Saturday, October 15, 2005
Според TNG: "Relics", Troi објаснува дека должноста на бродскиот советник е да се грижи за емоционалната благосостојба на бродскиот екипаж и гостите. Ѕвездената Флота започнува со назначување на советници во 2330-тите, откако увидуваат дека притисоците на продолжен вселенски лет може да резултираат со психолошки проблеми кои бараат професионална грижа.

Бродскиот советник е одговорен за менталната благосостојба на екипажот, и претставува функција која вообичаено ја презема постар офицер кој поседува тренинг по психологија. Исто како и Главниот медицински офицер, бродскиот советник има моќ да ги разрешува останатите офицери и членови на екипажот ако смета дека се засегнати од состојба која може да им ја наруши способноста ефикасно да ги извршуваат своите должности.

Со отстапка на капетанот, бродскиот советник може да не носи униформа додека е на должност. Таков е случајот со Deanna Troi, бродскиот советник на USS Enterprise (NCC-1701-D). (Deanna избра постојано да носи униформа откако тоа и беше сугерирано од страна на Капетанот Edward Jellico.)

Deep Space Nine имаше неколку советници, меѓу кои Telnorri (назначен за третман на Miles O'Brien по неговото искуство во затворот Argrathi - DS9: "Hard Time") и Ezri Dax (деветиот Trill домаќин на симбионтот Dax), која претходно беше помошник на советникот на USS Destiny. (DS9: "Image in the Sand")

USS Voyager немаше советник, затоа што неговата мисија беше предвидена да трае само неколку месеци. Во овој серијал се појавува советникот Jenzo, колега на Deanna Troi, назначен за третман на Reginald Barclay, но овој одбива бидејќи го сака 'најдобриот советник' и ја одбира Deanna Troi. (VOY: "Life Line") Подоцна Neelix самиот се назначува себеси како 'morale officer', термин што го измислува самиот, за да ги преземе должностите на советник.
 
автор: Dr. Philem0n @ 10/15/2005 11:05:00 AM |


0 Comments: