Tuesday, October 25, 2005
Читајќи го претходниот пост, се потсетив на неколку прашања што често ми се вртат низ глава кога гледам Star Trek. Едно од нив е: зошто почесто не се користат холограмите како тактичко средство? Има две примени кои ми се на ум.

Првата би била холографски придружни бродови. Има најмалку една епизода во која некој екипаж решава да емитира холографска проекција надвор од сопствениот брод за да ги збуни противниците да мислат дека има повеќе бродови... и успева во тоа. Тогаш зошто не го прават ова почесто? Знам, такво нешто не би можело целосно да ги залаже сензорите, ниту пак би било многу ефикасно во поглед на енергија, ама сепак, ваквите тактики заслужуваат повеќе внимание.

Втората е холографски безбедносни тимови. Не да се заменат оние вистинските, туку едноставно да се има нешто за во итни случаи. На USS Voyager повеќе пати било предложувано да се постават холоемитери низ цел брод (за да се овозможи подобро функционирање на EMHот), нешто што е веќе имплементирано во поновите класи на федерациски бродови каква што е Prometheus класата. Како што видовме во епизодата "The Killing Game" од Voyager, емитерите немаат којзнае каков проблем со пуштање голем број ликови одеднаш, а и таквите безбедносни тимови не би морало да зафаќаат претерано многу меморија. А холографските оружја, колку што знам, можат да бидат исто толку ефективни колку вистинските - Picard во First Contact убива Борг со пушка создадена во холодекот. Иако, можеби пушката била создадена од репликатор... не знам.

Друго прашање би било: кој се грижи за тоа холограмите да бидат безбедни? Enterprise еднаш за малку ќе беше превземен од страна на холографски Моријарти, кој станал свесен за себе само поради тоа што бил создаден специјално за да го надмудри Data. Најверојатно после тој инцидент во холопрограмите се додадени инхибитори кои би требало да ги спречуваат холографските ликови да го гледаат надворешниот свет, но во Voyager се покажува дека дури и тие можат да се расипат и да создадат во најмала мера непријатни ситуации ("Spirit Folk"). Па и многу други епизоди кои се центрираат на холодекот наговестуваат дека можеби понекогаш и не е безбедно да се има тоа чудо на бродот.

И, се разбира, тука е и класичното прашање: што кога интелегентните холограми ќе достигнат ниво слично на човекот? Нема да навлегувам во ова, туку ќе ви препорачам да изгледате некои од епизодите на Star Trek: Voyager кои ја опфаќаат темата за правата на холограмите, особено "Author, Author", со која фактички започнува Движењето за граѓански права на холограмите во Федерацијата.

Види линк: Холодек
 
автор: З. Андоновски @ 10/25/2005 01:58:00 AM |


3 Comments:


At 9:25 PM, October 26, 2005, Anonymous Zlatko horor

Puskata so koja Pikard pukase vo holodekot na borgot ne bese replicirana bidejki toj kaza deka i holografki kursum moze da usmrti covek, ako se koristele replicirani puski vo holodecite togas na brodovite ke trebase da ima vraboteno cistacka da gi meti caurite od kursumite.
Me interesira dali borgot edinka koj go prisposobuva svojot stit na energetskite puski moze da go napravi istoto i na materijalniot kursum.

 

At 10:57 PM, October 26, 2005, Blogger З. Андоновски

И јас се имам прашувано за тоа за адаптацијата на борговските штитови... Се чини дека приспособувањето функционира само за енергетски оружја, но добро прашање е зошто штит како штит не може да го употребат на материјален проектил.

 

At 4:43 AM, October 29, 2005, Blogger Butik

Одоворот ми се чини е даден и во самиот филм или едноставно сум го слушнал некаде. Боргите не можат да разберат нешто доколу тоа предходно не го асимилирале. Со претпоставка дека никогаш до тогаш немале видено метален куршум логично е да се претпостави дека не се адаптирани на него. Втора работа, од секое оружје (поточно на секоја фрекфеција ако се работи на енергетско) на боргите им треба време (неколку подгодоци) за да можат ефикасно да го асимилираат и да се адаптираат. Во филмот Пикард уби колку што се сеќавам само два дрона. Толку имаше потреба