Wednesday, August 03, 2005
На 20.07 оваа година, почина еден од најзабавните, најхаризматичните, најбитните членови на екипажот на Ентерпрајз. Почина актерот James Doohan, на многумина познат како актерот што го глумеше Montgomery "Scotty" Scott во оргиналните Star Trek серии и филмови со екипажот на капетанот James T. Kirk (William Shatner). Еве ја и неговата кратка биографија:

Doohan е роден на 03.03.1920 во Ванкувер. Детството и младоста ја поминал во Онтарио, Канада. На 19 години се приклучува во армијата на Канада и е учесник во Втората светска војна, заради што добива капетански чин. Повреден е неколку пати во војната, дури и го губи средниот прст на раката.

Во 1966 година оди на аудиција за серијата Star Trek. Продуцентите пред се биле воодушевени од неговата способност за зборување на различни акценти, и конечно добива улога како (тогаш неименуван) инжинер на бродот Enterprise. Подоцна, Roddenbery (креаторот на Star Trek) заедно со Doohan, го смислуваат името за неговиот карактер, Montgomery Scott, или едноставно Scotty.

Неговото последно појавување во Star Trek, беше во долгометражниот филм Star Trek: Generations (1994) како и во истоимената игра од 1997 година.

James Doohan исто така е одговорен за Клингонскиот јазик кој се користи во серијата и долгометражните филмови. Тој ја има поставено основата за Клингонскиот јазик, кој подоцна е модифициран од други луѓе кои работеле на серијата и филмовите.

Интересно е да се напомене дека Doohan е единствениот актер од оргиналната Star Trek серија кој не го позајмуваше својот глас во цртаната серија Futurama, туку беше заменуван од други актери.

Во август 2004, добива и своја ѕвезда во Холивуд.

Doohan, почина на 85 годишна возраст од Алцхајмерова болест, точно една година откако му била поставена дијагнозата. Засекогаш ќе остане запамтен како Scotty, еден од најдобрите карактери кои некогаш се појавиле во Star Trek.

Нека му е вечна слава!
 
автор: Бојан Николов @ 8/03/2005 03:01:00 AM |


0 Comments: