Friday, August 05, 2005

Џин Роденбери е творецот на Star Trek. Роден е на 19-ти август 1921 година, во Ел Пасо, Тексас. Детството го поминал во Лос Анџелес. Во младоста, тој има учествувано во Втората Светска војна како воен пилот. За време на војната тој пишува стории и поеми кои биле објавувани во реномирани весници како што е New York Times. Исто така бил дел и од полицијата во Лос Анџелес од 1949 до 1956 година.

Работи на сценарија за некои серии, и конечно во 1966, неговата најуспешна серија, Star Trek почнува да редовно да се емитува. Исто така се јавува и како продуцент на неколку од долгометражните филмови. Но, и како консултант за серијалите кои настанаа од неговиот оргинален Star Trek. Неговото име, нормално може да го сретнете во било која епизода на Star Trek од било кој од 5 серијали, како и анимираната серија.

Во 1986 година, добива и своја ѕвезда во Холивуд, и е првиот сценарист/продуцент кој добил своја ѕвезда на Патеката на славните.

Следната година почнува да се прикажува Star Trek: The Next Generation, која за 7 години прикажувања има добиено многу Emmy награди.

Roddenberry е исто така добитник и на Jack Benny Memorial Award, награда за животно дело.

Роденбери почина на 24.10.1991, оставајќи ја зад себе својата сопруга Majel Barret, добро позната на фановите на Star Trek: TOS, бидејќи ја толкуваше улогата на медицинската сестра Chapel. Исто така остави и три деца, 1 син и две ќерки од неговиот претходен брак.

Тој остави зад себе и нешто што долго ќе се памети. Нешто што направи револуција во светот на телевизијата и филмот. Нешто што ќе продолжи да асимилира фанови низ целиот свет. Џин Роденбери ни го остави Star Trek култот, кој живее и ќе продолжи да живее...

 
автор: Бојан Николов @ 8/05/2005 12:21:00 AM |


2 Comments:


At 3:02 AM, August 05, 2005, Anonymous Goldsmith

Инаку, тие што не ја памтат Majel Barret како Chapel ја памтат како Lwaxana Troi (мајката на Deanna Troi од TNG) или како гласот на компјутерот од TNG, DS9 и Voyager. A тешко некој да ја памти како првиот офицер нa бродот во првата пилот епизода од TOS :)

 

At 12:49 AM, October 10, 2005, Anonymous Anonymous

Многу ми се допаѓа блогов, само имам една голема замерка во врска со правописот. Зошто имињата и другите зборови не ги пишувате како што се изговараат, туку на англиски и со латиница. Оригиналот може да оди во заграда. Вака, ако воведувате правило дека мора тие зборови што се на англиски да се пишуваат на англиски, тогаш имињата и зборовите што се на клингонски и вулкански треба да стојат со нивната азбука, во оригинал, и никако поинаку. ;-)