Wednesday, October 05, 2005

Star Trek: Enterprise е последниот серијал од Star Trek сагата. Траеше само четири сезони, по кои, за жал, серијата беше прекината. (2001-2005)

Дејството во Star Trek: Enterprise е сместено 100 години после Првиот Контакт, односно неколку децении пред капетанот Kirk.

Серијалот ги следи мисиите на првиот warp 5 брод, Enterprise NX-01, на чело со капетанот Jonathan Archer. Останиот дел од екипажот го сочинуваат вулканката T'Pol, докторот Phlox кој е од denobula расата, потоа Malcom Reed (armory officer), Тravis Mayweather (helmsman), офицерот за комуникации, Hoshi Sato и Trip Tucker како chief engineer...

Униформите се направени повеќе во некој НАСА стил, бидејќи дејството е блиско и до нашево време. :) Во почетокот ми беше тешко да ги навикнам новите униформи, но после неколку изгледани епизоди, ги прифатив. :)

Интересно е во оваа серија што може да се види почетокот на некои научни достигнувања кои можевме да ги видиме во остантите серијали, потоа Први Контакти со некои вонземски раси... Тука се и Андоријанците, Вулканците и Клингонците и уште некои раси кои ни беа познати од претходните серијали. Интересно е тоа што во Star Trek: Enterprise е објаснета теоријата за исчезнувањето на браздите на челата на Клингонците. Пред тоа имаше многу теории за овој случај, но конечно тука е тоа "официјално" разрешено. :)

Star Trek: Enterprise беше повеќе од одличен приквел на оргиналните Star Trek серии, иако многу фанови реагираа за начинот на кој што беше претставена технологијата во Star Trek: Enterprise. Едноставно, беше далеку подобро изведено од она во оргиналната серија. Но сепак, оргиналните се снимани во 1966, додека Star Trek: Enterprise е од 2001. Иако дејството беше многу години пред дејството во оргиналната серија, целиот ентериер на бродот и технологијата која беше во Star Trek: Enterprise, изгледашекако да е 100 години после капетанот Kirk. :)

Како и да е, серијата официјално заврши на 13-ти мај, 2005 година. Верувам дека сите што ја гледале последната епизода од серијава, ќе се согласат со мене дека Star Trek; Enterprise НЕ ЗАСЛУЖИ таков крај! Иако фановите прават напори, со собирање средства, потпишување петиции, итн. за да ја вратат серијата на малите екрани, сеуште ништо. Искрено, не верувам дека ќе има продолженија на Star Trek: Enterprise, ниту пак нов серијал во блиска иднина...

Види линк: Commander Charles Trip Tucker
 
автор: Бојан Николов @ 10/05/2005 07:57:00 PM |


39 Comments:


At 8:27 PM, October 08, 2005, Anonymous Yuze

Па ова беше според мене една од најдобрите серии воопшто што ги имам гледано. Немаше епизода која ме разочара и секоја почит за сите актери а посебно за Connor Trinneer кој во серијата го глуми Charls Tucker III (Trip) кој беше најдобар во целата серија. А да не ги забораваме Scott Bacula, Jolene Blalock и Dominic Kitten. Којзнае што ќе се случеше во следните 3 сезони.

 

At 12:35 AM, October 09, 2005, Blogger Бобо Николов

Само последната епизода не беше баш најдобра. Особено смртта на Трип!

 

At 9:57 AM, October 09, 2005, Anonymous Vasko

Ете, а мене баш Трип ми беше најслаб карактер, особено со неговиот тексашки акцент и манири во 22-ри век. Многу се израдував и кога прв пат умре но, за жал клонот го спаси :-). Се‘ на се‘ уште еден одличен додаток на Star Trek историјата. Штета што заврши со моментот кога требаше да започне, со раѓањето на Федерацијата.

 

At 12:53 AM, October 10, 2005, Anonymous Филип Стојановски

А како завршува „Ентерпрајз“? И кое е официјалното објаснение за браздите на Клингонците?

Мене особен впечаток ми остави епизодата со планетата кај што беа болни Валаките, а тие другите демек попримитивни хуманоиди требаше да ги наследат, па имаше дилема дали да се вмешаат или не „нашите јунаци“ која беше разрешена прилично контроверзно.

 

At 12:29 PM, October 10, 2005, Blogger Бобо Николов

Не сакав да им го расипувам филингот на тие што не ја гледале последната епизода, но ајде... :)

Се се случува во холодекот на Enterprise-D. Рајкер и Трој го следат враќањето на Enterprise NX-01 на Земјата. Дејството е исто така поврзано со TNG епизодата "The Pegazus".

Инаку, тоа со браздите на Клингонците. Во подготовка е статија посветена на тоа, но еве ќе кажам нешто во кратки црти. Клингонците сакаат да се подобрат себеси со помош на Augment-ите (генетички созадена супермоќна раса), при што ќе се созададе вирус кој може да биде фатален за Клингонците. Dr.Phlox наоѓа лек кој ги спасува Клингонците но не и нивните бразди. :)

Задоволен? :)

 

At 10:51 AM, October 18, 2005, Anonymous Gjole

Дечки супер сте,ама само една забелешка, односно сугестија (слично како на HTV - каде преводите мислам дека се The Best).Во ред е што имињата не ги преведувате,но професиите(титулите) би можеле,заради тоа што во нашиот јазик имаме сосема добри преводи,кои нема да изгубат од главното значење (chief engineer - главен инжинер).Ако ја прифатите мојата сугестија,Ви се ставам на услуга,да ги преведам сите термини кои ќе ми ги дадете,а потоа Вие одлучете дали ќе ги употребите,или измените.Ако за некој термин има двоумење,би можело да се направи дискусија/гласање.Live long and prosper. g_georgi@hotmail.com

 

At 2:46 AM, October 20, 2005, Blogger Butik

За контравезната епизода спомната од Филип. Се вика "Dear Doctor" и се решава БАШ како што треба. Се остава на еволуцијата да си го заврши тоа што си го започнала. Сум ја гледал двапати, а вториот пат се ежев како мало дете.

Иначе за серијалот како целина. Прочитав на официјалната страна дека го прекинуваат поради тоа што немало голем интерес, барем не како во предходните серијали.
Лично мислам дека помалку претераа со некои епизоди, иако секоја чест што објаснија многу дилеми што се провлекуваат од самиот почеток на оргиналните серии. Последните неколку епизоди (пред најпоследната) беа во најмала рака недолични, со што стоеше на коцка целото добротетелсво што федерацијата требаше да го претставува. Но што е тука е. Јас би сакал да ги дозавршеа до 7 сезона. Во секој случај ќе беше интересно

 

At 4:07 PM, February 03, 2006, Anonymous Anonymous

Se na se ENTERPISE se OK ama onie sto veke gi gledale ENTERPRISE sto malce poveke se uhodani vo STAR TREK kako celina siguren sum deka imaat zabelezano mnogu nelogicnosti vo prikaznata na primer zosto klingoncite gi imaat brckite a vo TOS gi nema.Prviot kontakt so borgite e vo 3 ili 4 sezona TNG i togas tie nemaat nikakvi podatoci za borgite a spored prikaznata na ENT gi naogaat borgite na juzniot pol(Koga nivniot brod bese unisten vo First Contact) T'Pol e zakon ama mora li da ima takva opasna tipka vo Star Trek za da bidat gledani?Ist e i slucajot so Vouager.Zosto prviot brod morase da se vka Enterprise?!? Nejka ova da bide sfateno kako mrcenje za ENT naprotiv pokraj nekoi mali greski smetam deka se zakon i deka treba da prodolzat da se snimaat

 

At 5:54 PM, February 06, 2006, Blogger Бобо Николов

Anonymous, за Клингонците убаво си е објаснето во четвртата сезона.

 

At 11:30 AM, February 14, 2006, Blogger Rogi

Сметам дека овој серијал е дефинитивно најдобар до сега!!!

Децки ќе ве молам само да не откривате информации за тоа како завршува.

Има луге што гледале само дел од серијава а има и такви што не ја гледале воопшто.

Ајде да не им го кршиме филмот?!?

Поздрав

 

At 6:24 PM, February 15, 2006, Anonymous DeeJay

Одлично што „Стар Трек“ се повторно на малите екрани. Мој фаворит од „Enterprise“ епизодите е T'Pol. :)
Инаку блогов е одличен, еден од најдобрите кој ги дала Македонија! БРАВО!

 

At 10:30 PM, February 24, 2006, Blogger subcommander d'ana

zdravo narode, dobro ima devojki ovde ili jas sum sama??.. :) kako i da e.. me obzema treskata star trek i mene poleka no sigurno i posle voyager eve i enterprise... se citame vo idnina poveke.. sega samo tolku
pozdrav

 

At 3:44 PM, February 25, 2006, Blogger sime

Idejata i kreativnosta za site serijali od ciklusot Star Trek e neverojatna i spored mene nenadminata.Ovoj serijal ke ostane kult vo SF uste mnogu generacii i smetam deka generiranjeto na idei za novi epizodi ne e naddminato.Serijalot go sledam uste od 1987 i prvoto pojavuvanje na Picard na togasnata JRT,a celiot serijal go izgledav poslednive nekolku godini na HRT,so isklucok na Enterprajs koj zaradi isklucivanjeto na HRT2 od kabelskive operatori ne uspeav da go dogledam do kraj,pa pojavuvanjeto na ovaa serija na Telma mi napravi epten keif.
Bi bilo dobro koga nekoja makedonska televizija bi gi otkupila site serijali i bi gi prikazala vo kontinuitet,posebno DS9 koj spored mene e najvozbudliviot del od STAR TREK ( vojnata pomegu Dominion i Federacijata a i samite likovi )a okolu koj nepravedno nemase bas nekoja pozitivna energija.

 

At 4:54 PM, February 25, 2006, Blogger sime

T' Pol vleguva vo alejata na fantasticni Star Trek devojki:
Jadzia,SEven of Nine,Kira i ako se sekavate na Tasha od TNG plavusata koja tragicno zaginuva posle prvite sezoni od TNG.Vo sekoj slucaj zeni koi go odzemaat zdivot, so seksipilot i karakterot...

 

At 11:37 PM, March 09, 2006, Blogger subcommander d'ana

me voodushevi epizodata t.e. epizodite shockwave pt.1 i pt.2, mislam deka mu bea najgolemoto dostignuvanje na enterprise. A vo epizodata minefield M.Reed mislam deka beshe `zakon` bidejki konecno ja nadmina negovata angliska principielnost i introvetnost. Pozdravce od mene i se citame!

 

At 7:31 PM, April 15, 2006, Blogger ( KYRRO )

ДЕЧКИ НЕ ЗНАМ ДАЛИ ВИ Е ПОЗНАТА СТРАНАТА
WWW.MEMORY-ALPHA.ORG ...
СУПЕР СТАР-ТРЕК ЕНЦИКЛОПЕДИЈА, ДЕЛ ОД WIKIPEDIA
МИСЛАМ ДЕКА СЕКОЈ ЌЕ ЈА НАЈДЕ СЕКОЈА ИНФОРМАЦИЈА ШТО МУ Е ПОТРЕБНА.
ПОЗДРАВ

 

At 12:07 AM, April 20, 2006, Anonymous Anonymous

И ја ко YuZe дефинитивно според мене најдобар од серијалот StarTrek e Enterprise.... Буквално нема промашена епизода, а Scott Bacula, Jolene Blalock Connor Trinneer и Dominic Kitten, беа на ниво на серијата... Незнам кој од вас ги гледал exrtas за Enterprise.. али таму разјаснуваат многу работи , како изгледа у реалност ворп погонот.. репликаторите.. кој зашто се пријавил интервјуа на актерите.. А и конвенцииите за StarTrek.. Лудница.. У секој случај Enterprise според мене е најдобар од цел серијал StarTrek.. и штета што ја прекинаа пред време серијата(а како причина ја наведоа малата гледаност!!!!! what the fuck и чие мислење било тоа..)Или па се плашеле од успех и нови изненадувања од StarTrek.. Најдобар капетан kap.Archer ... i најдобар помошник Tpol.. дефинитивно..

 

At 11:46 PM, May 08, 2006, Anonymous Laze

Dobar serijal. Samo sto ima dosta tupenje. Osobeno otkako vlegoa vo Prostranstvoto. Isto taka ponekogas nervira i pacifisticki (bas koga ne treba ) nastroeniot Arcer.

 

At 2:50 AM, June 10, 2006, Anonymous LtCmdDATA

Neznam za vas ama poslednata sezona bese malku glupa neznam dali znaete ama 4 sezona e napravena po baranje na fanovite vsusnost samite scenarija se pisuvani od fanovi zatoa 4 sezona e narecena "from fans to fans" pa zatoa izobiluva so nekolku glupi epizodi koi ednostavno se dodavani bez vrska kolku da se ispolni kvorum na epizodi vo edna sezona a toj e najmal od site sezoni vo 4 sezona se samo 22, a sto se odnesuva do poslednata episoda "These are the voyagees..." sto da kazam od fanovite e proglasena za najlosa finalna episoda od site serijali ocenkata kazuva sve a taa e 2 za poslednata episoda INAKU SEKOJA CEST ZA SCOTT BAKULA TOJ MI OMILEN GLUMEC TIPOT EDNOSTAVNO ZNAE DA ODGLUMI PERFEKTNO A ZA JOLENE BLALOCK TIPKATA E ZAKON!!!!!

 

At 1:01 AM, June 15, 2006, Anonymous LtCmdDATA

Konecno zavrsi ENTERPRISE pa luge kazuvajte kako vi se dopadna poslednata epizoda. mene da vi kazam bas mi se dopadna bese odlicna edinstveno glupa rabota bese smrta na trip, mnogu glupa smrt bese, izgleda lugevo od paramount si rekle redno e, nekoj mora da umre cetiri sezoni tupenje a nikoj od glavnive ne umira, pa ajde na kraj edna glupa smrt nabrzinka da se sluci:) mislam deka nema smisla smrta na trip nekako glupo bese sto mislite vie??/ inace krajot bese najdobar pocnuvajki od Picard... "These are the voyages of the star ship ENTERPRISE......... mislam deka krajot go krasi deloto:)
tolku od mene pa pisete kazete kako vi se dopadna

 

At 4:18 AM, June 21, 2006, Blogger ( KYRRO )

епа, се` има крај така....
секоја чест за коментаров што е над мојов, мораше глупа смрт на крајот... ради goth момент нели :)))))
јас неколку пати пратив мејл до телма за да оди voyager или да почнат од TOS, ама таличниот том е поинтересен изгледа.
ај малце вие како официјален стартрек форум ургирајте по телевизииве, продајте им ги серијаливе или предложете им од каде да набават (хехехе)
најсериозно, вредни се за гледање, доста е од сапунициве шпањолски.
имам милион коментари, посебно за enterprise како најпресен серијал ама ај во друга прилика...
сега.... not able to comply >>> error found

поздрав
kyrro

 

At 10:44 AM, June 29, 2006, Anonymous Angel

Ова стварно беше еxtra серијал, а лично мислам дека глумците беа на високо ниво. Се сложувам дека Трип понекад многу замараше и си го пикаше носот кај што не треба (пр. епизодата Cogenitor-мислам така се викаше:D) Лично, мислам дека најдобар беше Phlox- типчето секогаш беше оптимиста и на сите барем по еднаш им го спаси животот. Phlox rules!

 

At 9:49 PM, September 02, 2006, Anonymous Anonymous

A kade moze da se downloadiraat epizodite od Enterprise?

 

At 9:50 PM, September 02, 2006, Anonymous Anonymous

kade moze da se simnat epizodite od enterprise?

 

At 12:28 AM, October 12, 2006, Anonymous Anonymous

Neznam do sega zosto ne sum pisal na stranava ali zakon e, dobra rabota imate zavrseno. Za Enterprise mozam da kazam deka beshe odlicen serijal steta sto go prekinaa. Poslednata epizoda beshe katastrofa nevidena. Od smrtta na Trip, holodekot i samiot kraj. Sve beshe nekako nabrzina. Valjda kje ja prodolzat serijata ali ne mi se veruva.

 

At 8:09 PM, November 04, 2006, Anonymous Anonymous

I jas moram da kazam deka mnogu bese zalno sto Trip umre ama jas misalm deka toa go napravija kolku da ne iskoci deka e nekoja serija kako sapuniciva spanski i se srekno zavrsuva! I sea pravata za Star Trek Enterprise gi otkupi nekoja druga kuka pa najverojatno ke se snima! Najverojatno! Nisto ne e sigurno. Za site sto sakaat da pridonesat im praporacuvam da se potpisat na peticijata a linkot za peticijata ke go najat na trekunited pod kampanji save enterprise! pozdrav! :)

 

At 12:42 AM, November 11, 2006, Anonymous LtCmdDATA

Odlicni vesti Anonymous!!!!! moram da priznam me izraduva tvojava vest za prodolzuvanjeto na Enterprise, kade go dozna toa i kolku e sigurna taa rabota dali glumcite ke bidat isti(bi sakal da se normalno) i koga bi pocnale da snimaat daj kazi nekoi novosti ke te cekam da pises pa da proverime ok fala ti za vesta Prodolzi taka

 

At 8:23 PM, November 27, 2006, Anonymous Anonymous

Mene Jolene Blalock mi lici na zenska sto bi glumela u tvrdo porno ,bas me interesira dali i ima snimeno,znae nekoj.

 

At 7:50 PM, November 28, 2006, Anonymous Anonymous

I uste nesto bi dodal ne deka vaka u serijata ne izgleda seksi ama sepak mislam deka bez sminka i perika ne bi bila taka zgodna,sto vodi do zaklucok deka Jolene e pozgodna kao Vulkanka otkolku kao obicna normalna zena :))) jako a

 

At 7:25 PM, January 18, 2007, Anonymous Anonymous

Луѓе не се обесхарбрувајте! Ќе искочи сеа филмот ќе помине еуфорија, ќе искочат тие 3те епизоди, и на тоа ќе помине еуфорија! А јас затоа се надевам дека ќе се смилуваат и ќе го продолжат Ентерпрајз или фановите ќе им ибат матер на типците од Парамаунт! хаха! А иначе и јас морам да ја прокоментирам смртта на Трип. Па таа не е направена колку некој мора да умре туку така пишува у Стар Трек Историјата! :( жалам! Бидете оптимисти, потпишувајте петиции, праќајте факсови до парамаун и можда ќе го продолжат! Ама сакам епизодите да бидат од тие 6 години што ги рипнаа! поздрав до сите и Live Long And Prosper! :)

 

At 11:15 PM, January 21, 2007, Anonymous Anonymous

Една од најдобрите серии која сум ја глеал. Многу ми се свигаа Dark mirror или така нешто 2те епизоди што претставуваат какви стварно се лугето - злобни double crossers и back stabbers. И жените го користат сексот за да успеат во кариерата. Се друго што сакам да искоментирам е претходно искоментирано.

 

At 10:19 PM, October 19, 2007, Anonymous Anonymous

Serijali na Star Trek na intertnet se naogaat tesko.Jas najdov na www.katz.cd epizodi od TNG,Nemesis i drugi.

 

At 10:22 PM, October 19, 2007, Anonymous Anonymous

Jas sum pacient za Star Trek.na posledniot serijal site epizodi gi imam gledano po 4 pati.Mnogu me razocaraa poslednata epizoda svarno bese truba odednas kako go isekoa filmot idi begaj.

 

At 10:24 PM, October 19, 2007, Anonymous Anonymous

Bez da platis tesko da najdes da download-iras Star trek

 

At 10:47 PM, October 19, 2007, Blogger kirk

Ima edna nova serija Star trek tezok bullshit(new voyages).Simnav edna epizoda i so da vidam, glumcine ko da gi sobrale od ulica a klingoncite se obleceni ko novogodisni elki i so taa lentata na stomak izgledaat ko mis na svet.

 

At 10:52 PM, October 19, 2007, Blogger kirk

This comment has been removed by the author.

 

At 4:33 PM, February 28, 2008, Anonymous Filip

Do site anonimci vo vrska so besplatnoto simnuvanje na serijalite Star Trek! Rasprasajte se malku po drugari, sigurno vednas ke vi go kazat najjakiot i najdobar nacin. (jas ne bi sakal/mozel bas tuka na stranava da kazam) ;)))

LIVE LONG AND PROSPER

 

At 4:34 PM, February 28, 2008, Anonymous Filip

BTW Great Job do kreatorite na sajtot, i keep up the good work.

 

At 4:21 PM, April 12, 2008, Blogger The Reason

трип не требаше да умре или барем тие од иднината да му направе услуга на екипажот затоа што двапати го спасија времето и иднината. А серијалот МОРА да продолжи затоа што да не беше тој ќе го мрзев целиот серијал Star Trek.