Wednesday, August 17, 2005
Го памети ли некој вториот дел од епизодата "Descent" од The Next Generation, поточно тоа дека, во отсуство на повисоките офицери на Enterprise, Beverly Crusher доаѓа на капетанското место? Со овој чекор продуцентите сакале да видат како публиката би реагирала на жена-капетан, во подготовка за новата серија - Star Trek: Voyager.

Оваа серија го опишува враќањето дома на USS Voyager NCC-74656, под команда на Kathryn Janeway, кој во првата епизода останува заглавен во Делта квадрантот, на другиот крај од галаксијата. Почнувајќи со 75 години непознат пат пред нив, без никаков контакт со Федерацијата или пак било кој друг во Алфа квадрантот, приморани да го спојат екипажот со нивните довчерашни непријатели... Не ќе да е лесен пат.

Тоа по што Voyager се разликува од претходните ST серии, е составот на екипажот. Поранешен затвореник (Tom Paris), полу-Клингонка која ги нокаутира тие што не се согласуваат со неа (B'Elanna Torres), холографски лекар дизајниран само за краткотрајна употреба, малку понатаму во серијата и Борг (Seven Of Nine), и во краен случај психопатски убиец (Lon Suder)... Не се баш типот на луѓе што би очекувале да ги видите на некој Enterprise. Сепак, како што поминува времето повеќето од нив успеваат да ги надминат своите маани, и учат да соработуваат заедно за побрзо да стигнат дома. Доказ е тоа што во текот на нивното патување успеваат, како прво, да преживеат, потоа да воспостават контакт со огромен број нови раси, да го изведат првиот лет на брзина WARP 10, да почнат движење за правата на холограмите, да спречат граѓанска војна на Q (и да ги поттикнат
да се размножуваат) да го склучат првиот (краткотраен) сојуз со Боргите, да помогнат во внатрешното движење за отпор кај нив, и да спречат инвазија врз Земјата од страна на раса каква што не си ни замислуваат дека може да постои во Алфа квадрантот.

Како и нејзиниот претходник, Deep Space Nine, дали поради презаситеност, дали поради сомнителниот квалитет на некои од епизодите, Voyager не успеа да ги достигне високите рејтинзи на TNG, па затоа беше повеќепати соочена со откажување. Со враќањето на Боргите во четвртата сезона, продуцентите решаваат да го раскинат договорот со Jennifer Lien (Kes), и да ја земат Jeri Ryan (Seven Of Nine), со што успеваат да направат Voyager да трае колку TNG и DS9.

Друга работа по која оваа серија е позната на фановите е честото појавување на бројот 47, што се должи на тоа што професорот по математика на еден од продуцентите докажал на шега дека сите броеви се еднакви на 47. Така, од почеток до крај на серијата тие што ќе се потрудат ќе ги забележат 47ците секаде каде што има потреба од некој случаен број (само не претерувајте, бидејќи ако сте како мене ќе почнат да ви се гледаат и 47ки во вистинскиот живот).

За крај ќе ве оставам со препорака за најдобра епизода: "Year Of Hell". Ако мора да гледате само една епизода од Star Trek: Voyager, нека биде првиот дел од "Year Of Hell". А ако сакате да го видите целосно искористен комедискиот потенцијал на серијата, гледајте ја "Message In A Bottle".

Види линк: Kathryn Janeway
 
автор: З. Андоновски @ 8/17/2005 01:22:00 AM |


17 Comments:


At 10:08 PM, August 26, 2005, Blogger Karakash

This comment has been removed by a blog administrator.

 

At 10:11 PM, August 26, 2005, Blogger Karakash

Мене Voyager ми е многу боооољи од ДС9, посебно првите две сезони, по кои дејството почнува да се разводнува, за со убацувањето на 7 of 9 пак да стане интересно, но не ради причата, него Јеrry Ryаn. Имав прилика да ја изгледам и 1-та сезона од СТ:Еnterprise, кој беше освежување у однос на претходните СТ, но приказната е таа, дури и попроста, па не ме чуди што годинава ја укинаа

 

At 3:17 PM, October 08, 2005, Anonymous tanja

Cestito za ovaa web-stranica!!!

 

At 6:23 PM, October 14, 2005, Anonymous Никола

И јас сум голем вљубеник ви ѕвездени патеки и мене лично овој серијал ми беше најубав од сите. Можеби поради фактот што ова беше вистинска авантура. оддалечени во делчта квадрантот и го бараа патот до дома, за разлика од ТНГ во која бараа аномалии и решаваа дипломатски спорови.

 

At 3:24 AM, October 20, 2005, Blogger Butik

Одлична приказна за моќта на Федерацијата. Како едно мало ботче одалечено 70,000 светлосни години од дома успева да издржи и покрај фактот дека ќе му требаат (во најдобар случај) 75 години да се врати. Сосема поразлично од DS9 и повеќе се приближува до TNG по принципите и моралните норми на Федерацијата и нивато зачувување во најтешки околкноси (The Void, мислам дека така се викаше една од епизодите).
Доаѓањето на Jerry Ryan отсекогаш било поврзано со многу шпекулации, како например морало да внесат екстра женска за да ја спаси серијата. Не знам што е точно. Само знам дека 7 од 9 заедно со Кес би биле одлична кобинација. Кога би можел еден Талаксијанец да прифати да оди накај Земјата и да се одалечува се повеќе од тоа што за него е дом, зашто тоа не би можела и една Окампа која во нејзе има со генерации потиснати способности. Доаѓањето на Борг во нивниот екипаж во секој случај го направи серијалот нешто уникатно. До вчера непобедливиот непријател, сега открива безброј слаби точки.
Исто така не би именувал сезони и епизоди само би дал подршка на Бобо за Year of hell и се разбира за Scorpion :)

 

At 5:37 PM, November 08, 2005, Anonymous shtrafkoto bitola

samo edna rabota i ke ve ostavam so zdravje dajte malce isporeagirajte tamu kaj ovie nasi urednici kaj privatnite televizii (posebno kaj kanal 5 )ko se mazi da prenosvaat sport na kilo neka prenesuvaat i tng seriite aj ve molam cao cao

 

At 6:30 PM, November 21, 2005, Blogger Damjan

Voyager bese prvata Star Trek serija sto sum ja gledal i ottogas sum fanatik za ST. No otkako gi izgledav site drugi serijali Voyager mi se cinese kako gola voda.So isklucok na Year of Hell koja ja imam gledano 10 pati.Inaku ako mozete stvarno reagirajte kaj nekoja od ovie nasive televizii da pustat nesto od Star Trek.Znam deka Sitel ima 2-3 sezoni ako od nisto drugo barem od Voyager.

 

At 11:34 PM, November 21, 2005, Anonymous Anonymous

И јас сум за тоа на сајтов да направиме петиција до некоја од телевизииве за да пуштат нешто од Star Trek.

 

At 1:29 AM, February 24, 2006, Blogger goran

JA OBOZAVAM SERIJAVA NEEEKOOOJJJ NEKA MI JA DADEEEEE POLUDEN SUM PO STAR TREK A POGOTOVO PO SERIJAVA IMAM CEL SERIJAL OD TNG NA DVD OD ORGINALI SO MNOGU EXTARS NO BI SAKAL DA GI IMAM I FILMOVITE (GO IMAM NEMESIS)NO I VOYAGER JAVETESE AKO IMATE NA 070267651 VO NORMALNO VREME ILI PRATETE SMS INAKU SUM OD SKOPJE I SE NADEVAM DEKA TV TELMA KJE IMAAT DOBLEST I VIZIJA I KJE DADAT USHTE NEKOJA SERIJA OD STAR TREK MOZE I VOYAGER IAKO GI DAVASHE KANAL 5 NO NIKOGASH PO RED OD PRVA SEZONA .INAKU SE ZAGROZIV PORANO USHTE NA VREMETO KOGA GI DAVASHE A1 TNG NA VREMETO

 

At 1:37 AM, February 24, 2006, Blogger goran

JA SAKAM SERIJAVAAA JAVETE SEEEE

 

At 12:17 AM, April 15, 2006, Anonymous Милан

Voyager e закон! Ги симнав речиси сите од ХРТ кога ги даваа ама на ВХС. Сега сум во фаза кога ги префрлам на ДВД. После Горан те контактирам да мењаме “сликици“. Поздрав!

 

At 6:01 AM, May 04, 2006, Anonymous goran

yeaaa za star trek. mislam deka kje sredime rabota no najdov chovek koj shto gi simnuva od internet pa kje vidime i so nego .i uste edna rabota se nadevam deka vo 2008 kje go vidime i 11 prodolzenie od filmovite

 

At 3:04 AM, June 01, 2006, Anonymous Anonymous

ги имам сите серијали од стар трек почнувајќи од TOS кој сака да му ги продадам нека пише;)

 

At 4:45 PM, June 04, 2006, Anonymous Anonymous

Abe jas ke gi kupam site serijali od star trek.Samo kazete koj gi ima ima toj so gi ima neka pise na stalinbt@gmail.com pa da se dogovorime

Pozdrav

 

At 8:07 PM, August 29, 2006, Anonymous Anonymous

Dali ja imate poglednato kritikata za Voyager od strana na star trek fanovite vo SAD? Poglednete ja, ke ve zainteresira forumot na koj ednoglasno lugevo velat deka voyager e najlosa star trek prikazna i e katastrofa, bez originalni idei i site likovi se uzas. Osven doktorot, za koj velat deka treba da ima sopstvena serija. 7 od 9 e dovedena vo emisijata zaradi golemite gradi i ne znae da glumi duri ni toa sto sekoj moze - nemanje emocii, a e zamena za DATA, od next generations. Potoa zena kapetan - nisto protiv, no Janeway nikogas ne ja prekrsuva primarnata direktiva? Od koga toa? Jean Luk Picard mnogu pati ja prekrsi za da gi spasi svoite luge...pa kontaktot so Borgite - tie im pomagaat? I taka natamu, procitajte i kazete sto mislite.
mene licno mi se dopaga, mada mislam deka premnogu pati im go zavzemaa brodot...

 

At 10:19 AM, October 30, 2008, Blogger Simonovski

"Voyager" прво, па сите останати после. Серијалот е најдобар. Убедливо најлош - DS9.

 

At 12:08 PM, October 30, 2008, Blogger Бојан Николов

Мене TOS ми се пред VOY. :)