Sunday, October 23, 2005
Холодекот служи и за забава и за тренинг, комбинирајќи технологија на транспортер и репликатор, преку создавање холографски слики во тродимензионален простор исто како и преку проектирање силови полиња за да им дадат на предметите привидна на супстанцијални. Може да се контролира преку надворешна контрола (панел) или внатрешна контрола (лак).

Ѕидовите на холодекот може да создадат холографски слики кои привидно се протегаат во бесконечност, со што делува многу поголем отколку што навистина е. Притоа, како и да е, холодекот е свесен само за корисникот (корисниците), односно не ги препознава сопствените предмети. На пример, ако некој фрли холографски камен кон ѕидот, каменот нема да помине преку него. Ова се постигнува преку постојано менување на силовите полиња и употребата на силово поле наместо подвижна лента. На овој начин, личност која се приближува кон ѕидот истовремено предизвикува негово оддалечување. Холодекот може да ја менува гравитацијата во три димензии, така што присутните да не ја забележат промената.

Магнетски меурчиња ги заменуваат молекулите кај холо-предметите со полна резолуција. Како и да е, предметите создадени во холодекот не можат да постојат надвор од него, затоа што постојат само како енергија и материја. Холограмите може да се збогатат со вистински, опипливи предмети, или вистинска храна, преку употреба на репликаторска технологија. Компјутерот не може да ја реплицира комплексноста на електронската обвивка или движењата на атомите кои ја одредуваат биохемиската активност на живите суштества. Ова ги спречува репликаторите да создаваат живот или да ги воскреснуваат мртвите.

Постои објективен начин на работа, при кој корисникот не стапува во интеракција со ликовите, и субјективен начин на работа, при што корисникот може да комуницира со ликовите и да ја менува својата околина. Холодеците на Федерацијата се опремени со безбедносни протоколи кои спречуваат сериозни повреди при нивната употреба, иако истите може да се исклучат по барање на корисникот.

Види линк: Неколку размислувања за холограмите
 
автор: Dr. Philem0n @ 10/23/2005 01:36:00 PM |


0 Comments: