Wednesday, November 30, 2005
Сте го гледале ли Star Trek III: The Search For Spock? Го памти ли некој ритуалот во кој катрата на Spock ќе ја префрлуваат од телото на Dr.McCoy?

Ритуалот наречен fal-tor-pan и служи за соединувањето на Вулканската катра со телото. Ритуалот е мошне опасен, како за носителот на катрата, така и за тој во чие што тело треба да се врати. Речиси и никогаш не е изведен, освен во легендарниот случај со Spock.

Види линк: За Вулканците
 
автор: Бојан Николов @ 11/30/2005 07:55:00 PM | 0 коментар(и)
Wednesday, November 23, 2005
Преамбулата од Уставот на Федерацијата:

Ние интелигентните суштества од Обединетата Федерација на Планети одлучивме:

Да ги поштедиме генерациите кои доаѓаат по нас од несреќата на интра-галактичка војна која донесе невиден ужас и страдање во нашите планетарни општествени системи, и

Да ја потврдиме вербата во основните права на интелигентните живи суштества, во достоинството и вредноста на секоја интелигентна индивидуа од овие живи суштества, со еднакви права за машките и женските и за планетарните општествени системи, големи и мали, и

Да воспоставиме услови под кои правдата и взаемната почит спрема обврските кои произлегуваат од спогодбите и другите извори на меѓупланетарниот закон ќе бидат одржувани, и

Да промовираме општествен напредок и подобри стандарди за живот во поширока слобода,

И со овие цели да практикуваме благонаклона толеранција и мирен соживот едни со други во добрососедство, и:

Да ги здружиме нашите сили за одржување на интра-галактичкиот мир и безбедност, и

Преку усвојувањето на принципи и воведување методи да осигураме дека вооружени сили нема да бидат употребени освен во општа одбрана, и

Да ја употребиме интра-галактичката машинерија за промовирање на економскиот и општествен напредок на сите сите живи суштества,

Одлучивме да ги обединиме нашите напори за постигнување на овие цели.

Следствено на тоа, соодветните општествени системи, преку назначени претставници на планетата Бабел, кои претходно ги докажале своите способности на добар и задоволителен начин, се согласивме за овие Членови од Федерацијата на Обединетата Федерација Планети, и со ова воспоставуваме една интерпланетарна организација позната како Обединета Федерација на Планети.

Види линк: Star Trek Политика #1
 
автор: Dr. Philem0n @ 11/23/2005 12:01:00 AM | 2 коментар(и)
Tuesday, November 22, 2005
Прародителите се најстарите свесни суштества од Алфа и Бета квандрантот и веројатно првата еволуирана хуманоидна раса. Пред околу 4.5 милијарди години, Прародителите одлучиле да ги посеат океаните на многу светови, вклучувајќи ја Земјата, Вулкан, Конос, Бејџор, Бетазед, Кардасија, Андор, Телар, Трил итн., со ДНК кодови кои ќе ја поттикнат еволуцијата на животот кон облици слични на нивниот. Обемот на 'посеани' планети веројатно се протега преку сите 4 квадранти од Млечниот Пат. Можно е дека повеќето од свесните хуманоидни раси кои се среќаваат во галаксијата имаат заеднички предок со оваа раса. Прародителите исто така посеале неколку различни планети со таква ДНК, која кога ќе се состави на посебен начин, ќе проектира запис со снимен поздрав на припадник од нивната раса кој ќе ја разоткрие нивната улога во еволуцијата на многу тековни раси. Овој поздрав е репродуциран во 2369. (TNG: "The Chase")

Прародителите се исто така одговорни за изработката на Чуварот од планетата Алтеа, неколку векови пред 2364. (TNG: "When the Bough Breaks")

Сличноста поради создавањето на ваков начин се чини дека овозможува дури и репродукција помеѓу припадници од раси кои меѓу себе се оддалечени со цели квадранти. Ова исто така (прикладно) се однесува и за сличностите кои се гледаат помеѓу нехуманоидните раси. Но, не треба да се заборави дека внатрешната физиологија дури и на најосновните делови од крвта сепак мое да биде сосем разновидна.
 
автор: Dr. Philem0n @ 11/22/2005 03:45:00 AM | 4 коментар(и)
Monday, November 21, 2005
Универзалниот преведувач е (фиктивен) уред кој често се појавува како мотив во повеќе дела од научната фантастика, не само во Ѕвездени Патеки. Неговата цел е едноставна, а таа е да понуди симултан двонасочен превод помеѓу кои и да било јазици. Исто како и натсветлосниот погон, оваа технологија се зема како општо прифатена конвенција во научната фантастика.

По правило, универзалниот преведувач проработува веднаш, но ако тој јазик никогаш порано не бил сретнат, може да се појави одредено доцнење додека преведувачот правилно да го изработи преводот.

Во фиктивниот Star Trek универзум, универзалниот преведувач е измислен во 2151 и се уште е во експериментална фаза кога се лансира првиот Ентерпрајз. Овој прототип може да се користи само за комуникација помеѓу бродови, а за мисии кои инволвираат директен контакт надвор од бродот потребен е вешт лингвист - во случајот на Ентерпрајз, Хоши Сато - особено кога треба да се прочитаат вонземски јазици на контролни панели и дисплеи. Хоши Сато ја открива матрицата за лингвакод во нејзините доцни 30-ти.

Во 23-тиот век, УП е компактен, во облик на палка за држење со рака. Капетанот Кирк, од Ентерпрајз, запрашан од Зефрам Кокрејн да објасни на кој начин работи уредот, објаснува дека постојат одредени универзални идеи и концепти кои се вообичаени за сиот интелигентен живот. Преведувачот ги споредува фреквенциите на мозочните бранови, ги одбира оние идеи кои ги препознава, и ја обезбедува потребната граматика. (TOS: "Metamorphosis")

Во 24-тиот век (TNG) УП технологијата е толку напредна што се интегрира во ком-беџот на персоналот од Ѕвездената Флота. Како куриозитет, Ференгите го имплантираат во своите ушни школки.

Универзалниот преведувач некогаш не проработува, кога тоа е од клучно значење за натамошниот заплет, на пример во случајот на Тамаријанците, кои зборуваат со јазик на метафори извлечени од нивното богато културно наследство. (TNG: "Darmok")
 
автор: Dr. Philem0n @ 11/21/2005 02:29:00 PM | 3 коментар(и)
Sunday, November 20, 2005
William Shatner, актерот кој го глумеше капетанот James T. Kirk, се спрема да го продаде каменот кој беше изваден од неговиот бубрег. 74 годишниот актер пред неколку недели заврши во болница поради болки во грбот, предизвикани од камен во бубрегот.

Shatner планира да го понуди каменот на eBay. Парите од продадениот камен со "колекционерска вредност" актерот планира да ги донира во добротворни цели.

Оваа вест беше соопштена во телевизиското ток-шоу на Jimmy Kimmel, каде што Shatner беше гостин.

 
автор: Бојан Николов @ 11/20/2005 06:59:00 PM | 3 коментар(и)
Wednesday, November 16, 2005
Денобуланците, за првпат за појавуваат во Star Trek: Enterprise.

Тоа е хуманоидна раса која потекнува од Denobula Triaxa. Denobula Triaxa е мошне густо населена планета поради специфичнита традиција на Денобуланците. Имено, секој припадник на оваа раса има по три брачни партнери, од кои секој има други три, односно се работи за полигамни бракови.

Исто така, оваа раса тврди дека халуцинациите се мошне природна и здрава работа. :)

Денобуланците имаа специфична анатомија и структура. На лицето имаат повеќе испакнатини, а исто и на грбот, односно по должината на р'бетот. Исто така, тие имаат способност да го "надувуваат" лицето, кога чуствуваат опасност. Карактеристична особина им е и огромната насмевка. :) Ова сме го виделе кај докторот Phlox. :)

Денобуланците спијат прилично малку. Сепак, еднаш годиншно, хибернираат некои 5-6 дена.
 
автор: Бојан Николов @ 11/16/2005 11:38:00 AM | 10 коментар(и)
Tuesday, November 15, 2005
Како што може да видите, во тек е менување на дизајнот на Мак Трек. Освен тоа што sidebar-от е на лева страна, горе додадов и мени за серијалите. Од страна е додадено мени за сите раси во Star Trek за кои пишуваме на Мак Трек. Нормално, наскоро ќе има повеќе и за другите раси. Форумот сеуште не е разработен како што треба, но и за тоа ќе се погрижиме. :)
 
автор: Бојан Николов @ 11/15/2005 02:59:00 PM | 1 коментар(и)
Thursday, November 10, 2005
Еве ги резултатите и од третата анкета. Анкетата заврши со над 190 гласови и е најуспешна до сега. Најмногу гласови освои Star Trek: First Contact.
Наскоро следува нова анкета. Предлозите одсега, можете да ги давате и на форумот, http://www.trek.xpt.net


Види линк: Резултати од втората анкета
 
автор: Бојан Николов @ 11/10/2005 07:16:00 PM | 0 коментар(и)
Sunday, November 06, 2005
Клингонците се наоѓаат меѓу првите цивилизации со кои Федерацијата има воспоставено контакт. Иако се класифицирани како хуманоиди, Клингонците во неколку работи се разликуваат од луѓето. Тие имаат поцврста структура на телото што подсетува на егзоскелетон (многу поотпорни на физичка сила), и имаат повеќе мускулна маса од луѓето. Нивните органи се поотпорни и им дозволуваат на Клингонските воини голема отпорност и сила во борба.

Најспецифичната работа што им дава особина и што ги дели од другите хуманоидни раси е нивното нарабено чело. Формата на челото на секој клингонец е различна. Многу добро се гледа кога споредуваме чист клингонец и полу-клингонец (Lt. Commander Worf – Lt. Belanna Torres), кај чистите клингонци е многу поозначено нарабувањето на челото.

Клингонската империја ја води централна влада во форма на канцелар и исто така моќен Врховен Совет (High Council) сместени на планетата Qo’NoS. Канцеларот и членовите на врховниот совет мора да бидат мажи кои потекнуваат од моќни куќи и со голема репутација. На жените и на клингонци со нарушена чест им е забрането да се во врховниот совет.

Клингонското опшество функционира како систем од фамилијарна углед и чест. Традицијата е многу значаен дел од клингонското опшество и ако некој клингонец ја прекрши, тоа се смета за многу тешка навреда за која понекогаш се плаќа и со живот. Исто така има многу различни ритуали кои се применуваат при венчавки, именувања на високи позиции во советот, како и пред почеток на битка. Нивниот кодекс на честа (code of honor) ја представува основата на клингонската верба и преку почитување на тој кодекс, клингонците со здобиваат со чест. Во кодексот не се забранува предавството. На бродовите Bird Of Pray или во кој и да е систем со хиерархиска команда, офицерите се постојано цел на напад од страна на подолу ранкираните воини. Иако во очите на другите раси ова е нешто многу непромислено, тоа е нивниот метод со кој ги чуваат офицерите способни и јаки.

Клингонците се многу религиозен народ. Тие веруваат во задгробниот живот или како тие го викаат Sto’Vo’Kor. Тие веруваат дека ако во животот се здобијат со голема чест ќе одат во задгробниот живот како многу славни и таму ќе имаат се што сакаат, додека оние клингонци кои се обесчестени, нема да одат во задгробниот живот.

Клингонската имерија онака како што ја познаваме ја оформил Kahless the Unforgettable, кој бил брилијантен стратегист кој го убил тиранинот Molor и ги обединил сите Клингонци. Kahless бил голем филозоф кој се разбирал во многу области и неговите дела сеуште се проучуваат, векови после неговата смрт. Познатиот меч на Kahless е симболот на клингонската имеприја и тој кој го има мечот може да биде канцелар и да го води клингонскиот народ. Мечот засекогаш останува мистерија.

Исто така најинтересниот сегмент од клингонската историја е губењето на нарабите на нивните чела (и постанувањето повеќе човечки како што имаме видено во TOS). Тоа е како резултат од спроведувањето на експеримент клингонците да постанат многу појаки со генетската модификација што ја имаа Аугментите (луѓе генетски модифицирани кои се физички и умствено многу посилни и побрзи) кои ги гледавме во четвртата сезона на серијата Star Trek Enterprise.

Види линк: За Вулканците
Види линк: Rura Penthe

 
автор: Ј. Зинговски @ 11/06/2005 01:41:00 AM | 5 коментар(и)
Friday, November 04, 2005
Фејзерите (Phaser - PHASed Energy Rectification) се примарното оружје на членовите на Федерацијата. Освен рачните фејзерски пиштоли и пушки, се среќаваат и како оружје со кое се оремени бродовите. Рачните фејзери можат да убијат или само да зашеметат. Последново е најчесто користено. Се работи за моќно оружје, особено оние фејзери кои се среќаваат кај бродовите. Можат да нанесат голема штета, па дури и да ги пробијат штитовите на другите бродови.

Има неколку видови на фејзери. Како основно, лично оружје на членовите на Федерацијата, најмногу се користени првите три вида на фејзери, односно рачните и фејзерските пушки. Фејзерските пушки освен зракот енергија што го исфрлаат, можат да пукаат и пулсирачки.Четвртата и петатта класа на фејзерско оружје се користи кај помалите летала, додека кај бродовите од Galaxy класата се користи 10-тиот вид на фејзери, којшто е многу моќен.

Значи, ова беше мал вовед за статијата што ќе следи наскоро. Таму ќе објасниме на кој начин работат фејзерите и колку нивоа на моќност имаат.

 
автор: Бојан Николов @ 11/04/2005 01:10:00 PM | 0 коментар(и)