
Третата Star Trek серија, со наслов Star Trek: Deep Space Nine почна со емитување во 1992 година, течејќи паралелно со TNG. Новоста во DS9 беше што ова беше првата Star Trek серија во која немаше Enterprise. Не само тоа, немаше вселенски брод. Имаше само една обична вселенска станица во близина на Bajor. Барем, беше обична на почетокот, се додека во првата епизода не пристигнува Benjamin Sisko како федерациски управник на станицата, заедно со Jadzia Dax ја откриваат црвјата дупка што води до Гама квадрантот, правејќи ја нивната станица една од поважните стратешки локации на федерациската територија.

DS9 го имаше најразновидниот "екипаж" од било која ST серија. Сите што ја изгледале серијата од почеток до крај ќе се согласат дека Sisko е најнеобичниот капетан досега (ако не и воопшто човек). Од сите во станицата најдобро го познаваат неговиот син Jake, и Jadzia, млада Trillка кога во себе го носи повеќе векови стариот Dax (поради што Sisko и се обраќа со "Old Man"). Шефот на обезбедување е припадник на (отпрвин) непозната раса која може да си ја менува формата. Има и Ференги, Quark, сопственик на барот во станицата. И ако му текнува на некој на епизодниот лик од TNG, Chief O'Brien? И тој е тука. Подоцна им се придружува и Worf. А и докторот Bashir си има свои тајни. И еден цел куп други споредни ликови кои се толку важни што дури и понекогаш имате чувство дека не е фер што ги нема меѓу главните ликови, на најавната шпица.
На нашиве простори, Deep Space Nine нема многу обожаватели. Тоа е најверојатно поради

фактот што додека другите серии беа повеќе пати репрезирани на домашните телевизии, а Enterprise ја фати ерата на кабловската телевизија и ADSLот, од DS9 видовме само некои од првите епизоди, кои беа прилично досадни. Всушност, DS9 навистина почнува кога почнува и војната на Федерацијата со сојузот на раси од Гама квадрантот кој се нарекува Dominion. Секоја епизода почнува да има последици во следната, се е поврзано, има ликови колку во шпанска серија (за среќа нема нагло менување на сцени кај најважното), огромни вселенски борби... И се разбира, еден од најдобрите негативци во Star Trek: Weyoun.
Иако публиката тешко го прифаќа новиот формат и рејтинзите упорно паѓаат, критичарите, а сигурно и тие што имале трпение да ја следат серијата и да ги пополнуваат дупките од испуштените епизоди (една од последиците на имање цврст континуитет меѓу било кои епизоди е дека не може човек да почне да гледа од било која епизода по било кој редослед и да сфати што се случува), се согласуваат дека ова е одлична серија. Сепак, популарноста на DS9 секогаш била и ќе биде чекор зад другите Star Trek серии, што е штета, бидејќи е многу поквалитетна од Voyager. Но, Seven of Nine си е Seven of Nine...
Види линк:
Deep Space Nine петицијаВиди линк:
капетан Benjamin Sisko