Sunday, August 14, 2005

“Trekkies” е повеќе од одличен документарец за фановите на Star Trek. Кога го гледав, од почетокот до крајот на филмов, бев со подотворена уста. Водич низ “Trekkies” е Denise Crosby, на фановите добро позната како Lt. Tasha Yar, од Star Trek: The Next Generation.

Навистина немам зборови да го искажам она што го видов на документарецов...Од интервјуа со актерската екипа, аукции, интервјуа со фановите, снимки од Star Trek конвенции до човекот кој правел пластична операција за да има Вулкански уши. Покрај него, има уште еден куп забегани фанови. Најголем впечаток ми остави стоматолошката ординација каде што целиот персонал носеше Starfleet униформи и целата ординација беше базирана на Star Trek. Насекаде слики, картонски фигури, бродови...дури и компјутерите им беа необични.

Потоа, типот што имаше направено иста таква инвалидска количка каква што имаше Captain Pike во “The Menagerie” епизодите од оргиналната серија. Количката на типов беше потполно функционална, се управуваше рачно (типот ја возеше низ град!) и нормално, го имаше истото светло преку кое Pike комуницираше (едно светнување за да, две за не, бидејќи беше тотален инвалид и тоа му беше единствениот начин за комуникација.).

Беа интересни и групата Клингонци кои постојано се шетале облечени како такви и со целосна шминка (рапави чела, бради!). Кога сме веќе кај Клингонците, имаше и аукција за продажба на маската/челото кое Lt.Worf го носеше во Star Trek: TNG. И нормално, сите се наддаваа, почетната цена ако добро памтам беше некои 500 долари. На крајот останаа да се наддаваат еден тип и уште еден маскиран како Клингонец. Клингонецов на крајот даде над 10 илјади долари за маската на Lt.Worf!

Од најлудите фанови ќе ја издвојам и таа жената која беше убедена дека е Starfleet офицер. Секаде се шета во униформа и фул-опрема (фејзер, трикодер и сл.) и раскажува за нејзиниот брод. Што е најинтересно, беше вработена во некоја фирма, и имаше интервју и со нејзиниот претпоставен кој ја прифатил како таква. Морам да го спомнам и типот кој си го променил името во James T. Kirk и нормално типот што изгледаше премногу како William Shatner.

Од актерите, во “Trekkies” беа скоро целата актерска екипа од Star Trek: TOS, па Brent Spiner, Michael Dorn, Jonathan Frakes, Kate Mulgrew, LeVar Burton…и уште некои. Недостигаше Patrick Stewart и екипата од Star Trek: DS9. А, и Jeri Ryan.

Тоа би било од мене за “Trekkies”, за повеќе, го препорачувам на сите Star Trek фанови. Ова е нешто што мора да се види. Особено конвенциите и што се има таму. Наскоро ќе го набавам и вториот дел, па, очекувајте рецензија!

 
автор: Бојан Николов @ 8/14/2005 01:25:00 AM |


0 Comments: