Saturday, August 20, 2005
Според фиктивната историја на Star Trek универзумот, во средината на 21-виот век, Zephram Cochrane, заедно со неговиот легендарен инженерски тим, успеваат теоретски да го постулираат основниот механизам за continuum distortion propulsion (CDP). Нивниот труд овозможува подготвување на збир од сложени равенки, формули и оперативни постапки кои ја опишуваат суштината на натсветлосниот погон. Теоријата на овој погон е дека просторот пред вселенскиот брод се 'растегнува', при што истиот се 'згуснува' долж оската на бродот, а се раширува зад него. Значи, бродот на некој начин 'сурфа' на овој бран, но всушност истиот е носен од страна на бранот, при што го заобиколува конвенционалниот релативитет. Со други зборови, не постои релативистичко зголемување на масата на бродот, ниту пак ефектот на временска дилатација, бидејќи во суштина бродот мирува во однос на локалниот простор кој го опкружува. Сумарниот ефект од ова е одржување на претходно недостижната брзина на светлината, со избегнување на теоретски бесконечната потрошувачка на енергија.

Клучот на создавањето на последователните не-Њутновски методи, т.е. пропулзија која не зависи од акција-реакција, претставува создавањето на 'гнездо' или 'балон' од повеќе слоеви на warp поле, од кои секој слој со одредена енергија се потпира на следниот по ред, од внатре кон надвор. Кумулативниот ефект на применетата сила го носи бродот напред во вид на асиметрична перисталтичка манипулација со полето (APFM). Намотките кои го создаваат ваквото warp поле во носачите на бродот се празнат во секвенцијален алгоритам, од напред спрема назад. Фреквенцијата на празнење го одредува бројот на слоеви во полето, при што поголем број на слоеви се потребни за поголеми warp фактори.

Горивото потребно за создавање на оваа каскадна серија од warp полиња се добива преку анихилација, односно реакција помеѓу материја и антиматерија, при што ослободената енергија поминува низ кристалот од дилитиум, кој создава плазма (посебна агрегатна состојба на материјата), и конечно таа го создава полето по пат на електромагнетна индукција. Сево ова е во рамките на традиционалната физика, заобиколувајќи ги ограничувањата на Општиот и Специјалниот Релативитет.

Густината на полето за секој нареден warp фактор расте во геометриска прогресија и претставува функција од вкупните индивидуални вредности на слоевите од полето. Но, вистинските вредности на warp факторот зависат и од меѓуѕвездените услови, односно густината на гасот, присуството на електрични и магнетни полиња во различни делови од Млечниот Пат, и флуктуациите на под-просторот. Вселенските бродови редовно патуваат со загуби поради квантно триење и неефикасност во осцилацијата на енергијата.

Општо се зема дека warp 1 е брзина на светлината, а повисоките фактори растат експоненцијално, при што warp 10 е максимумот. Терминот 'transwarp' означува напредна форма на warp погон која ја користат Боргите, но исто така и предмет на неуспешниот експеримент на Ѕвездената Флота во ST III: The Search for Spock. Исто како што создавањето на warp поле околу вселенски брод е неопходно за постигнување на warp брзината, без употреба на бесконечни количества енергија, така transwarp полето е неопходно за постигнување на брзини многу поголеми од брзината на светлината. Боргите имаат откриено аномалии наречени 'transwarp канали (ST: The Next Generation "Descent" и ST: Voyager "Endgame") — области на под-просторот кои олеснуваат transwarp патување. Вештачките канали се поврзани со transwarp разделници. Познати се шест од нив, но една е уништена во ST: Voyager: "Endgame".
 
автор: Dr. Philem0n @ 8/20/2005 09:04:00 PM |


5 Comments:


At 12:32 AM, August 22, 2005, Blogger З. Андоновски

Инаку, Miguel Alcubierre го има дигнато поголемиот дел од оваа идеа и предложено како реална теорија во 1994, која за сега изгледа возможна. Само што човештвото сеуште нема начин да создаде толку силна енергија за да испроба некој вистинско патување со WARP брзина :)

 

At 2:11 PM, September 02, 2005, Anonymous Алек

Повеќе за ворп погонот на
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=291

 

At 9:11 PM, May 31, 2006, Blogger Jean Luc Picard

vorp pogonot teoretski e vozmozen no e potrebna ogromna energija za toa koja bi se dobila od materija antimaterija reakcija no proizvodstvoto na antimaterija e mnogu skapo za. Proizvodstvo na dovolno antimaterija za edna 100W sijalica da sveti edna minuta bi kostalo kolku bruto domasniot proizvod na SAD.

 

At 3:18 PM, June 29, 2006, Anonymous Angel

Еј мене многу ме интересира warp теоријата и се што е поврзано со тоа, па ако може некои други линкови или нешто слично...
Поздрав

 

At 1:15 PM, October 20, 2006, Anonymous Anonymous

DOKOLKU NA ZEMJANTA NEKOE VOZILO (PR.AVION) SE DVIZI SO MNOGU GOLEMA BRZINA LICNOSTA (PILOTOT) KOJA E VO VOZILOTO CUSTVUVA ZNACITELNO ZGOLEMENA GRAVITACIJA (G FORCE) KOJA STO DELUVA NEGATIVNO. DALI ISTITE USLOVI SE JAVUVAAT I VO FSELENATA I DOKOLKU SE JAVUVAAT NA KOJ NACIN MOZE DA SE KOMPENZIRA ZA ISTITE...