Sunday, September 25, 2005

Сигурно го знаете македонското списание Ла Нова? Ми се најдоа два броја, во кои некој решил да напише (читај: преведе од интернет) нешто за Star Trek. Статиите се преполни со ужасни грешки, кои не ме оставија рамнодушен. Едноставно, морам да ги искритикувам. Не за друго, туку бидејќи на читателите им се сервираат погрешни информации. Иронично, но списанието се рекламира како Ла Нова...знае се!

Да почеме од статијата објавена во Ла Нова бр.19 на втори септември 2005. Името гласи “Како се родија Ѕвездени Патеки?”, и покрај историјата, има и кратки содржини на филмовите. Во старт да ги поправам, првиот серијал не се вика Star Trek: Enterprise, туку е едноставно наречен Star Trek. Додека, Enterprise е последниот серијал.

Следната информација”, за Star Trek: The Final Frontier, сервирана од сезнајното списание Ла Нова, оди вака: “...Бродот е киднапиран од братот на Спок (негов клон), а Кирк и посадата тргнуваат да го вратат.” Клон? На Sybok или на Spock? Sybok не му беше ниту брат, ниту клон на Spock. Туку полубрат.

Одиме понатаму. Star Trek: The First Contact, Ла Нова вели: “Екипажот на Ентерпрајз, се бори со Боргите, но бродот е сосема уништен, екипажот загинува, а Земјата е асимилирана од Боргите. Пикард открива дека оваа решавачка битка може да се спречи доколку екипажот се врати во 21 век и го пронајде Зефран Коркејн, пронаоѓачот на ворп-машината, кој во тоа време е обичен пијаница и нема врска со технологија”. - Кога го прочитав ова, едвај останав жив од преголемото смеење. Зефран Коркејн? Ајде да прогледаме низ прсти за името, можеби е печатна грешка. Но, обичен пијаница кој нема врска со технологија? Дали авторот на текстот објавен во Ла Нова го гледал Star Trek: First Contact?! А, да не збориме за останатото напишано за истиот филм.

Уште една грешка, овојпат за Star Trek: Nemesis. Напишано е следново: “Во овој филм, во битка, загинува Дата, но го заменува неговиот клон Б-4 конструиран пред Дата од докторот Сунг...”. Како може да е B-4 клон на Data, ако е направен пред него?

И конечно доаѓаме до најголемата грешка, во статијата објавена во Ла Нова бр. 21, на 16-ти септември 2005. Статијата е за Патрик Стјуард, кој го играше Jean-Luc Picard во Star Trek: The Next Generation. Одиме со извадок од Ла Нова: “На малиот екран Патрик Стјуард го изгради ликот на капетанот Жан Лук Пикард во серискиот филм Ѕвездени Патеки: Наредната генерација и успешно ја повтори таа улога во осум играни филма”. ОСУМ ИГРАНИ ФИЛМА!? Кога снимиле осум филмови со Picard?! Исто така, подолу во истата статија, пишува дека сеуште се снимаат сериите, што значи дека преведувано е од стар интернет сајт. :)

Толку. Ќе ги прочитам написите во Ла Нова уште еднаш, случајно да не ми се слизнало нешто. Сигурен сум дека некој од Ла Нова ќе се појави со коментар, и да бидам искрен, едвај чекам да го слушнам нивното оправдување. :)

 
автор: Бојан Николов @ 9/25/2005 11:16:00 PM |


8 Comments:


At 3:45 PM, September 26, 2005, Blogger Karakash

Оправдување? Па како може некој да има оправдување што е глуп ко балван. Вакви случаи, колега по блог, има едно чудо низ сите наши списанија, весници итд., затоа више не ги ни купуем...

 

At 11:02 PM, September 27, 2005, Anonymous Zlatko HoRoR

Potpolno se soglasuvam so komentarot na Karakash, ima sekakvi gluposti po spisanijata. A ti Bobo pazi da ne vreba nekoj po tvoite statii.

 

At 2:55 AM, September 28, 2005, Blogger З. Андоновски

Не знае се пишува одделно :-)

 

At 1:38 AM, September 29, 2005, Anonymous диме бургија

Тоше Проевски (во некоја емисија): Да, ги обожавам звездените патеки, па јас пораснав со капетанот Јода...

 

At 3:04 PM, September 29, 2005, Blogger Бобо Николов

Искрено, ова со Тоше воопшто не ме изненади. :)

 

At 11:03 PM, October 06, 2005, Blogger Legolas

Prvo i najvazno, ne postojat borgovi ! Covece kako se iznerviruvam koga ke procitam takvo nesto. Postoi samo BORG, eden. Kreaturite koi go sostavuvaat borgot se isto taka BORG !
i neka site Star Trek fanovi go pocituvaat toa

 

At 8:42 AM, October 12, 2005, Anonymous Anonymous

La Nova odgovara: Zabelesskite za gresskite vi se apsolutno tocni. Opravduvawe: ednostavno - nedovolno informiranje. No, ccovek ucci dodeka e ziv, a sajtot vi e poln so interesni informacii i zalam sto ne sme go otkrile porano. Mislam deka e odliccno i ressenieto iminjata da se pissuvaat vo original.
Sajtot vi e prekrasen, pregleden i ne e tezzok za prebaruvanje. Usste ednas, blagodarime za zamerkite, a sledniot pat podobro kke se informirame. Pozdrav!