Monday, August 08, 2005
Од сите раси кои се застапени во универзумот на Star Trek, оваа ми се допаѓа најмногу. Добро, не најмногу, но е една од моите омилени.

Припадниците на Borg колективот се всушност мешани хуманоидни раси, со кибернетски имплантанти кои ја зголемуваат нивната психо-физичка моќ. Интересно е тоа што целата раса има колективен ум и нема посебни индивидуи освен Кралицата (The Borg Queen). Кралицата е повеќе пати уништувана, но секогаш е заменувана со нова.

Се работи за прилично агресивна раса, со голема моќ која го проширува својот колектив по пат на асимилација на единки од други раси. Единствената храна која ја земаат е енергија која ги напојува нивните механички делови. Исто така имаат и био-чипови кои служат за синтеза на органските материи кои им се потребни.

Постои една интересна теорија за настанувањето на Borg расата. Имено, во Star Trek: The Motion Picture филмот каде што V’ger, вселенското летало “Voyager 6лансирано од NASA во вселената, добива свој ум и бара да се позврзе со креаторот (човекот). На крајот од филмот, V’ger откако ќе ја асимилира Lt.Ilia, се спојува со капетанот Decker. Дали овој спој на машина со човек е всушност настанокот на Borg? Можна теорија, но некои податоци покажуваат дека Borg расата се сретнува пред оваа случка. Исто така постои теорија дека “Voyager 6” бил пресретнат од Borg расата која е одговорна за неговиот понатамошен развој.

Во серијата, можеби најпопуларниот Borg e Seven of Nine (од Star Trek: Voyager серијалот), која успеале да ја спасат од Borg колективот. Исто така го имаат асимилирано и капетанот Jean-Luc Picard, кој го добива името Locutus of Borg, но е исто така подоцна спасен и де-асимилиран.

Познатата реплика на оваа раса е: “We are the Borg. Resistance is futile. You will be assimilated.”


Види линк: Borg Cube

Види линк: Асимилација

 
автор: Бојан Николов @ 8/08/2005 03:29:00 PM |


15 Comments:


At 1:48 AM, August 09, 2005, Anonymous Goldsmith

Пошто веќе ми стана навика да ти мрчам за блогот, еве пак :)

Не, сакав само да спомнам за тие што не знаат дека Борговците беа првпат воведени во TNG како бекап-план за главен негативец... Бидејќи во TOS главни негативци беа Клингонците а во TNG се веќе дел од Федерацијата, прво пробале да ги наместат Ференгите како главни негативци на новата серија, ама пресмешни биле и никој не ги сфаќал сериозно. The rest is history :)

 

At 6:40 PM, August 11, 2005, Blogger Пецо

Боргите уствари настанале од Дата, т.е. поради неговото често одење по голема нужда. Еден ден фецесот му станал свесен за себе и откога бил исфрлен надвор во вселената почнал да еволуира и асимилира.

 

At 1:47 AM, August 15, 2005, Anonymous Ристо Самарџиев

Свака чаааааааааааст :D

 

At 12:33 AM, August 20, 2005, Blogger Zlatko Rizovski

Borg rasata mene mi e opsesia kako i na familijata Hensen pa sega cao odam da se regeneriram :)

 

At 9:06 AM, October 14, 2005, Anonymous Ane

Ane: Nemam zborovi,se sluchivte konechno.
Ah, Alice Krige!Borg rasata mi imponira zoshto se vodi po principot zemi go najdobroto od sekoja rasa i vmetni go vo sebe vo borbata kon sopstvenata sovrshenost.
Ako barem malku Makedoncite go primenea Borgovskiot "modus vivendi"!

 

At 5:42 AM, October 29, 2005, Blogger Butik

Ботгите се закон. Да знаеш што сакаш, да одиш кон тоа без никакво двоумење, да земаш без оплакување. Некој ќе рече не е човечки тоа. Па тие не се човеци. Одлични за негативци. Кому му треба индивидуалност кога заедно сме посилни.

 

At 8:23 PM, November 18, 2005, Blogger nrg

Seven of nine
Ja samo bi se nadovrzal na vasata tema, za i okolu borgite!!! Inaku mene licno ne mi se dopagja taa rasa mnogu, a kako najubavo nesto proizlezeno od nivnite pogoni za izrabotka na kibernatizirani humanoidi e sekako SEVEN OF NINE!!!
Inaku pofalbi za vasiov sajt, ekstra e!!!!

 

At 3:09 PM, November 24, 2005, Anonymous Igor

Боргите можно е да се настанати од времето на "StarTrek: The Motion Picture" кога типот се спаја со V'Ger т.е. Voyager и исчезнува. Ова можно е да е почеток на Боргите пола човек пола машина. Можеби...

 

At 3:10 PM, November 24, 2005, Anonymous Igor

Боргите можно е да се настанати од времето на "StarTrek: The Motion Picture" кога типот се спаја со V'Ger т.е. Voyager и исчезнува. Ова можно е да е почеток на Боргите, пола човек пола машина. Можеби...

 

At 2:59 PM, December 15, 2005, Anonymous Legate Duko

So se odnesuva za individualnosta na Kralicata (Borg Queen) taa ima prividna individualnost t.e. taa e kolektivot i kolektivot e kralicata...taa kazuva vo Star Trek:First Contact:"I am one who is many".
Isto taka taa ne e edinstvenata koja imala "individualnost" vo kolektivot,nego na Picard a.k.a Locutus of Borg mu bila dadena istata uloga kako i kralicata...vo ST:TNG epizoda "The Best of Both Worlds" kazuva:"I am Locutus of Borg,ressistance is futile...."
Klucnoto e "I am" a ne "We are".
Ova ne e kritika tuku samo gi dopolnuvam rabotite :)

 

At 1:27 AM, February 06, 2006, Anonymous BoRg

Super idea okolu Borgs samo da gi mase vo Makedonija i ce svrsevme rabota so nekoj problemi inaku sum golem fan i gi imam gledano site serii bas i sega vo momentov odi na tv tuka vo kanada Voyager

 

At 12:13 PM, April 07, 2006, Blogger ALEXANDER VI

Za zal vo momentov vo Makedonia imame "borgi" i se direktna zakana za opstanokot na makedonskata nacija. Mnogu mi licat na borgite spored nivnoto odnesuvanje. Imaat kolektivna svest, edinstveno dejstvuvanje i cvrsta resenost da ne istrebat od vekovnata zemja po sekoja cena - istrebuvanje, asimilacija ili pritisok do iseluvanje. Ni treba resenie pod itno. Vremeto ne e 5 do 12 tuku veke e 12 i odminuva.
P.S.
Da ne zaboravam izgledaat grozno isto kako i borgite.

 

At 8:57 AM, July 18, 2006, Anonymous Anonymous

Site rasi od star trek simboliziraat nesto od nasata istorija. Avtorite se sluzat so veke provereni klisea za da gi opisat razlicnite rasi i vidovi.Feringite se trgovci, kako fenincanite. Klingoncite se borbeni i najcesno za niv e da umrat vo borba, kako vikinzite. Romulancite ja branat svojata imperija kako rimjanite, itn.
Sto mislite, koi se Borgite? Koj ima za cel da gi obedini site, bez da imaat individualnost, samo eden mozok da upravuva? Bez zabava, uzivanje, bezdelnicenje? Samo rabota i regeneriranje?
BORGITE SIMBOLICNO GO PRETSTAVUVAAT KOMUNIZMOT koj se pojavi i za sreka zgasna vo izminatiot vek. Lugeto da nemaat sloboda na misla i govor, da bidat upravuvani kako del od kolektivot, se vo opstestvoto da bide zaednicko i vo istovremeno nicivo.
FEDERACIJATA E SIMBOLICNO ZAPADNATA DEMOKRATIJA koja se bori za unikatnost na individuata, sloboda na izbor i pocituvanje na covekovite prava. Konfliktot megu Federacijata i Borgot e konfliktot megu zapadniot blok i zeleznata zavesa vo koja na kraj triumfira demokratijata.
Epizodata "Borg" vo koja borgot Hju ke dobie doza na individualnost i ke stane svesen sam za sebe bidejki podolgo vreme ke bide odvoen od kolektivot, prestavuva urivanje na Berlinskiot zid i navleguvanje na demokratijata vo kolektivot na Borgite. I vo Voyager ke se pojavat mnogu Borgi koi dodeka se regeneriraat ke komuniciraat vo zatvoren krug na individualni Borgi, a Maticata ke gi unisti kako da se Virus vo kolektivot.
Vo TNG Hju ke stane lider na grupa Borgi koi osatanale izgubeni nadvor od kolektivot (pojava na pluralizam vo Borgovskiot kolektiv). Tie se tranziciski borgi, dodeka Maticata ke bide unistena zaedno so Portalot od D-kvadrantot i srusena od vlast.
I da znaete, "Resistance IS NOT futile!"

 

At 4:57 PM, June 03, 2007, Blogger Fiko

Star Trek..... The Borg.....

Ги обожава и растев со нив!

Незнам зошто блогов замре, мисла дека треба да продолжите со работач со објава на интересни линкови, со торенти за симнување нан серии и сл

 

At 4:10 PM, June 29, 2007, Blogger IVANMK_sk

Top e blogov ali treba da stavite novi informacii i slicno