Sunday, October 30, 2005
Епизодите за патување низ времето беа многу популарни во првата серија на Star Trek (TOS) заради нивниот забавен карактер. Измеѓу другото, затоа што се издвојуваат од стандардните епизоди во серијата.

Главниот проблем со патувањето низ времето е нарушувањето на временскиот континум. Па понекогаш во серија како што е Star Trek потребно е да се измислат нови начини на патување, но сосема друга работа е правењето на целата сторија во серијата околу патување низ времето. Во овој случај се зборува за последната серија Star Trek Enterprise и неговата улога во така наречениот Temporal Cold War (Временската ладна војна).

Типичниот човечки мозок не е доволно способен да ги предвиди сите можни исходи, причини и последици од употредабата на патувањето низ времето во некоја епизода. Такви типични примери се епизодите на Enterprise Shockwave или E2 во која комерцијалноста на епизодите е ставена пред логиката за докажување на истите, што ги прави лоши епизоди со таква тематика.

За разлика од Star Trek Enterprise и неговата Временска ладна војна (Temporal Cold War), филмот First Contact, патувањето низ времето е ставено заради една точно дефинирана причина, а тоа е да ресетира делот од минатото кој е веќе изманипулиран од Боргите. Таквата употреба на патувањето низ времето е оправдана според многу кои го гледаат Star Trek, доколку она што сакаат да го постигнат не е водено од комерцијалноста туку води во продлабочување на некој друг контекст, кој во конкретниот случај е расата Борг.

Не сме доволно напредна раса да можиме да ја предвидиме последиците што може да ги предизвика патувањето низ времето, дури не знаеме дали е тоа можно. Се досега кажано и се што постои во филмовите кои имаат научно-фантастична тематика и кои се занимаваат со патувањето низ времето е предводено од логика и предпоставка. Имаме подобри и полоши примери кои некако се обидуваат да објаснат примената и начинот на патување низ времето, некои се полоши а некои се подобри. Сега за сега се што можиме да направиме на полето на патувањето низ времето е да даваме предпоставки, бидејќи не делат векови од таква технологија, и тоа ако воопшто постои.

Во Star Trek во 29 век Федерацијата е способна за патување низ времето и скенирање на временските вибрации, така што ако некој си игра со временската линија можат да го спречат. Нив ги води директива со која неможат да ја манипулираат временската линија со цел да дојдат во предност, и дека мора да ја заштитуваат на секој можен начин. Така имаме видено во повеќе епизоди од Voyager, но истите тие да ги наречеме чувари на временската линија ги нема никаде во епизодите кога Janeway ја менува временската линија со цел Voyager да се врати во Федерациска територија користејќи Transwarp Conduit или кога Sisko ќе се врати во времето на Kirk.

 
автор: Ј. Зинговски @ 10/30/2005 11:18:00 AM | 9 коментар(и)
Friday, October 28, 2005
Откако капетанот Picard е асимилиран од страна на Borg колективот во доцната 2366 година, станува Locutus of Borg.

Picard е асмилиран со едноставна цел - Borg расата од него да ги извлече сите информации за Федерацијата и целото негово знаење, кое би послужило при асимилирање на Земјата. Нормално, за да се направи подобра стратегија. Но, сепак колку што Borg го има знаењето на Picard, односно Locutus, толку и самиот Picard знае за случувањата во Borg колективот.

Иако, де-асимилиран, Picard е поврзан со нераскинлива умствена врска со колективот. Сетете се само на Star Trek: First Contact. Или пак на TNG епизодата"I, Borg" кога екипажот на Enterprise-D ќе најде Borg кој ќе го препознае Locutus.

Неговите информации во врска со Borg колективот, односно знаејќи ги слабите точки на Borg колективот, му помагаат во спречување обид за асимилација на Земјата во 2373.

Види линк: Borg расата
Види линк: Капетан Jean-Luc Picard
 
автор: Бојан Николов @ 10/28/2005 01:56:00 PM | 1 коментар(и)
Tuesday, October 25, 2005
Читајќи го претходниот пост, се потсетив на неколку прашања што често ми се вртат низ глава кога гледам Star Trek. Едно од нив е: зошто почесто не се користат холограмите како тактичко средство? Има две примени кои ми се на ум.

Првата би била холографски придружни бродови. Има најмалку една епизода во која некој екипаж решава да емитира холографска проекција надвор од сопствениот брод за да ги збуни противниците да мислат дека има повеќе бродови... и успева во тоа. Тогаш зошто не го прават ова почесто? Знам, такво нешто не би можело целосно да ги залаже сензорите, ниту пак би било многу ефикасно во поглед на енергија, ама сепак, ваквите тактики заслужуваат повеќе внимание.

Втората е холографски безбедносни тимови. Не да се заменат оние вистинските, туку едноставно да се има нешто за во итни случаи. На USS Voyager повеќе пати било предложувано да се постават холоемитери низ цел брод (за да се овозможи подобро функционирање на EMHот), нешто што е веќе имплементирано во поновите класи на федерациски бродови каква што е Prometheus класата. Како што видовме во епизодата "The Killing Game" од Voyager, емитерите немаат којзнае каков проблем со пуштање голем број ликови одеднаш, а и таквите безбедносни тимови не би морало да зафаќаат претерано многу меморија. А холографските оружја, колку што знам, можат да бидат исто толку ефективни колку вистинските - Picard во First Contact убива Борг со пушка создадена во холодекот. Иако, можеби пушката била создадена од репликатор... не знам.

Друго прашање би било: кој се грижи за тоа холограмите да бидат безбедни? Enterprise еднаш за малку ќе беше превземен од страна на холографски Моријарти, кој станал свесен за себе само поради тоа што бил создаден специјално за да го надмудри Data. Најверојатно после тој инцидент во холопрограмите се додадени инхибитори кои би требало да ги спречуваат холографските ликови да го гледаат надворешниот свет, но во Voyager се покажува дека дури и тие можат да се расипат и да создадат во најмала мера непријатни ситуации ("Spirit Folk"). Па и многу други епизоди кои се центрираат на холодекот наговестуваат дека можеби понекогаш и не е безбедно да се има тоа чудо на бродот.

И, се разбира, тука е и класичното прашање: што кога интелегентните холограми ќе достигнат ниво слично на човекот? Нема да навлегувам во ова, туку ќе ви препорачам да изгледате некои од епизодите на Star Trek: Voyager кои ја опфаќаат темата за правата на холограмите, особено "Author, Author", со која фактички започнува Движењето за граѓански права на холограмите во Федерацијата.

Види линк: Холодек
 
автор: З. Андоновски @ 10/25/2005 01:58:00 AM | 3 коментар(и)
Sunday, October 23, 2005
Холодекот служи и за забава и за тренинг, комбинирајќи технологија на транспортер и репликатор, преку создавање холографски слики во тродимензионален простор исто како и преку проектирање силови полиња за да им дадат на предметите привидна на супстанцијални. Може да се контролира преку надворешна контрола (панел) или внатрешна контрола (лак).

Ѕидовите на холодекот може да создадат холографски слики кои привидно се протегаат во бесконечност, со што делува многу поголем отколку што навистина е. Притоа, како и да е, холодекот е свесен само за корисникот (корисниците), односно не ги препознава сопствените предмети. На пример, ако некој фрли холографски камен кон ѕидот, каменот нема да помине преку него. Ова се постигнува преку постојано менување на силовите полиња и употребата на силово поле наместо подвижна лента. На овој начин, личност која се приближува кон ѕидот истовремено предизвикува негово оддалечување. Холодекот може да ја менува гравитацијата во три димензии, така што присутните да не ја забележат промената.

Магнетски меурчиња ги заменуваат молекулите кај холо-предметите со полна резолуција. Како и да е, предметите создадени во холодекот не можат да постојат надвор од него, затоа што постојат само како енергија и материја. Холограмите може да се збогатат со вистински, опипливи предмети, или вистинска храна, преку употреба на репликаторска технологија. Компјутерот не може да ја реплицира комплексноста на електронската обвивка или движењата на атомите кои ја одредуваат биохемиската активност на живите суштества. Ова ги спречува репликаторите да создаваат живот или да ги воскреснуваат мртвите.

Постои објективен начин на работа, при кој корисникот не стапува во интеракција со ликовите, и субјективен начин на работа, при што корисникот може да комуницира со ликовите и да ја менува својата околина. Холодеците на Федерацијата се опремени со безбедносни протоколи кои спречуваат сериозни повреди при нивната употреба, иако истите може да се исклучат по барање на корисникот.

Види линк: Неколку размислувања за холограмите
 
автор: Dr. Philem0n @ 10/23/2005 01:36:00 PM | 0 коментар(и)
Saturday, October 22, 2005
Примарната Директива, Општата Одредба на Ѕвездената Флота број 1, налага дека не смее да постои мешање во природниот развој на кое и да било примитивно општество, што во главно значи дека ниту една примитивна цивилизација не смее да биде изложена на какви и да било информации кои се однесуваат на напредна технологија или туѓински раси. Таа исто така забранува секаков обид да се подобри или промени природниот тек на едно такво општество, дури и кога таквите промени се добронамерни или тајни. Под "примитивна" се подразбира онаа култура која се уште не постигнала warp погон.

Концептот потекнува од Вулканците, уште пред формирањето на Федерацијата. Од тогаш, Примарната Директива е прекршена на повеќе наврати, намерно и ненамерно. Во временскиот период на Star Trek: The Next Generation, Примарната Директива не се однесува само на пред-warp цивилизации, туку на сите со кои Ѕвездената Флота стапува во контакт. Во таков случај, Директивата забранува какво и да било инволвирање во некое општество без претходно изразена согласност или покана на законитите лидери на истото, и апсолутно забранува какво и да било инволвирање во внатрешната политика на таа култура.

Единствената одредба на Ѕвездената Флота која е во состојба да ја релативизира Примарната Директива е Омега Директивата, и тоа само по потреба, во случај да се открие нестабилниот Омега молекул. Во овој случај, Ѕвездената Флота има дозвола да се вмеша во која и да било цивилизација, за да го осигури уништувањето на сите молекули, и (ако е можно) да се уништи сознанието за нивното постоење.

Постојат различни заклучоци во поглед на целта од ова немешање. Првиот е дека целта не ги оправдува средствата. Без оглед на добронамерноста, вклучувањето и спроведувањето промени може да има разорни последици. Вториот заклучок е верувањето дека еволуцијата има своевиден 'план', кој ги води расите кон одредени цели. Вмешувањето оттука би било неприродно, и спротивно од она што било предодредено да се случи со дадената раса.

Одредени гледишта ја сметаат Примарната Директива како негативна полиса, бидејќи го спречува воведувањето на технологија (особено медицинска), култура, и одредени средства кои може да го подобрат квалитетот на животот. Дури, понекогаш е посочена и како став на морална страшливост на Федерацијата и изговор за бездејствување. Апологетите на Примарната Директива велат дека никој нема право да ги наметнува своите стандарди на останатите и дека тешко би можело да се смета како морална страшливост опстојувањето на овие принципи при непосредно соочување со искушение.

Како и да е, една забелешка во однос на Примарната Директива е валидна и не може да се отфрли или занемари – непостојаноста во нејзиното применување. На пример, ако одредена планета е стратешки важна за Федерацијата, тогаш Капетанот може да добие наредба да ја прекрши Примарната Директива.
 
автор: Dr. Philem0n @ 10/22/2005 02:23:00 PM | 3 коментар(и)
Thursday, October 20, 2005
Commander Charles Tucker III кој во серијата го има прекарот Trip (скратеница од зборот Triple кој значи дека Trip е третиот од неговата фамилија што го носи името Charles Tucker) е главниот инжинер во влесенскиот брод Enterprise (NX-01), и повремено ја зема истата функција и на вториот брод од NX класата наречен Columbia (четврта сезона).

Тој е трет по ред во синџирот на команда одма зад Captain Jonathan Archer и Sub-Commander T’Pol. Трип е многу способен инжинер, кој што често паѓа во сплетки со новите вонземјански раси што ги наоѓаат. Тој исто така се здоби со честа да биде првото машко што забременува (во епизодата Unexpected) и прв ја постигнува брзината од warp 5 кај NX класата.

Трип изобилува со шеги и смешни досетки и ги прави епизодите многу поинтересни, а особено со вулканката T’Pol која го смета како типичен нерационален човек. Подоцна тој ќе развие романса со T’Pol во третата сезона од серијата. Со нападот на расата Xindi на Земја Трип ја губи својата сестра и тогаш неговиот карактер преминува во друго ниво, во кое “живее” за да ја одмазди својата сестра. Со различни третмани и со Vulcan neuro-pressure неговата напнатост се менува (Т’Pol ја има главната улога од неговото опоравување). Кога со Xindi-те ќе се склучи мир и се ќе се врати по старо Трип ќе остане ни горе ни долу со неговата љубов кон T’Pol и за моја жал нивната романса ќе остане нерешена со завршувањето на серијата.

Во последната епизода These Are the Voyages..., Commander Tucker ќе го даде неговиот живот за неговиот Капетан и пријател со цел да можат да ја одржат конференцијата која значи започнувањето на новото подглавје од човечката историја т.е. потпишувањето на United Federation Of Planets. Connor Trinneer е актерот кој што перфектно го изглуми Trip Tucker.

Види линк: Star Trek: Enterprise
 
автор: Ј. Зинговски @ 10/20/2005 10:13:00 PM | 0 коментар(и)
Sunday, October 16, 2005
Додаден е уште еден член во МакТрек тимот. Југослав Зинговски, кој до сега ни испрати две статии. Што значи дека, следуваат многу повеќе и многу поинтересни статии. :)

Се разбира, тоа што сакате да го прочитате на МакТрек, можете да пишете на нашиот e-mail, maktrek@gmail.com ... :)
 
автор: Бојан Николов @ 10/16/2005 12:15:00 PM | 10 коментар(и)
Saturday, October 15, 2005
Според TNG: "Relics", Troi објаснува дека должноста на бродскиот советник е да се грижи за емоционалната благосостојба на бродскиот екипаж и гостите. Ѕвездената Флота започнува со назначување на советници во 2330-тите, откако увидуваат дека притисоците на продолжен вселенски лет може да резултираат со психолошки проблеми кои бараат професионална грижа.

Бродскиот советник е одговорен за менталната благосостојба на екипажот, и претставува функција која вообичаено ја презема постар офицер кој поседува тренинг по психологија. Исто како и Главниот медицински офицер, бродскиот советник има моќ да ги разрешува останатите офицери и членови на екипажот ако смета дека се засегнати од состојба која може да им ја наруши способноста ефикасно да ги извршуваат своите должности.

Со отстапка на капетанот, бродскиот советник може да не носи униформа додека е на должност. Таков е случајот со Deanna Troi, бродскиот советник на USS Enterprise (NCC-1701-D). (Deanna избра постојано да носи униформа откако тоа и беше сугерирано од страна на Капетанот Edward Jellico.)

Deep Space Nine имаше неколку советници, меѓу кои Telnorri (назначен за третман на Miles O'Brien по неговото искуство во затворот Argrathi - DS9: "Hard Time") и Ezri Dax (деветиот Trill домаќин на симбионтот Dax), која претходно беше помошник на советникот на USS Destiny. (DS9: "Image in the Sand")

USS Voyager немаше советник, затоа што неговата мисија беше предвидена да трае само неколку месеци. Во овој серијал се појавува советникот Jenzo, колега на Deanna Troi, назначен за третман на Reginald Barclay, но овој одбива бидејќи го сака 'најдобриот советник' и ја одбира Deanna Troi. (VOY: "Life Line") Подоцна Neelix самиот се назначува себеси како 'morale officer', термин што го измислува самиот, за да ги преземе должностите на советник.
 
автор: Dr. Philem0n @ 10/15/2005 11:05:00 AM | 0 коментар(и)
Friday, October 14, 2005
Апстракти од предавањето на Paul Goddard MD, UWE Visiting Professor, во FRCR четврток, 11-ти октомври 2001:

Во 60-тите години од минатиот век под водство на Gene Rodenberry се појави една нова телевизиска серија. Оваа серија, Стар Трек, иако воопшто не беше првата научно фантастична телевизиска програма, предизвика силни последици за генерациите идни научници, водејќи, меѓу другото, и до именување на еден вселенски шатл според замислениот вселенски брод Ентерпрајз. Но како може да се спореди медицината во Стар Трек со онаа од 60-тите и какви се споредбените подобрувања денес?

Научната фантастика од еден период многу повеќе ни кажува за аспирациите на писателите и научниците од тоа време отколку за замисленото идно време во кое би требало да се случува. Оттука не би требало да очекуваме Стар Трек да ни кажува за иднината. Впрочем, тоа е сепак само фантазија. Но, таа секако ни кажува за идеите во умовите на писателите на научна фантастика кога станува збор за медицината.

Во 60-тите, примената на компјутери и микропроцесори во медицината се уште не се случила. Медицината била апсолутно ‘low tech’. На полето од радиологија, тогаш стара само 70 години, се забележува релативно бавен напредок. Точно е дека томографијата овозможи груб облик на заматено снимање пресеци, и дека истражувањата на констрастните медиуми ги вклучи и бариумот и јодот, но од друга страна, во клиничка употреба апсолутно не постоеја скенери - ниту ултразвук, ниту компјутеризирана томографија, ниту магнетна резонанца, ниту гама камера ниту ПЕТ скенер.

Токму напротив, медицината во Стар Трек се случува во ‘high tech’ иднина. Се употребуваат неинвазивни скенери за да се одредат виталните параметри на пациентот и автоматски да се прикаже дијагнозата. Се употребуваат монитори за следење на состојбата на пациентот и известување на медицинскиот персонал ако нешто отстапува од нормалното. Постојат и специјални ќебиња за итен случај кои се употребуваат за одржување на телесната температура. Хирургијата во Стар Трек е толку напредна што овозможува мозочни трансплантации.

Станува јасно дека поголем дел од погорното е веќе развиено во денешнава модерна медицина, а ако неврохирургијата се уште не дозволува мозочна трансплантација, тоа не е бидејќи не сака или дека не се обидува; одредени нервни клетки (делови од базалните ганглии кои произведуваат допамин, во случајов клучен невротрансмитер; заб. Dr.Philem0n) се трансплантираат кај пациенти со Паркинсонова болест и даваат променливи резултати.

Со развитокот на скенерите и дигиталната опрема во радиологијата се револуционизира улогата на радиолошкиот оддел, кој станува централен во дијагнозата, планирањето, третманот и понатамошното следење на повеќето пациенти. Експериментално се работи на автоматска анализа на радиолошките слики, за истата да се воведе во клиничка пракса.
Веќе неколку години успешно се употребуваат автоматски апарати за мерење и анализа на крвта и серумот. Компјутерите ја преземаат ЕКГ анализата и евентуалната дефибрилација, доколку состојбата на пациентот тоа го бара. Уредот дури им кажува на присутните да се оддалечат и потоа го администрира шокот.

Исто како што екипажот на Ентерпрајз има непријатели, така и медицинската професија има свои. Очигледната борба е насочена против болеста, траумата и последиците од нив, но скриените непријатели вклучуваат лекарска грешка и трошоци на третманите. Идната медицина ќе го постигне својот максимален потенцијал ако успее некако да го обезбеди неопходното финансирање и ако се минимизираат лекарските грешки.

Види линк: Докторите во Star Trek
 
автор: Dr. Philem0n @ 10/14/2005 03:58:00 PM | 0 коментар(и)
Thursday, October 13, 2005
Нашиот читател, Југослав Зинговски, повторно ни испрати статија. Одлична статија, малку подолга, која верувам дека ќе ви се допадне, бидејќи содржи мошне интересни работи...Браво за Југослав! :)


Неколку генератори на енергија постојат на повеќето типови на вселенски бродови. Воглавно, постојат три главни генератори на енергија и тоа: Mater/Antimatter Reactor Assembly (M/ARA), импулсните погони (impulse propulsion system(IPS)) и резервниот енергетски систем (Auxilary Power System (APS)). Кога вселенскиот брод ги има сите три типа на енергетски системи, главниот извор на енергија е M/ARA, вториот е IPS, а третиот енергетски систем служи како резервен на другите два системи наведени погоре и се користи во опасност и кога првите два се оштетени и не функционираат. Енергијата што ја генерираат овие системи се дистрибуира низ целиот брод преку Electro – Plasma System (EPS).


Mater/Antimatter Reactor Assembly: M/ARA
е примарен извор на енергија на вселенскиот брод, за да може бродот да функционира и да може да работи Warp погонот за да може да се патува со брзини побрзи од светлината. Максималната излезна енергија што ја генерира M/ARA се одредува во фазите на дизајн и развој на вселенскиот брод, и тоа најголемо влијание на тоа има големината на самиот брод и потребната енергија за да ги задоволи своите системи. Стандардното вселенско летало со основна подготовка има потреба од само 1 ТW енергија за да може да оперира. Но кај поголемите класи на всленски бродови општо побарувачката на енергија може да биде огромна. (На пример побарувачката на енергија на еден Galaxy класа вселенски брод може да надмине 1Е13 МW)


Како што името наведува, М/
ARA генерира енергија од променливото поништување на материјата и антиматеријата под контролорани услови. Материјата и антиматеријата од складиштето на гориво во бродот каде што првобитно се наоѓаат се носат во M/ARA во различни размери (односот материја на антиматерија се однесува на односот на измешувањето на материја/антиматерија) а реакцискиот пресек варира помеѓу 2.1 до 9.3 cm во радиус. (од мал млаз до голем млаз на енергија, што се поништува во единица време) Овој систем оперира во два модови: Првиот мод се користи за носење на помала енергија во EPS за операции кои се вршат во брзина помала од брзината на светлината. Дилитиумскиот кристал е за да ја одржува оваа реакција и Dilithium Crystal Articulation Frame (DCAF) ги поредува дилитиумските кристали така што двата краја на кристалот се паралелни на реакцискиот попречен радиус. Односот за измешување за овој мод на работа е 10:1 што значи дека 10 единици на материја се мешаат со 1 единица антиматерија. Вториот мод се користи во warp погон со цел да го креира т.н. Critical Warp Pulse Frequency(CWPF) за операции додека бродот се наоѓа во warp погон. Додека бродот е во вториот мод на работа, односот материја/антиматерија е 5:1, односно 5 единици од материја на 1 единица антиматерија. За генерирање на енергија доволна да го задоволи бродот и за влегување во warp 1, доволен е однос на материја/антиматерија од 10:1. Кога бродот е во празен од тогаш односот е 25:1, затоа што не се користи енергијата. Како што бродот забрзува на warp скалата така односот на материјата во однос на антиматеријата се смалува. Така во warp 8 односот на материјата/антиматеријата изнесува 1:1(една честичка од материја се меша со една честичка од антиматерија). Истото важи и за брзините што можат да се постигнат над warp 8.


Warp погонот знаеме дека е измислица која се базира на факти кои ги имаат измислено писателите на овој серијал. Но доколку еден ден човештвото има вселенски брод кој може да патува со брзина поголема од светлината неговите системи и погонот многу ќе наликуваат на овие сега замислени бродови кои “пловат” низ Star Trek универзумот.

 
автор: Бојан Николов @ 10/13/2005 11:58:00 PM | 3 коментар(и)
Wednesday, October 12, 2005
Реакцијата на списанието Ла Нова по повод статијата "Ла Нова...незнае ништо", објавена на МакТрек на 25.09.2005:

"Забелешките за грешките ви се апсолутно точни. Оправдување: едноставно - недоволно информирање. Но, човек учи додека е жив, а сајтот ви е полн со информации, и жалам што не сме го откриле порано. Мислам дека е одлично и решението имињата да се пишуваат во оргинал. Сајтот ви е прекрасен, прегледен и не е тежок за пребараување. Уште еднаш, благодариме за замерките, а следниот пат подобро ќе се информираме. Поздрав!"

Види линк: Ла Нова...не знае ништо!
 
автор: Бојан Николов @ 10/12/2005 10:18:00 AM | 4 коментар(и)
Sunday, October 09, 2005
Ова е бродот од Star Trek: The Next Generation серијата, под команда на капетанот Jean-Luc Picard. Овој брод е еден моите омилени, затоа решив прв да добие технички информации на сајтов, иако скромни, сепак корисни. :)

U.S.S. Enterprise NCC-1701-D спаѓа во Galaxy класата на ѕвездени бродови. Вкупно на NCC-1701-D има 42 декови, и има носивост од 1014 патници/екипаж. Може да одржи warp 9.6 брзина цели 12 часа. Инаку стандардната warp брзина му е warp 6. На бродот вкупно има 4000 системи за напојување и 20 транспортери за телепортирање. Нормално, на бродот има и Холодек.

Воениот арсенал на NCC-1701-D се состои од 12 фејзерски редови, 3 торпедо фрлачи и додаток од 250 фотонски торпеда. И, секако моќен штит.

U.S.S. Enterprise NCC-1701-D е лансиран во 2364 година, а е уништен во 2371 година.

Види линк: Warp Drive
Види линк: Star Trek: The Next Generation
Види линк: Капетан Jean-Luc Picard

 
автор: Бојан Николов @ 10/09/2005 05:49:00 PM | 4 коментар(и)
Wednesday, October 05, 2005

Star Trek: Enterprise е последниот серијал од Star Trek сагата. Траеше само четири сезони, по кои, за жал, серијата беше прекината. (2001-2005)

Дејството во Star Trek: Enterprise е сместено 100 години после Првиот Контакт, односно неколку децении пред капетанот Kirk.

Серијалот ги следи мисиите на првиот warp 5 брод, Enterprise NX-01, на чело со капетанот Jonathan Archer. Останиот дел од екипажот го сочинуваат вулканката T'Pol, докторот Phlox кој е од denobula расата, потоа Malcom Reed (armory officer), Тravis Mayweather (helmsman), офицерот за комуникации, Hoshi Sato и Trip Tucker како chief engineer...

Униформите се направени повеќе во некој НАСА стил, бидејќи дејството е блиско и до нашево време. :) Во почетокот ми беше тешко да ги навикнам новите униформи, но после неколку изгледани епизоди, ги прифатив. :)

Интересно е во оваа серија што може да се види почетокот на некои научни достигнувања кои можевме да ги видиме во остантите серијали, потоа Први Контакти со некои вонземски раси... Тука се и Андоријанците, Вулканците и Клингонците и уште некои раси кои ни беа познати од претходните серијали. Интересно е тоа што во Star Trek: Enterprise е објаснета теоријата за исчезнувањето на браздите на челата на Клингонците. Пред тоа имаше многу теории за овој случај, но конечно тука е тоа "официјално" разрешено. :)

Star Trek: Enterprise беше повеќе од одличен приквел на оргиналните Star Trek серии, иако многу фанови реагираа за начинот на кој што беше претставена технологијата во Star Trek: Enterprise. Едноставно, беше далеку подобро изведено од она во оргиналната серија. Но сепак, оргиналните се снимани во 1966, додека Star Trek: Enterprise е од 2001. Иако дејството беше многу години пред дејството во оргиналната серија, целиот ентериер на бродот и технологијата која беше во Star Trek: Enterprise, изгледашекако да е 100 години после капетанот Kirk. :)

Како и да е, серијата официјално заврши на 13-ти мај, 2005 година. Верувам дека сите што ја гледале последната епизода од серијава, ќе се согласат со мене дека Star Trek; Enterprise НЕ ЗАСЛУЖИ таков крај! Иако фановите прават напори, со собирање средства, потпишување петиции, итн. за да ја вратат серијата на малите екрани, сеуште ништо. Искрено, не верувам дека ќе има продолженија на Star Trek: Enterprise, ниту пак нов серијал во блиска иднина...

Види линк: Commander Charles Trip Tucker
 
автор: Бојан Николов @ 10/05/2005 07:57:00 PM | 39 коментар(и)
Sunday, October 02, 2005
Заврши и втората анкета на МакТрек. Прашањето гласеше "Кој ви е омилен Star Trek капетан?". Најмногу гласови собра Jean-Luc Picard капетан на USS Enterprise (NCC-1701-D).

Еве ги конечните резултати:
Види линк: Капетан Jean-Luc Picard
Види линк: Star Trek: The Next Generation
Види линк: Резултати од првата анкета
 
автор: Бојан Николов @ 10/02/2005 12:04:00 PM | 4 коментар(и)
Saturday, October 01, 2005
Смртта на капетанот James T. Kirk во филмот Star Trek: Generations беше најужасното нешто можеа да го направат. Убивајќи еден од најзначајните ликови во целата Star Trek сага, Rick Berman и Brandon Braga станаа непријатели на Star Trek според голем број фанови во светот. Иако, веќе постои книга Star Trek: The Return каде што Kirk се враќа, Paramount никогаш не го пренесе неговото враќање на големото платно или малите екрани.

На интернет има голем број на сајтови, петиции и што уште не за враќањето на Kirk. Но, никој не превзема ништо. Изгледа сценаристите не сфаќаат што е James T. Kirk за Star Trek и фановите. William Shatner е веќе стар, и не се знае уште колку време му преостанува за да ја повтори улогата, и да го оживе ликот кој со години го глумеше - капетанот James T. Kirk. Јас, а верувам и поголемиот дел од фановите, не би сакале да видат друг глумец во улога на Kirk, освен William Shatner.

За биде уште полошо, Kirk во Star Trek: Generations умре на прилично глупав начин. Ако веќе мораше да умре некако, можеа да направат да е нешто поразлично од паѓање од мост доле на карпи! Kirk не заслужи смрт, а осбено не таква каква што беше прикажана во филмот!

William Shatner веќе изјави дека е заинтересиран за уште еднаш да го одигра James T. Kirk. Според тоа што може да се прочита на интернет, приказната во новиот Star Trek филм ќе биде сместена во 2010 година и со сосема нови актери. Ова е одлична можност да се оживее ликот на Kirk од две причини. Првата е тоа што голем број фанови ќе бидат задоволени, а втората е тоа што ќе гледаноста и популарноста на филмот ќе бидат големи. Незнам колку би поминал филм со таа приказна кој е планирана кај фановите.

Останува да чекаме и да видиме што ќе се одлучи. Сепак, James T. Kirk мора да продолжи да живее!

Види линк: Star Trek: The Original Series
 
автор: Бојан Николов @ 10/01/2005 03:28:00 PM | 0 коментар(и)