Sunday, November 06, 2005
Клингонците се наоѓаат меѓу првите цивилизации со кои Федерацијата има воспоставено контакт. Иако се класифицирани како хуманоиди, Клингонците во неколку работи се разликуваат од луѓето. Тие имаат поцврста структура на телото што подсетува на егзоскелетон (многу поотпорни на физичка сила), и имаат повеќе мускулна маса од луѓето. Нивните органи се поотпорни и им дозволуваат на Клингонските воини голема отпорност и сила во борба.

Најспецифичната работа што им дава особина и што ги дели од другите хуманоидни раси е нивното нарабено чело. Формата на челото на секој клингонец е различна. Многу добро се гледа кога споредуваме чист клингонец и полу-клингонец (Lt. Commander Worf – Lt. Belanna Torres), кај чистите клингонци е многу поозначено нарабувањето на челото.

Клингонската империја ја води централна влада во форма на канцелар и исто така моќен Врховен Совет (High Council) сместени на планетата Qo’NoS. Канцеларот и членовите на врховниот совет мора да бидат мажи кои потекнуваат од моќни куќи и со голема репутација. На жените и на клингонци со нарушена чест им е забрането да се во врховниот совет.

Клингонското опшество функционира како систем од фамилијарна углед и чест. Традицијата е многу значаен дел од клингонското опшество и ако некој клингонец ја прекрши, тоа се смета за многу тешка навреда за која понекогаш се плаќа и со живот. Исто така има многу различни ритуали кои се применуваат при венчавки, именувања на високи позиции во советот, како и пред почеток на битка. Нивниот кодекс на честа (code of honor) ја представува основата на клингонската верба и преку почитување на тој кодекс, клингонците со здобиваат со чест. Во кодексот не се забранува предавството. На бродовите Bird Of Pray или во кој и да е систем со хиерархиска команда, офицерите се постојано цел на напад од страна на подолу ранкираните воини. Иако во очите на другите раси ова е нешто многу непромислено, тоа е нивниот метод со кој ги чуваат офицерите способни и јаки.

Клингонците се многу религиозен народ. Тие веруваат во задгробниот живот или како тие го викаат Sto’Vo’Kor. Тие веруваат дека ако во животот се здобијат со голема чест ќе одат во задгробниот живот како многу славни и таму ќе имаат се што сакаат, додека оние клингонци кои се обесчестени, нема да одат во задгробниот живот.

Клингонската имерија онака како што ја познаваме ја оформил Kahless the Unforgettable, кој бил брилијантен стратегист кој го убил тиранинот Molor и ги обединил сите Клингонци. Kahless бил голем филозоф кој се разбирал во многу области и неговите дела сеуште се проучуваат, векови после неговата смрт. Познатиот меч на Kahless е симболот на клингонската имеприја и тој кој го има мечот може да биде канцелар и да го води клингонскиот народ. Мечот засекогаш останува мистерија.

Исто така најинтересниот сегмент од клингонската историја е губењето на нарабите на нивните чела (и постанувањето повеќе човечки како што имаме видено во TOS). Тоа е како резултат од спроведувањето на експеримент клингонците да постанат многу појаки со генетската модификација што ја имаа Аугментите (луѓе генетски модифицирани кои се физички и умствено многу посилни и побрзи) кои ги гледавме во четвртата сезона на серијата Star Trek Enterprise.

Види линк: За Вулканците
Види линк: Rura Penthe

 
автор: Ј. Зинговски @ 11/06/2005 01:41:00 AM |


5 Comments:


At 4:53 PM, November 08, 2005, Anonymous Zlatko

Vo edna epizoda od ds 8 mecot na Challes (?) bese najden od strana na Worf, Jadzia i eden nejzin prijatel od prethodniot domakin i mecot mi ostavi vpecatok deka e prokolnat.

 

At 2:57 PM, November 09, 2005, Blogger Ј. Зинговски

Не ја имам гледано таа епизода, но знам дека мечот на Kahless ќе биде пронајден од Worf ама во играта Armada, и тогаш ќе треба да го скрие од другите клингонци.

 

At 10:02 AM, November 10, 2005, Blogger Пецо

"Клингонската империја ја води централна влада во форма на канцелар..."

Крш! :)

 

At 8:58 PM, February 25, 2006, Anonymous Anonymous

Peco seljak

 

At 10:55 PM, October 19, 2007, Blogger kirk

Ama vo koja armada 1 ili 2.Amrada 2 e interesna igrica.