантанти кои ја зголемуваат нивната психо-физичка моќ. Интересно е тоа што целата раса има колективен ум и нема посебни индивидуи освен Кралицата (The Borg Queen). Кралицата е повеќе пати уништувана, но секогаш е заменувана со нова.

Се работи за прилично агресивна раса, со голема моќ која го проширува својот колектив по пат на асимилација на единки од други раси. Единствената храна која ја земаат е енергија која ги напојува нивните механички делови. Исто така имаат и био-чипови кои служат за синтеза на органските материи кои им се потребни.

Постои една интересна теорија за настанувањето на Borg расата. Имено, во Star Trek: The Motion Picture филмот каде што V’ger, вселенското летало “Voyager 6лансирано од NASA во вселената, добива свој ум и бара да се позврзе со креаторот (човекот). На крајот од филмот, V’ger откако ќе ја асимилира Lt.Ilia, се спојува со капетанот Decker. Дали овој спој на машина со човек е всушност настанокот на Borg? Можна теорија, но некои податоци покажуваат дека Borg расата се сретнува пред оваа случка. Исто така постои теорија дека “Voyager 6” бил пресретнат од Borg расата која е одговорна за неговиот понатамошен развој.

Во серијата, можеби најпопуларниот Borg e Seven of Nine (од Star Trek: Voyager серијалот), која успеале да ја спасат од Borg колективот. Исто така го имаат асимилирано и капетанот Jean-Luc Picard, кој го добива името Locutus of Borg, но е исто така подоцна спасен и де-асимилиран.

Познатата реплика на оваа раса е: “We are the Borg. Resistance is futile. You will be assimilated.”


Види линк: Borg Cube

Види линк: Асимилација

 
автор: Бојан Николов @ 8/08/2005 03:29:00 PM | 15 коментар(и)
Saturday, August 06, 2005
"Space... The final frontier... These are the voyages of the Starship Enterprise. Its continuing mission: To explore strange new worlds... To seek out new life; new civilisations... To boldly go where no one has gone before!"

Во 1987 година следуваше продолжение на оргиналната Star Trek серија, исто така продуцирано од Gene Roddenberry. Дејствието во TNG е сместено неколку децении по авантурите на каптанот James T. Kirk. Овде се работи за сосема нов екипаж, на чело со капетанот Jean-Luc Picard кој командува со U.S.S. Enterprise 1701-D.

Star Trek: TNG донесе многу нови нешта во Star Trek. Нови раси, нови технологии и се останато.. Благодарејќи на развојот на филмската технологија, ефектите, далеку подобро изведено од Star Trek: TOS. Тука за првпат се појавуваат и нови раси како Borg, Cardassian, Fererngi, а во екипажот на Enterprise 1710-D се најдоа и еден Клингонец, Lt.Worf, андроидот Data и бетазоидот Deanna Troi. Исто така TNG ја презентираше и вонземската супер-раса, Q, која ја обележа серијата.

Ова е можеби и најдобриот серијал од целата Star Trek сага, кој регрутираше многу нови фанови низ целиот свет. Овој серијал всушност мене инфицираше со Star Trek феноменот, уште пред многу години и до ден денес ми е најомилен од сите Star Trek серијали. TNG се состои од вкупно 7 сезони, прикажувани од 1987 до 1994 година. Исто така екипажот на Enterprise 1701-D беше дел и од новите долгометражни Star Trek филмови како Generations, First Contact, Insurrection и Nemesis, како и голем број на компјутерски игри. Авантурите на TNG завршија со филмот Star Trek: Nemesis од 2002 година, и продуцентите не најавуваат нови филмови со Jean-Luc Picard и неговиот екипаж, но никгаш не се знае, нели?

TNG за мене ќе остане како најдобра, а битно е да се спомне дека го отвори патот на новите серијали како Star Trek: Deep Space 9, Star Trek: Voyager и послениот, Star Trek: Enterprise.

Види линк: Технички информации за UUS Enterprise NCC-1701-D
Види линк: Locutus of Borg
Види линк: Капетан Jean-Luc Picard

 
автор: Бојан Николов @ 8/06/2005 01:13:00 PM | 5 коментар(и)
Иако е рано да се каже, задоволен сум како досега функционира Mak Trek. Едноставно универзумот на Star Trek е толку опширен што тешко дека ќе ми снема теми и инспирација. Значи, Mak Trek нема лесно да згасне.

Како што можете да видите, поставив и анкета за најомилен серијал. Резултатите ќе ги објавам на крајот од месецот, и нормално тогаш ќе поставам и нова анкета.

Во меѓувреме мојот e-mail ќе биде отворен за Вашите предлози, критики и прашања. Ако имате било какви прашања во врска со Mak Trek, слободно пратете ги на maktrek@gmail.com . Планирам да направам наскоро и Mak Trek F.A.Q. :-)
 
автор: Бојан Николов @ 8/06/2005 01:07:00 AM | 0 коментар(и)
Friday, August 05, 2005

Џин Роденбери е творецот на Star Trek. Роден е на 19-ти август 1921 година, во Ел Пасо, Тексас. Детството го поминал во Лос Анџелес. Во младоста, тој има учествувано во Втората Светска војна како воен пилот. За време на војната тој пишува стории и поеми кои биле објавувани во реномирани весници како што е New York Times. Исто така бил дел и од полицијата во Лос Анџелес од 1949 до 1956 година.

Работи на сценарија за некои серии, и конечно во 1966, неговата најуспешна серија, Star Trek почнува да редовно да се емитува. Исто така се јавува и како продуцент на неколку од долгометражните филмови. Но, и како консултант за серијалите кои настанаа од неговиот оргинален Star Trek. Неговото име, нормално може да го сретнете во било која епизода на Star Trek од било кој од 5 серијали, како и анимираната серија.

Во 1986 година, добива и своја ѕвезда во Холивуд, и е првиот сценарист/продуцент кој добил своја ѕвезда на Патеката на славните.

Следната година почнува да се прикажува Star Trek: The Next Generation, која за 7 години прикажувања има добиено многу Emmy награди.

Roddenberry е исто така добитник и на Jack Benny Memorial Award, награда за животно дело.

Роденбери почина на 24.10.1991, оставајќи ја зад себе својата сопруга Majel Barret, добро позната на фановите на Star Trek: TOS, бидејќи ја толкуваше улогата на медицинската сестра Chapel. Исто така остави и три деца, 1 син и две ќерки од неговиот претходен брак.

Тој остави зад себе и нешто што долго ќе се памети. Нешто што направи револуција во светот на телевизијата и филмот. Нешто што ќе продолжи да асимилира фанови низ целиот свет. Џин Роденбери ни го остави Star Trek култот, кој живее и ќе продолжи да живее...

 
автор: Бојан Николов @ 8/05/2005 12:21:00 AM | 2 коментар(и)
Thursday, August 04, 2005
Во 2007 треба да излезе и новиот Star Trek долгометражен филм, единаесети по ред. Многу фанови би сакале да видат долгометражен филм со екипажот од Star Trek: Deep Space Nine серијалот. Целта на петицијата е да се покаже на Paramount Pictures што е тоа што фановите би сакале да го видат. А тоа е DS9 долгометражен филм или нови епизоди од овој серијал. Имено, според гласините Paramount планира да сними Star Trek филм, со приказна сместена во 2010 и со сосема нова актерска екипа, односно нов брод и нов екипаж. Многу фанови, вклучувајќи ме и мене, се против оваа апсурдна идеја. Лично би сакал да видам филм со екипажот на капетан Jonathan Archer, но и DS9 со капетан Benjamin Sisko, затоа и мојот потпис се наоѓа на сајтот со петицијата.

Поддржете ја оваа интернет петиција и гласајте за DS9 филм или нови епизоди! Кликнете тука и гласајте!
 
автор: Бојан Николов @ 8/04/2005 03:41:00 AM | 2 коментар(и)

Во 1978 година, девет години откако е емитувана последната епизода од оргиналната серија, Paramount планира да ја продолжи мисијата на Enterprise и капетанот Kirk. Серијата била именувана Star Trek: Phase II. Биле напишани 12 сценарија за новите 12 епизоди кои требало да ја сочинуваат првата сезона на Phase II.

Целата актерска екипа од Star Trek: TOS радо ја прифатила понудата, освен Leonard Nimoy актерот кој го глумеше ликот на Mr.Spock. Но, тој проблем бил решен со додавање на нови актери, односно нови членови на посадата на Enterprise.

Кога веќе се било спремно за снимање, продуцентите одлучуваат да ја укинат серијата и да снимат долгометражен филм со истите ликови. Сценариото за првата епизода од Phase II, “In Thy Image” е адаптирано за првиот долгометражен филм, Star Trek: The Motion Picture. За филмот се враќа и Leonard Nimoy, во улога на Spock. Карактерите кои исто така требало да се најдат во Phase II, се во филмот. Станува збор за Decker и Ilia, како и командантот Сонак.

Две сценарија наменети за Phase II ("The Child" и "Devil's Due") се искористени во Star Trek: The Next Generation серијата од 1987 година.

 
автор: Бојан Николов @ 8/04/2005 12:10:00 AM | 0 коментар(и)
Wednesday, August 03, 2005
Оргиналната Star Trek, создадена од Gene Roddenberry, започнува со пилот-епизодата "The Cage" во далечната 1964 година. "The Cage" ги следи патувањата на U.S.S. Enterprise на чело со капетанот Christopher Pike (Jeffrey Hunter). Оваа епизода била одбиена од NBC, и не е прикажана, но се наоѓа на интернет. Две годни подоцна, се прави обид за уште една пилот епизода "Where No Man Has Gone Before", овој пат успешна. Екипажот на Enterprise е сосема сменет, капетан е James T. Kirk (William Shatner). Од екипажот кој што се појавува во "The Cage", останува само вулканецот Mr.Spock (Leonard Nimoy).

Конечно Enterprise тргнува на својата 5 годишна мисија, каде што никој не бил до сега. За жал, серијата доживеа само 3 сезони (1966-1969), но подоцна се снимени и неколку филмови со екипажот од Star Trek: TOS. Оваа серија е една од највлијателните СФ серии било кога направни, собирајќи милиони фанови низ светот и градејќи го феноменот наречен Star Trek.

Добитник на неколку награди, многу номинации за најдобра серија, најдобри актери, специјални ефекти... Прикажувана во многу земји, на многу телевизии и нормално DVD изданија. 1 не-емитувана епизода, 79 епизоди од по еден час, 1 дводелна епизода и 6 долгометражни филмови, дури и анимирана серија базирана на оргиналната серија каде што гласовите ги позајмуваат актерите од серијата.

Актерската екипа, омилена на многу фанови во светот е следнава:
William Shatner како капетанот James T. Kirk
Leonard Nimoy како Mr. Spock
Deforest Kelly како Dr. Leonard "Bones" McCoy
James Doohan како Montgomery "Scotty Scott
Walter Koening како Pavel Chekov
George Takei како Hikaru Sulu
Nichelle Nichols како Uhura
...исто така мора да се споменат и Majel Barrett како медицинската сестра Christine Chapel и Grace Lee Whitney како Janice Rand.

Серијата успеа да издржи 3 години, со писмата и поддршката на фановите, иако NBC неколку пати се обиделе да ја прекинат. Конечно, тоа им успева после третата, по многумина најдобра, сезона.
 
автор: Бојан Николов @ 8/03/2005 02:17:00 PM | 1 коментар(и)
На 20.07 оваа година, почина еден од најзабавните, најхаризматичните, најбитните членови на екипажот на Ентерпрајз. Почина актерот James Doohan, на многумина познат како актерот што го глумеше Montgomery "Scotty" Scott во оргиналните Star Trek серии и филмови со екипажот на капетанот James T. Kirk (William Shatner). Еве ја и неговата кратка биографија:

Doohan е роден на 03.03.1920 во Ванкувер. Детството и младоста ја поминал во Онтарио, Канада. На 19 години се приклучува во армијата на Канада и е учесник во Втората светска војна, заради што добива капетански чин. Повреден е неколку пати во војната, дури и го губи средниот прст на раката.

Во 1966 година оди на аудиција за серијата Star Trek. Продуцентите пред се биле воодушевени од неговата способност за зборување на различни акценти, и конечно добива улога како (тогаш неименуван) инжинер на бродот Enterprise. Подоцна, Roddenbery (креаторот на Star Trek) заедно со Doohan, го смислуваат името за неговиот карактер, Montgomery Scott, или едноставно Scotty.

Неговото последно појавување во Star Trek, беше во долгометражниот филм Star Trek: Generations (1994) како и во истоимената игра од 1997 година.

James Doohan исто така е одговорен за Клингонскиот јазик кој се користи во серијата и долгометражните филмови. Тој ја има поставено основата за Клингонскиот јазик, кој подоцна е модифициран од други луѓе кои работеле на серијата и филмовите.

Интересно е да се напомене дека Doohan е единствениот актер од оргиналната Star Trek серија кој не го позајмуваше својот глас во цртаната серија Futurama, туку беше заменуван од други актери.

Во август 2004, добива и своја ѕвезда во Холивуд.

Doohan, почина на 85 годишна возраст од Алцхајмерова болест, точно една година откако му била поставена дијагнозата. Засекогаш ќе остане запамтен како Scotty, еден од најдобрите карактери кои некогаш се појавиле во Star Trek.

Нека му е вечна слава!
 
автор: Бојан Николов @ 8/03/2005 03:01:00 AM | 0 коментар(и)

Captain's log, stardate -318586.49

Од денес започнува и првиот македонски блог посветен на најлегендарната сага на сите времиња, Star Trek. На овој блог ќе може да читате се што е поврзано со оваа серија, со филмовите, со актерите, итн. Тука ќе можете да прочитате за расите, планетите, бродовите, ликовите од серијата...накратко кажано, се она што е во и околу Star Trek феноменот, кој опстојува веќе 40 години.

Live long and prosper.
 
автор: Бојан Николов @ 8/03/2005 01:40:00 AM | 0 коментар(и)