Friday, August 12, 2005
Вулканската анатомија значително се разликува од човечката. На пример, срцето им се наоѓа онаму каде нормално би се наоѓал човечкиот црн дроб, и чука неколку стотина пати во една минута. Вулканската крв е базирана на бакар и кога е оксигенирана во артериите е зелена или со боја на 'рѓа кога е деоксигенирана во вените. Вулканскиот слух е исклучително чувствителен. Бидејќи еволуирале на планета која во најголем дел е пустина, Вулканците развиле начини за преживување во пустински услови. На пример, тие можат да преживеат неколку денови без вода и имаат внатрешни капаци кои ги заштитуваат очите. Вулканските жени поседуваат нагласено сетило за мирис. Имаат супериорен метаболизам во однос на луѓето, а физички се во просек трикратно посилни од луѓето и се забележително побрзи. Ова делумно се должи на поголемата гравитација на Вулкан во однос на Земјата.


Веројатно најинтересниот дел од Вулканската физиологија е мозокот. Неокортексот е составен од повеќе слоеви кои вршат директна свесна контрола на повеќето телесни функции, што значи Вулканците поседуваат способност за контрола на автономните функции, која им овозмоува да управуваат со своето тело едноставно со помош на волја. При повреда Вулканец може да влезе во состојба слична на транс, користејќи ја способноста да ја концентрира сета своја енергија за самирање на повредата. Тие исто така развиле техника наречена невропресура која може да се користи за опуштање на умот и телото. Супстанцијата trellium-D дејствува како невротоксин за Вулканците, уништувајќи ги синаптичките патишта за контрола на емоциите.

Кога Вулканците ќе доживеат интензивна емоционална траума, може да се изведе ритуал познат како fullara, за враќање на нарушената рамнотежа. Втор елемент за емоционалната контрола е kolinar, односно ритуалот за прочистување на секакви емоции. Тие се спроведуваат од искусни постари свештеници.

Секако, најславниот аспект на Вулканскиот мозок е вродената телепатска способност, преку допир, за која сепак е потребен значителен тренинг. Посилните умови се способни за телепатија без допир, на кратки растојанија и од ограничен вид. Со ригорозен ментален тренинг овие индивидуи можат да развијат способности како што се емотивна присила и психичка проекција на слики. Вулканците се единствената раса која постигнала пренос на синаптички шаблони, или трансфер на индивидуална свесност од едно во друго тело.

Од прилика секои седум години, возрасните мажи мораат да поминат низ pon farr, Вулканскиот период за парење. Тој се состои од интензивни емоционални и инстинктивни нагони (познат и како plak tow, или "крвна треска") која може да го убие мажот доколку остане сексуално незадоволен. Постојат два методи за потиснување на pon farr, првиот е медитација за контрола на нагоните преку ментална дисциплина, а вториот е ритуална борба до смрт, со силен противник. Временскиот период за pon farr кај жените не е јасно одреден. Независно, и мажите и жените Вулканци можат да стапуваат во сексуални односи и надвор од pon farr. Притоа, понекогаш се формира еден вид на парапсихичка врска меѓу партнерите.

Вулканците живеат во просек околу 250 години. Вулканецот помлад од еден век се смета за млад. Некои Вулканци, особено оние со силна ментална дисциплина и соодветен тренинг, можат на некој начин да станат бесмртни, преку имплантирање на нивната katra (душата, духот) во некој предмет или друга личност, непосредно пред смртта.

Види линк: Вулкански fal-tor-pan ритуал
 
автор: Dr. Philem0n @ 8/12/2005 10:25:00 AM |


9 Comments:


At 2:50 PM, August 12, 2005, Blogger Nuanda

Odlicen blog.

Pozdrav

 

At 2:35 AM, August 16, 2005, Anonymous Гижо

тоа у врска со парењето, нели истото му се деси на Тувок од Војаџер, и на крај на серијата си остана повлечен од останатиот свет, комуницирајќи само со капетанката

 

At 3:18 PM, May 29, 2006, Anonymous ivan

Kako so znam krvta na Vulkancite i e so Cu bakar namesto so Fe Zelezo, ne znam dali ste slusnale deka i na zemjata go ima toa kaj oktopodite. E sega kako so moze da vidam od seriite vulcancite se so pogolema fizicka kondicija od lugeto, potesko se zamoruvat, no toa kaj oktopodite ne e taka tie pobrzo se zamoruvat, poradi toa so Cu ima pomal kapacitet za prenos na O2 do kletkite. pa spored toa vulcancite treba da se poslabi od lugeto. za poveke sila treba poveke energija a i O2. ne znam dali creatorite ovaa greska ja zabelezale

 

At 3:33 PM, May 29, 2006, Anonymous ivan

znae li nekoj od vas strana za ucenje na vulkanski

 

At 3:40 PM, May 29, 2006, Anonymous ivan

e use nesto dali nekoj od vas znae nesto za vulcan neuro pressure
strana tekst itn.

 

At 7:25 PM, May 31, 2006, Anonymous Milan Tasevski

http://www.starbase-10.de/vld/

Еве англиско-вулкански речник.

www.memory-alpha.org
Тука мислам дека има се што е поврзано со Стар Трек

 

At 11:26 AM, June 14, 2006, Anonymous ivan

fala za recniko najgolem recnik dosega so sum go videl

 

At 12:20 PM, June 14, 2006, Anonymous ivan

ako nekoj saka da uce vulkanski poarno da ne uce ke zaglave nogu
niti e standardiziran kako klingonski tuku nesto kako vlaski
eden vaka go uce drug na drug nacin
edni go ucat vulcan golic drugi moderen vulcanski

 

At 5:49 PM, December 10, 2008, Blogger Veljance

Inaku vo Startrek Enterprise T'Pol zarazena od nekoj patogen isto gi oseka simptomite za parenje, sto znaci deka istoto e za majite i jenite