Sunday, August 14, 2005
Збор-два за 'колегите' од сите досегашни Star Trek серијали:

Chief Medical Officer на Enterprise NX-01 е Др. Флокс, кој стапува на оваа долност преку Interspecies Medical Exchange. Срдечен и непосреден, со одлични манири, одмерена смисла за хумор и непоправлив оптимизам. По потекло е од Denobula, што му дава уникатна предност за силен имунолошки систем и таква физиологија на спиењето што му се потребни само 6 дена сон во тек на една година. Куриозитет за него е дека Денобуланците не сакаат физички допир и каков било тактилен контакт, така што станува очигледно колку тој ги надминал сопствените културни (цивилизациски) инхибиции. Неговата амбуланта е преполна со разновидни животни од безброј светови, кои ги користи на различни начини, како додаток на конвенционалната медицинска опрема. Го глуми актерот John Billingsley. Омилена негова реплика ми е: 'Пациентот има мал проблем, кој порано се сметал за неизлечив, рак на бели дробови'.

Адмиралот во пензија Леонард МекКој е лекар на оригиналниот Ентерпрајз. Актерот што го глуми, DeForest Kelley, е починат пред неколку години. Попознат е под прекарот 'Bones', кој му го дава капетанот James T. Kirk. Неговиот однос е речиси секогаш полн со цинизам, тежнее да влегува во најразлични дебати, особено со Спок, но под тоа се крие изворна емпатија и сочувство со неговите пациенти. Како и уште неколкумина други ликови од Стар Трек, тој нема доверба во транспортерот и претпочита патување со шатл. Како негов најголем дострел во медицината се смета развојот на специјална процедура за трансплантација на нерви преку создавање на аксонски патишта меѓу трансплантатот и базалните ганглии на субјектот. Омилена ситуација со него ми е онаа кога во 'Voyage Home' ќе и даде лек против хронична бубрежна инсуфициенција на една бабичка во ходник од болница од 20-тиот век, жестоко напаѓајќи ја хемодијализата како терапевтска метода 'од инквизициски тип'.

Dr. Beverly Crusher е една од докторките во сериите The Next Generation, ја глуми Gates McFadden. Заедно со неа на бродот Ентерпрајз Д е нејзиниот син, Wesley Crusher. Таа е врвен научник во областа на хемоимунологија, заслужна е за откривање на третманот против вирусот Циолковски. Нејзината употреба на фејзерите од бродот како скалпел во сложен царски рез за породување на еден необичен вонземјанин се смета како ингениозно решение и е поместено во аналите на галактичката медицина. Освен тоа, како помлада, под менторство на нејзината баба, научила се за народната медицина и употребата на билни и минерални лекови директно од природата. Загубата на нејзиниот сопруг, Lt. Cmdr. Jack Crusher, се смета како најголема траума во нејзиниот живот, но без оглед на тоа, таа секогаш задржува одредена свежина и смисла за хумор. Со текот на времето, таа постепено се навикнува на идејата за Emergency Medical Hologram како помошник во нејзината амбуланта.

Уште еден член од екипажот на Ентерпрајз во Новата Генерација е Dr. Katherine Pulaski (Diana Muldaur). Таа доаѓа на бродот како едногодишна, привремена замена за Dr. Crusher. Остра и тврдоглава, вештата и посветена докторка, исто како 'Bones', не љуби да се телепортира, а освен тоа, на почетокот покажува своевиден отпор да го прифати Дата како свесно суштество. Хронично неспособна за долга врска, таа се мажела и разведувала дури три пати. Особено талентирана за покер, заинтересирана за литература, вклучувајќи ја овде и Клингонската. Еден од нејзините рани трудови, 'Линеарни Модели за Вирусна Пропагација' се уште се користи како златен стандард во таа област. Од другите нејзини позначајни успеси се смета успешното поврзување на вештачко око со регенериран оптички нерв, со што конечно го решава вроденото слепилото на Geordi La Forge. Се смета за врвен кардиохирург и биомолекуларен физиолог.

Bashir, Julian, M.D., односно актерот Alexander Siddig е Chief Medical Officer на DS9. Самоуверен и до извесен степен несериозен, понекогаш влева недоверба во своите пациенти. Но, тоа не значи дека тој не е способен како лекар. Токму спротивното. Добитник е на признанието Carrington, најмлад таков во историјата, поради исклучителни и револуционерни заслуги во био-молекуларната репликација. Во итни случаи е смирен, сталожен и дејствува решително. Неговите научни достигнувања и дел од неговиот карактер е поместен во Emergency Medical Hologram-от. Секако, сето ова делумно се должи на фактот што Dr. Bashir е генетски модифициран, со забрзување на синаптичкиот трансфер, што го прави физички и интелектуално супериорен во однос на целиот екипаж од DS9.

Конечно, 'Докторот', односно Emergency Medical Hologram-от на Voyager (Robert Picardo) е холограмски лик, развиен од страна на програмерите во Starfleet. Замислен е како привремена замена, во случај докторот и медицинскиот персонал да бидат спречени или оневозможени да дејствуваат. Кога Voyager останува заглавен во Делта Квадрантот, 'Докторот' е принуден целосно да ги замени и да дејствува самостојно. Секако, во тоа му помагаат Парис и Кес. Првобитната реченица со која се активира холограмот е "Please state the nature of the medical emergency" но поради фактот дека 'Докторот' речиси воопшто не се исклучува како програм, со текот на времето тој развива сложена личност и покажува завиден степен на креативност и индивидуалност. Неговиот опсег на дејство значително се зголемува со холо-емитерот од 29-иот век, со чија помош може да излегува и надвор од неговата амбуланта.
 
автор: Dr. Philem0n @ 8/14/2005 02:22:00 PM |


11 Comments:


At 3:42 AM, August 15, 2005, Anonymous Гижо

The Doctor ми е најомилен :)

 

At 12:37 PM, August 15, 2005, Anonymous Anonymous

понатаму името ми е Joe :)

 

At 3:07 PM, August 15, 2005, Blogger Nuanda

Минатиот пат немав време за поголем коментар, но сега имам. Значи блогов е одличен добредојде во клубот. Јас сум фан на Стар Трек, но моите знаења се далеку од твоите. Ми недостасуваат ужасно и планирам да ги набавам ДВД епизодите од Next Generation.

Сакам да ми разјасниш една работа. Сигурно се сеќаваш на ликот WHO - (мислам дека не го згрешив името) одвреме навреме се појавуваше во серијалот и иако не беше непријателски расположен сепак имаше нешто чудно во него. Дај објасни нешто, кој вид тој претставува од каде имаше толкава моќ, зошто ги малтретираше на Ентерпрајз и слично...
Поздрав и тханкс однапред

 

At 4:31 PM, August 15, 2005, Blogger moonwatcher

Поздрав! Одличен блог, секоја чест продолжете така. Да не беше Нуанда немаше да знам за вас. Јас не сум фан на Старт Трек туку фанатик :).
Нуанда: ликот за којшто зборуваш се вика Кју (Q). Оставам на дечките од блогот да ти објаснат повеќе...

 

At 4:57 PM, August 15, 2005, Blogger Пецо

Поздрав до блогерите и едно прашање. Дали и во која епизода се случило Дата да добие експлозивна дијареа?

 

At 7:49 PM, August 15, 2005, Blogger Бобо Николов

Планирана е статија за Q, очекувајте ја наскоро. :)Таму се ќе биде убаво објаснето. :)

 

At 12:14 PM, August 16, 2005, Anonymous Anonymous

мммм
тоа би било интересно.
Баш ме интересира шо че напишите за него.
Keep up the good work

 

At 11:42 PM, August 19, 2005, Anonymous Zlatko Rizovski

Ako nekoj pamti neka mi kaze kako se vikase drugotoime na krojacot :) Garak vo DS9

inaku omileni likovi mi se Garak, Odo i Anika Hensen 7/9 un-mx 0.

Zlatko. R Valandovo

 

At 10:41 AM, October 18, 2005, Anonymous dr. anyska

Dr. Crusher rules! :)
Inace jas slucajno naletav na ovaa stranica, i mislam deka vese krajno vreme bese da se napravi vakvo nesto - star trek web na makedonski... prekrasno!

 

At 6:14 PM, November 21, 2005, Anonymous Damjan

Ludje vie ste carevi.Krajno vreme bese nesto vakvo da se napravi.Pozdrav.
P.S. Za Zlatko Rizovski celoto ime na Garak e Elim Garak

 

At 5:42 AM, May 20, 2006, Anonymous Anonymous

Thought your blog was great. Would love your opinion on my site erotic hypnosis.