Saturday, August 06, 2005
"Space... The final frontier... These are the voyages of the Starship Enterprise. Its continuing mission: To explore strange new worlds... To seek out new life; new civilisations... To boldly go where no one has gone before!"

Во 1987 година следуваше продолжение на оргиналната Star Trek серија, исто така продуцирано од Gene Roddenberry. Дејствието во TNG е сместено неколку децении по авантурите на каптанот James T. Kirk. Овде се работи за сосема нов екипаж, на чело со капетанот Jean-Luc Picard кој командува со U.S.S. Enterprise 1701-D.

Star Trek: TNG донесе многу нови нешта во Star Trek. Нови раси, нови технологии и се останато.. Благодарејќи на развојот на филмската технологија, ефектите, далеку подобро изведено од Star Trek: TOS. Тука за првпат се појавуваат и нови раси како Borg, Cardassian, Fererngi, а во екипажот на Enterprise 1710-D се најдоа и еден Клингонец, Lt.Worf, андроидот Data и бетазоидот Deanna Troi. Исто така TNG ја презентираше и вонземската супер-раса, Q, која ја обележа серијата.

Ова е можеби и најдобриот серијал од целата Star Trek сага, кој регрутираше многу нови фанови низ целиот свет. Овој серијал всушност мене инфицираше со Star Trek феноменот, уште пред многу години и до ден денес ми е најомилен од сите Star Trek серијали. TNG се состои од вкупно 7 сезони, прикажувани од 1987 до 1994 година. Исто така екипажот на Enterprise 1701-D беше дел и од новите долгометражни Star Trek филмови како Generations, First Contact, Insurrection и Nemesis, како и голем број на компјутерски игри. Авантурите на TNG завршија со филмот Star Trek: Nemesis од 2002 година, и продуцентите не најавуваат нови филмови со Jean-Luc Picard и неговиот екипаж, но никгаш не се знае, нели?

TNG за мене ќе остане како најдобра, а битно е да се спомне дека го отвори патот на новите серијали како Star Trek: Deep Space 9, Star Trek: Voyager и послениот, Star Trek: Enterprise.

Види линк: Технички информации за UUS Enterprise NCC-1701-D
Види линк: Locutus of Borg
Види линк: Капетан Jean-Luc Picard

 
автор: Бојан Николов @ 8/06/2005 01:13:00 PM |


5 Comments:


At 2:54 AM, August 07, 2005, Anonymous Goldsmith

Ltd. Worf? Limited Worf?

Абе Бобо, до кога ќе те учам...

 

At 2:52 AM, October 20, 2005, Blogger Butik

Дефинитивно најдобриот серијал на сите времиња. Не би можел навистина да одвојам некоја сезона од TNG која би ми била најомилена. Има толку многу заплети, дејствие и во баш секоја епизода има скриена порака, а доколку се гледа неколку пати многу лесно се открива. Не би спомнувал одредени епизоди кои ми оставија впечаток поради тоа што би ми одзело многу време да ги издвојам, а и постов би бил енормно долг :)

 

At 9:10 PM, March 30, 2006, Blogger kipperfrog

http://kipperfrog.blogspot.com

Have a look at my blog! Its got Star Trek stuff on it! =)

 

At 7:10 PM, December 08, 2007, Anonymous Anonymous

Moze li nekoj da mi kaze kako se vikaat tie igri so Picard potocno. Star Trek Bridge Commander?
Fala odnapred za odgovorot.