Thursday, September 22, 2005
Пред некое време го изгледав и вториот дел од Star Trek документарецот "Trekkies", но за жал, немав време да го рецензирам тука, на МакТрек.

Значи, исто како во првиот дел, Denise Crosby повторно шета по конвенции, посетува Star Trek фанови...Но, овојпат не само во САД. Во "Trekkies 2" е се опфатени Германија, Англија, Италија, исто така и Сиднеј, Австралија па дури и Србија, односно Белград и Нови Сад. Нормално, има снимки и од САД и Канада.

Како и во првиот дел, и тука имаше "забегани" фанови. Како на пример Англичанецот што целиот свој стан го имаше направено како ентериерот на Enterprise-D. Интересно беше што во вториов дел имаше некои од луѓето кои се појавија во првиот, како на пример жената која што мислеше дека е Starfleet офицер, па младичот што во првиот дел се фалеше со својата Star Trek колекција на играчки, работеше 3D дизајн и пишуваше сценарио. Е, истиот тој во вториот дел е веќе женет, и работел и работи на специјални ефекти во серии како "Star Trek: Enterprise", "Battlestar Galactica"...Дури е дел од екипата за специјални ефекти во The Day After Tommorrow филмот! Од актерите кои глумат во Star Trek серијалите, меѓу другите, можете да ги видите и оние од Star Trek: Enterprise.

"Trekkies 2" има и интервјуа со екипи кои работат на аматерски Star Trek серијали, па се до бендови базирани на Star Trek. Од клингонски death metal па се до панк. Впечаток ми оставија текстовите на истите бендови, на кои ќе се угушев од смеење. :) Исто така, мора да ја видите и "Ромео и Јулија" драмата, во Star Trek изведба. Лудило! Сум се смеел до солзи. :)

Кон крајот на филмот ги има и фановите од Белград и Нови Сад, и првата конвенција одржана на тие простори. Интересно.

Тоа би било во кратки црти и за "Trekkies 2". Задолжителен материјал за Star Trek фанови!

Види линк: Рецензија: "Trekkies" (1997)
 
автор: Бојан Николов @ 9/22/2005 07:58:00 PM |


0 Comments: