Sunday, October 30, 2005
Епизодите за патување низ времето беа многу популарни во првата серија на Star Trek (TOS) заради нивниот забавен карактер. Измеѓу другото, затоа што се издвојуваат од стандардните епизоди во серијата.

Главниот проблем со патувањето низ времето е нарушувањето на временскиот континум. Па понекогаш во серија како што е Star Trek потребно е да се измислат нови начини на патување, но сосема друга работа е правењето на целата сторија во серијата околу патување низ времето. Во овој случај се зборува за последната серија Star Trek Enterprise и неговата улога во така наречениот Temporal Cold War (Временската ладна војна).

Типичниот човечки мозок не е доволно способен да ги предвиди сите можни исходи, причини и последици од употредабата на патувањето низ времето во некоја епизода. Такви типични примери се епизодите на Enterprise Shockwave или E2 во која комерцијалноста на епизодите е ставена пред логиката за докажување на истите, што ги прави лоши епизоди со таква тематика.

За разлика од Star Trek Enterprise и неговата Временска ладна војна (Temporal Cold War), филмот First Contact, патувањето низ времето е ставено заради една точно дефинирана причина, а тоа е да ресетира делот од минатото кој е веќе изманипулиран од Боргите. Таквата употреба на патувањето низ времето е оправдана според многу кои го гледаат Star Trek, доколку она што сакаат да го постигнат не е водено од комерцијалноста туку води во продлабочување на некој друг контекст, кој во конкретниот случај е расата Борг.

Не сме доволно напредна раса да можиме да ја предвидиме последиците што може да ги предизвика патувањето низ времето, дури не знаеме дали е тоа можно. Се досега кажано и се што постои во филмовите кои имаат научно-фантастична тематика и кои се занимаваат со патувањето низ времето е предводено од логика и предпоставка. Имаме подобри и полоши примери кои некако се обидуваат да објаснат примената и начинот на патување низ времето, некои се полоши а некои се подобри. Сега за сега се што можиме да направиме на полето на патувањето низ времето е да даваме предпоставки, бидејќи не делат векови од таква технологија, и тоа ако воопшто постои.

Во Star Trek во 29 век Федерацијата е способна за патување низ времето и скенирање на временските вибрации, така што ако некој си игра со временската линија можат да го спречат. Нив ги води директива со која неможат да ја манипулираат временската линија со цел да дојдат во предност, и дека мора да ја заштитуваат на секој можен начин. Така имаме видено во повеќе епизоди од Voyager, но истите тие да ги наречеме чувари на временската линија ги нема никаде во епизодите кога Janeway ја менува временската линија со цел Voyager да се врати во Федерациска територија користејќи Transwarp Conduit или кога Sisko ќе се врати во времето на Kirk.

 
автор: Ј. Зинговски @ 10/30/2005 11:18:00 AM |


9 Comments:


At 12:54 PM, November 02, 2005, Blogger Пецо

Лошо. Лошо. Лошо.

Одвратно напишано, преполно со конфузни реченици и граматички грешки, плус никаква лектура.

Типов ви квари просек...

 

At 1:16 AM, November 06, 2005, Blogger Ј. Зинговски

Граматичките грешки излегуваат од термините на англиски кои не се преведуваат со истото значење на македонски јазик. Ако не можеш да го "свариш" напишаното тогаш ич не читај и не се замарај.

 

At 11:34 AM, November 06, 2005, Blogger Пецо

Ок, тоа е за граматичките грешки. Но што правиме со твојата блага ретардација?

 

At 2:37 PM, November 06, 2005, Blogger Ј. Зинговски

Добро бе изиграваш доктор... место на други да му кажуваш некакви дијагнози јас ти велам оди ти провери се, ама кај тебе ќе е повеќе од само блага ретардација.

 

At 10:27 AM, November 07, 2005, Blogger Пецо

Место на други да им кажуваш Југославе, им а не му...

 

At 3:18 PM, November 07, 2005, Blogger Ј. Зинговски

This comment has been removed by a blog administrator.

 

At 3:19 PM, November 07, 2005, Blogger Ј. Зинговски

Важно ме разбра што сакам да кажам. И дај врати се на темата а ако не не post-ирај глупости.

 

At 10:37 PM, November 07, 2005, Blogger Пецо

/me се враќа на темата "Катастрофални лош превод од англиски, уште полоша граматика и апсолутно отсуство на креативност".

Ете се вратив.

 

At 11:44 PM, February 03, 2006, Anonymous Anonymous

Имало многу ретардирани дегени као пецо а?!Пецоооо,реченицава граматички добро беше напишана!?