Friday, September 30, 2005
Викендов завршува моменталната анкета на МакТрек, и се припрема нова. Во моментов, сеуште не е решено за што ќе биде новата анкета, така што сите предлози се добредојдени. Вашите предлози слободно можете да ги праќате на МакТрек и-мејлот, maktrek@gmail.com , или пак, тука.

Значи, остана уште многу малку време за гласање. :)

Што се однесува до нови статии на МакТрек, има неколку во подготовка, и ќе бидат објавени во октомври.
 
автор: Бојан Николов @ 9/30/2005 02:57:00 PM | 0 коментар(и)
Sunday, September 25, 2005

Сигурно го знаете македонското списание Ла Нова? Ми се најдоа два броја, во кои некој решил да напише (читај: преведе од интернет) нешто за Star Trek. Статиите се преполни со ужасни грешки, кои не ме оставија рамнодушен. Едноставно, морам да ги искритикувам. Не за друго, туку бидејќи на читателите им се сервираат погрешни информации. Иронично, но списанието се рекламира како Ла Нова...знае се!

Да почеме од статијата објавена во Ла Нова бр.19 на втори септември 2005. Името гласи “Како се родија Ѕвездени Патеки?”, и покрај историјата, има и кратки содржини на филмовите. Во старт да ги поправам, првиот серијал не се вика Star Trek: Enterprise, туку е едноставно наречен Star Trek. Додека, Enterprise е последниот серијал.

Следната информација”, за Star Trek: The Final Frontier, сервирана од сезнајното списание Ла Нова, оди вака: “...Бродот е киднапиран од братот на Спок (негов клон), а Кирк и посадата тргнуваат да го вратат.” Клон? На Sybok или на Spock? Sybok не му беше ниту брат, ниту клон на Spock. Туку полубрат.

Одиме понатаму. Star Trek: The First Contact, Ла Нова вели: “Екипажот на Ентерпрајз, се бори со Боргите, но бродот е сосема уништен, екипажот загинува, а Земјата е асимилирана од Боргите. Пикард открива дека оваа решавачка битка може да се спречи доколку екипажот се врати во 21 век и го пронајде Зефран Коркејн, пронаоѓачот на ворп-машината, кој во тоа време е обичен пијаница и нема врска со технологија”. - Кога го прочитав ова, едвај останав жив од преголемото смеење. Зефран Коркејн? Ајде да прогледаме низ прсти за името, можеби е печатна грешка. Но, обичен пијаница кој нема врска со технологија? Дали авторот на текстот објавен во Ла Нова го гледал Star Trek: First Contact?! А, да не збориме за останатото напишано за истиот филм.

Уште една грешка, овојпат за Star Trek: Nemesis. Напишано е следново: “Во овој филм, во битка, загинува Дата, но го заменува неговиот клон Б-4 конструиран пред Дата од докторот Сунг...”. Како може да е B-4 клон на Data, ако е направен пред него?

И конечно доаѓаме до најголемата грешка, во статијата објавена во Ла Нова бр. 21, на 16-ти септември 2005. Статијата е за Патрик Стјуард, кој го играше Jean-Luc Picard во Star Trek: The Next Generation. Одиме со извадок од Ла Нова: “На малиот екран Патрик Стјуард го изгради ликот на капетанот Жан Лук Пикард во серискиот филм Ѕвездени Патеки: Наредната генерација и успешно ја повтори таа улога во осум играни филма”. ОСУМ ИГРАНИ ФИЛМА!? Кога снимиле осум филмови со Picard?! Исто така, подолу во истата статија, пишува дека сеуште се снимаат сериите, што значи дека преведувано е од стар интернет сајт. :)

Толку. Ќе ги прочитам написите во Ла Нова уште еднаш, случајно да не ми се слизнало нешто. Сигурен сум дека некој од Ла Нова ќе се појави со коментар, и да бидам искрен, едвај чекам да го слушнам нивното оправдување. :)

 
автор: Бојан Николов @ 9/25/2005 11:16:00 PM | 8 коментар(и)
Thursday, September 22, 2005
Пред некое време го изгледав и вториот дел од Star Trek документарецот "Trekkies", но за жал, немав време да го рецензирам тука, на МакТрек.

Значи, исто како во првиот дел, Denise Crosby повторно шета по конвенции, посетува Star Trek фанови...Но, овојпат не само во САД. Во "Trekkies 2" е се опфатени Германија, Англија, Италија, исто така и Сиднеј, Австралија па дури и Србија, односно Белград и Нови Сад. Нормално, има снимки и од САД и Канада.

Како и во првиот дел, и тука имаше "забегани" фанови. Како на пример Англичанецот што целиот свој стан го имаше направено како ентериерот на Enterprise-D. Интересно беше што во вториов дел имаше некои од луѓето кои се појавија во првиот, како на пример жената која што мислеше дека е Starfleet офицер, па младичот што во првиот дел се фалеше со својата Star Trek колекција на играчки, работеше 3D дизајн и пишуваше сценарио. Е, истиот тој во вториот дел е веќе женет, и работел и работи на специјални ефекти во серии како "Star Trek: Enterprise", "Battlestar Galactica"...Дури е дел од екипата за специјални ефекти во The Day After Tommorrow филмот! Од актерите кои глумат во Star Trek серијалите, меѓу другите, можете да ги видите и оние од Star Trek: Enterprise.

"Trekkies 2" има и интервјуа со екипи кои работат на аматерски Star Trek серијали, па се до бендови базирани на Star Trek. Од клингонски death metal па се до панк. Впечаток ми оставија текстовите на истите бендови, на кои ќе се угушев од смеење. :) Исто така, мора да ја видите и "Ромео и Јулија" драмата, во Star Trek изведба. Лудило! Сум се смеел до солзи. :)

Кон крајот на филмот ги има и фановите од Белград и Нови Сад, и првата конвенција одржана на тие простори. Интересно.

Тоа би било во кратки црти и за "Trekkies 2". Задолжителен материјал за Star Trek фанови!

Види линк: Рецензија: "Trekkies" (1997)
 
автор: Бојан Николов @ 9/22/2005 07:58:00 PM | 0 коментар(и)
Thursday, September 15, 2005
Третата Star Trek серија, со наслов Star Trek: Deep Space Nine почна со емитување во 1992 година, течејќи паралелно со TNG. Новоста во DS9 беше што ова беше првата Star Trek серија во која немаше Enterprise. Не само тоа, немаше вселенски брод. Имаше само една обична вселенска станица во близина на Bajor. Барем, беше обична на почетокот, се додека во првата епизода не пристигнува Benjamin Sisko како федерациски управник на станицата, заедно со Jadzia Dax ја откриваат црвјата дупка што води до Гама квадрантот, правејќи ја нивната станица една од поважните стратешки локации на федерациската територија.

DS9 го имаше најразновидниот "екипаж" од било која ST серија. Сите што ја изгледале серијата од почеток до крај ќе се согласат дека Sisko е најнеобичниот капетан досега (ако не и воопшто човек). Од сите во станицата најдобро го познаваат неговиот син Jake, и Jadzia, млада Trillка кога во себе го носи повеќе векови стариот Dax (поради што Sisko и се обраќа со "Old Man"). Шефот на обезбедување е припадник на (отпрвин) непозната раса која може да си ја менува формата. Има и Ференги, Quark, сопственик на барот во станицата. И ако му текнува на некој на епизодниот лик од TNG, Chief O'Brien? И тој е тука. Подоцна им се придружува и Worf. А и докторот Bashir си има свои тајни. И еден цел куп други споредни ликови кои се толку важни што дури и понекогаш имате чувство дека не е фер што ги нема меѓу главните ликови, на најавната шпица.

На нашиве простори, Deep Space Nine нема многу обожаватели. Тоа е најверојатно поради фактот што додека другите серии беа повеќе пати репрезирани на домашните телевизии, а Enterprise ја фати ерата на кабловската телевизија и ADSLот, од DS9 видовме само некои од првите епизоди, кои беа прилично досадни. Всушност, DS9 навистина почнува кога почнува и војната на Федерацијата со сојузот на раси од Гама квадрантот кој се нарекува Dominion. Секоја епизода почнува да има последици во следната, се е поврзано, има ликови колку во шпанска серија (за среќа нема нагло менување на сцени кај најважното), огромни вселенски борби... И се разбира, еден од најдобрите негативци во Star Trek: Weyoun.

Иако публиката тешко го прифаќа новиот формат и рејтинзите упорно паѓаат, критичарите, а сигурно и тие што имале трпение да ја следат серијата и да ги пополнуваат дупките од испуштените епизоди (една од последиците на имање цврст континуитет меѓу било кои епизоди е дека не може човек да почне да гледа од било која епизода по било кој редослед и да сфати што се случува), се согласуваат дека ова е одлична серија. Сепак, популарноста на DS9 секогаш била и ќе биде чекор зад другите Star Trek серии, што е штета, бидејќи е многу поквалитетна од Voyager. Но, Seven of Nine си е Seven of Nine...

Види линк: Deep Space Nine петиција
Види линк: капетан Benjamin Sisko
 
автор: З. Андоновски @ 9/15/2005 01:18:00 AM | 16 коментар(и)
Tuesday, September 06, 2005
Picard е еден од најпознатите Starfleet капетани. Најпознат е по командувањето на бродовите Enterprise-D и Enterprise-E. Тој е роден во Франција, на 13-ти Јули, 2305 година. Тој двапати се обидел да се запише на Starfleet Академијата, притоа што првиот пат не му бил успешен, но е сепак примен во 2323 година. Дипломирал 2327 година.

Мора да се спомне дека непосредно по неговото дипломирање, имал несреќна случка, односно бил прободен во срцето од страна на Nausicaan-ец. Срцето му било заменето со ново, и тој бил спасен.

Неговиот посериозен ангажман бил на бродот USS Stargazer каде што служел цели 22 години. Дури во 2364 е назначен за капетан на Enterprise-D, кој го комаднува 7 години, носејќи го низ многу интересни мисии, голем број значајни за Федерацијата. Enterprise-D е всушност и првиот брод кој преживеал при средба со Борг, притоа информирајќи ја Starfleet за постоењето на таа раса. Во една таква средба, во 2366 година, Picard е асимилиран, и познат како Locutus of Borg. Прогласен е и за мртов од страна на Адмиралот Hanson. Но, Picard е подоцна спасен од екипажот на неговиот брод, и деасимилиран.

Во 2371, Enterprise-D е уништен од страна на Клингонски Bird-of-Prey брод. Целиот екипаж, подоцна се сели на Enterprise-E. Неколку години подоцна, во 2379 година, направен е клон на Picard од страна на Ромуланската влада, со цел да го заменат Picard со нивниот клон-шпиун, Shinzon.

Picard, во неговата кариера, имал први контакти со вонземски раси, и тоа 27 раси кои дотогаш не биле познати на Федерацијата. Иако му било предложено унапредување во Адмирал, тој го одбива за да остане во служба на Enterprise.

Види линк: Star Trek: The Next Generation

 
автор: Бојан Николов @ 9/06/2005 02:42:00 PM | 4 коментар(и)
Saturday, September 03, 2005
Денес Мак Трек слави еден месец од неговото постоење. Сметам дека овој месец помина мошне добро. Добивме голема поддршка од многу читатели, и дојдовме до заклучок дека публика за Star Trek, во Македонија - има. Но, наместо Star Trek, на нашите телевизии сме принудени да гледаме сапунски серии, и тоа дури по 2-3 на една телевизија. Или ефтини и досадни филмови, кои се откупени само колку да пополнат програма.

Многу ме израдува тоа што еден наш читател напиша солидна статија за науката во Star Trek, и побара да ја објавиме на Мак Трек. Бидејќи статијата беше преголема, се договоривме да ставиме линк каде што ќе ја симнете неговата статија.

Што се однесува до Мак Трек тимот, вредно се работи на новите статии кои наскоро ќе ги објавиме. Веќе знаете дека може да ни пишувате за она што сакате да го прочитате тука. Мејлот е истиот, maktrek@gmail.com

Поздрав до сите што не читаа до сега, се надевам дека ќе продолжите да не читате и понатаму. За крај, линкот до статијата на Југослав:

Југослав Зинговски - Науката во Star Trek.zip
 
автор: Бојан Николов @ 9/03/2005 07:40:00 PM | 5 коментар(и)
Friday, September 02, 2005
Ѕвездените датуми се унифициран футуристички календарски систем, користен од страна на Федерацијата со цел да им овозможи на планетите и базите кои се оддалечени меѓу себе многу светлосни години, како и на бродовите кои патуваат со натсветлосни брзини, да одржуваат врска со стандардизираното време и покрај локалните и непредвидени промени во брзината со која истото поминува. Системот на ѕвездено датирање е воведен некаде помеѓу 2161 и 2265 година. Овој систем се прилагодува за поместувања во релативното време кои се случуваат поради брзината на бродот и способноста за warp движење. Ѕвездените дати кои се внесуваат во логови, на пример, мораат да се пресметаат во однос на брзината на бродот, warp факторот, и положбата во Млечниот Пат, со цел да имаат смисла кога ќе се читаат отпосле. Тие се пресметуваат преку комплицирана серија од формули кои го земаат во предвид релативистичкиот ефект на временска дилатација, универзалното ширење на Вселената и ефектот кој гравитацијата го има врз времето и просторот. Токму поради тоа, системот за ѕвездено датирање мора да се апдејтува за да ги вклучи ширењето на просторот и некои други природни ефекти. Ѕвездените бродови го прават ова преку контактирање со најблискиот 'time beacon' на Ѕвездената Флота и ги прилагодуваат нивните внатрешни хронометри.

Заинтересираните за повеќе детали може да ги посетат следниве линкови:

http://www.solace.mh.se/~el302/startrek/star_trek_chronology.html
http://www.pjfarmer.com/woldnewton/Trek.pdf
http://starchive.cs.umanitoba.ca/?stardates/
 
автор: Dr. Philem0n @ 9/02/2005 11:59:00 AM | 2 коментар(и)