Saturday, September 03, 2005
Денес Мак Трек слави еден месец од неговото постоење. Сметам дека овој месец помина мошне добро. Добивме голема поддршка од многу читатели, и дојдовме до заклучок дека публика за Star Trek, во Македонија - има. Но, наместо Star Trek, на нашите телевизии сме принудени да гледаме сапунски серии, и тоа дури по 2-3 на една телевизија. Или ефтини и досадни филмови, кои се откупени само колку да пополнат програма.

Многу ме израдува тоа што еден наш читател напиша солидна статија за науката во Star Trek, и побара да ја објавиме на Мак Трек. Бидејќи статијата беше преголема, се договоривме да ставиме линк каде што ќе ја симнете неговата статија.

Што се однесува до Мак Трек тимот, вредно се работи на новите статии кои наскоро ќе ги објавиме. Веќе знаете дека може да ни пишувате за она што сакате да го прочитате тука. Мејлот е истиот, maktrek@gmail.com

Поздрав до сите што не читаа до сега, се надевам дека ќе продолжите да не читате и понатаму. За крај, линкот до статијата на Југослав:

Југослав Зинговски - Науката во Star Trek.zip
 
автор: Бојан Николов @ 9/03/2005 07:40:00 PM |


5 Comments:


At 1:11 PM, September 04, 2005, Anonymous Anonymous

Линкот не чини

 

At 3:53 PM, September 04, 2005, Blogger Бобо Николов

Работи, бе како не работи. Еве сега само што пробав. Супер си работи. Ај пак пробај...

 

At 12:06 PM, September 05, 2005, Blogger Пецо

Линкот не работи. Пријавува hotlinking.

 

At 2:32 PM, September 05, 2005, Blogger Бобо Николов

Хм, вчера работеше бе да му ебам мајката. Ништо тогаш, ќе средиме деновиве. Типот што ја напиша статијата ми го даде линкот, ќе го натерам да го аплоудува на друго место.

 

At 2:14 PM, September 08, 2005, Blogger Бобо Николов

Океј, сега дефинитвно работи линкот до статијата. Проверете. ;)