Saturday, October 22, 2005
Примарната Директива, Општата Одредба на Ѕвездената Флота број 1, налага дека не смее да постои мешање во природниот развој на кое и да било примитивно општество, што во главно значи дека ниту една примитивна цивилизација не смее да биде изложена на какви и да било информации кои се однесуваат на напредна технологија или туѓински раси. Таа исто така забранува секаков обид да се подобри или промени природниот тек на едно такво општество, дури и кога таквите промени се добронамерни или тајни. Под "примитивна" се подразбира онаа култура која се уште не постигнала warp погон.

Концептот потекнува од Вулканците, уште пред формирањето на Федерацијата. Од тогаш, Примарната Директива е прекршена на повеќе наврати, намерно и ненамерно. Во временскиот период на Star Trek: The Next Generation, Примарната Директива не се однесува само на пред-warp цивилизации, туку на сите со кои Ѕвездената Флота стапува во контакт. Во таков случај, Директивата забранува какво и да било инволвирање во некое општество без претходно изразена согласност или покана на законитите лидери на истото, и апсолутно забранува какво и да било инволвирање во внатрешната политика на таа култура.

Единствената одредба на Ѕвездената Флота која е во состојба да ја релативизира Примарната Директива е Омега Директивата, и тоа само по потреба, во случај да се открие нестабилниот Омега молекул. Во овој случај, Ѕвездената Флота има дозвола да се вмеша во која и да било цивилизација, за да го осигури уништувањето на сите молекули, и (ако е можно) да се уништи сознанието за нивното постоење.

Постојат различни заклучоци во поглед на целта од ова немешање. Првиот е дека целта не ги оправдува средствата. Без оглед на добронамерноста, вклучувањето и спроведувањето промени може да има разорни последици. Вториот заклучок е верувањето дека еволуцијата има своевиден 'план', кој ги води расите кон одредени цели. Вмешувањето оттука би било неприродно, и спротивно од она што било предодредено да се случи со дадената раса.

Одредени гледишта ја сметаат Примарната Директива како негативна полиса, бидејќи го спречува воведувањето на технологија (особено медицинска), култура, и одредени средства кои може да го подобрат квалитетот на животот. Дури, понекогаш е посочена и како став на морална страшливост на Федерацијата и изговор за бездејствување. Апологетите на Примарната Директива велат дека никој нема право да ги наметнува своите стандарди на останатите и дека тешко би можело да се смета како морална страшливост опстојувањето на овие принципи при непосредно соочување со искушение.

Како и да е, една забелешка во однос на Примарната Директива е валидна и не може да се отфрли или занемари – непостојаноста во нејзиното применување. На пример, ако одредена планета е стратешки важна за Федерацијата, тогаш Капетанот може да добие наредба да ја прекрши Примарната Директива.
 
автор: Dr. Philem0n @ 10/22/2005 02:23:00 PM |


3 Comments:


At 5:38 PM, October 24, 2005, Anonymous Vasko

Prime Directive e samo ushte edno neshto vo Star Trek izvadeno od sekojdnevniot zhivot. Treba da postojat vo zhivotot pravila i principi spored koi treba strogo, no nikako slepo da se rakovodime. Deka linijata e tenka pokazhuvaat brojnite pati koga kapetanite svesno ja prekrshuvaat.

 

At 4:51 AM, October 29, 2005, Blogger Butik

Prime Directive е нешто што, според мене, би требало да го има секоја веле сила. Камо среќа САД да имаше такви приципи како нашата идеална Федерација. Од мое лично гледиште, на неколку пати не сум се солгласувал со одлуките на капетатите низ целиот Star Trek, дали за нејзино прекршување или за почитување. Убав коментар од стана на Васко, кој потполно го подржувам. Треба да се има принципи и закони во животот и раководењето, но никако тие да се следат слепо и нефлексибилно. Во краен случај се е релативно. :)

 

At 3:29 PM, May 29, 2006, Anonymous Ivan

Idealnata federacija ne e tolku idealna oti idealna e nedostizna, kako so mozev da vidam od seriite sekoja od rasite pretstavuva eden del od evolucijata na coveckoto opstestvo a federacijata e vrv na taa evolucija. Spored mene federacijata po opstestveno ureduvanje e komunizam, ama ne socijalizam kako so bilo u yugoslavija ili sssr tuku komunizam u vistinska smisla, imam procitano nekade deka Marks veli deka eden den kapitalizmot i drugite ureduvanja ke bidat zameneti od komunizmot, svedoci sme na krizata na kapitalizmot u sveto, pa mozebi toa vreme na blagosostojba ne e tolku daleku.