Thursday, October 13, 2005
Нашиот читател, Југослав Зинговски, повторно ни испрати статија. Одлична статија, малку подолга, која верувам дека ќе ви се допадне, бидејќи содржи мошне интересни работи...Браво за Југослав! :)


Неколку генератори на енергија постојат на повеќето типови на вселенски бродови. Воглавно, постојат три главни генератори на енергија и тоа: Mater/Antimatter Reactor Assembly (M/ARA), импулсните погони (impulse propulsion system(IPS)) и резервниот енергетски систем (Auxilary Power System (APS)). Кога вселенскиот брод ги има сите три типа на енергетски системи, главниот извор на енергија е M/ARA, вториот е IPS, а третиот енергетски систем служи како резервен на другите два системи наведени погоре и се користи во опасност и кога првите два се оштетени и не функционираат. Енергијата што ја генерираат овие системи се дистрибуира низ целиот брод преку Electro – Plasma System (EPS).


Mater/Antimatter Reactor Assembly: M/ARA
е примарен извор на енергија на вселенскиот брод, за да може бродот да функционира и да може да работи Warp погонот за да може да се патува со брзини побрзи од светлината. Максималната излезна енергија што ја генерира M/ARA се одредува во фазите на дизајн и развој на вселенскиот брод, и тоа најголемо влијание на тоа има големината на самиот брод и потребната енергија за да ги задоволи своите системи. Стандардното вселенско летало со основна подготовка има потреба од само 1 ТW енергија за да може да оперира. Но кај поголемите класи на всленски бродови општо побарувачката на енергија може да биде огромна. (На пример побарувачката на енергија на еден Galaxy класа вселенски брод може да надмине 1Е13 МW)


Како што името наведува, М/
ARA генерира енергија од променливото поништување на материјата и антиматеријата под контролорани услови. Материјата и антиматеријата од складиштето на гориво во бродот каде што првобитно се наоѓаат се носат во M/ARA во различни размери (односот материја на антиматерија се однесува на односот на измешувањето на материја/антиматерија) а реакцискиот пресек варира помеѓу 2.1 до 9.3 cm во радиус. (од мал млаз до голем млаз на енергија, што се поништува во единица време) Овој систем оперира во два модови: Првиот мод се користи за носење на помала енергија во EPS за операции кои се вршат во брзина помала од брзината на светлината. Дилитиумскиот кристал е за да ја одржува оваа реакција и Dilithium Crystal Articulation Frame (DCAF) ги поредува дилитиумските кристали така што двата краја на кристалот се паралелни на реакцискиот попречен радиус. Односот за измешување за овој мод на работа е 10:1 што значи дека 10 единици на материја се мешаат со 1 единица антиматерија. Вториот мод се користи во warp погон со цел да го креира т.н. Critical Warp Pulse Frequency(CWPF) за операции додека бродот се наоѓа во warp погон. Додека бродот е во вториот мод на работа, односот материја/антиматерија е 5:1, односно 5 единици од материја на 1 единица антиматерија. За генерирање на енергија доволна да го задоволи бродот и за влегување во warp 1, доволен е однос на материја/антиматерија од 10:1. Кога бродот е во празен од тогаш односот е 25:1, затоа што не се користи енергијата. Како што бродот забрзува на warp скалата така односот на материјата во однос на антиматеријата се смалува. Така во warp 8 односот на материјата/антиматеријата изнесува 1:1(една честичка од материја се меша со една честичка од антиматерија). Истото важи и за брзините што можат да се постигнат над warp 8.


Warp погонот знаеме дека е измислица која се базира на факти кои ги имаат измислено писателите на овој серијал. Но доколку еден ден човештвото има вселенски брод кој може да патува со брзина поголема од светлината неговите системи и погонот многу ќе наликуваат на овие сега замислени бродови кои “пловат” низ Star Trek универзумот.

 
автор: Бојан Николов @ 10/13/2005 11:58:00 PM |


3 Comments:


At 2:23 AM, October 20, 2005, Blogger Butik

Артиклов ти е супер, само имам мали добро намерни забелешки и се надевам дека така ќе бида сфатени. Ги немаш објаснето другите системи како функционираат (се разбира доколку е тоа можно). Речениците ти се малку конфузни за разбирање особено за тоа која е улогата на дилитиумските кристали. Знам дека е вложено труд во статијата и се надевам дека во иднина и јас ќе имам можност и време да напишам нешто слично.

 

At 7:23 PM, May 15, 2006, Anonymous Anonymous

ne znam dali ste slusnale za zero point energy, namesto so anti materija koja ima odredena masa, zero point energy bila vo prostorot i lesno mozela da se crpi i so toa da ovozmoze warp brzina

 

At 11:16 PM, October 18, 2007, Anonymous владе штрафкото

да ама за користење на zero point energy ке биде потребен таканаречен сад во кој ке се изолира zero point енергијата којашто знаеме дека се добива од потпросторот во вселената и мора да има вакуум простор измегју нултата енергија во потпросторот и вакуумот во нормалниот временски просторен континуум