Monday, November 21, 2005
Универзалниот преведувач е (фиктивен) уред кој често се појавува како мотив во повеќе дела од научната фантастика, не само во Ѕвездени Патеки. Неговата цел е едноставна, а таа е да понуди симултан двонасочен превод помеѓу кои и да било јазици. Исто како и натсветлосниот погон, оваа технологија се зема како општо прифатена конвенција во научната фантастика.

По правило, универзалниот преведувач проработува веднаш, но ако тој јазик никогаш порано не бил сретнат, може да се појави одредено доцнење додека преведувачот правилно да го изработи преводот.

Во фиктивниот Star Trek универзум, универзалниот преведувач е измислен во 2151 и се уште е во експериментална фаза кога се лансира првиот Ентерпрајз. Овој прототип може да се користи само за комуникација помеѓу бродови, а за мисии кои инволвираат директен контакт надвор од бродот потребен е вешт лингвист - во случајот на Ентерпрајз, Хоши Сато - особено кога треба да се прочитаат вонземски јазици на контролни панели и дисплеи. Хоши Сато ја открива матрицата за лингвакод во нејзините доцни 30-ти.

Во 23-тиот век, УП е компактен, во облик на палка за држење со рака. Капетанот Кирк, од Ентерпрајз, запрашан од Зефрам Кокрејн да објасни на кој начин работи уредот, објаснува дека постојат одредени универзални идеи и концепти кои се вообичаени за сиот интелигентен живот. Преведувачот ги споредува фреквенциите на мозочните бранови, ги одбира оние идеи кои ги препознава, и ја обезбедува потребната граматика. (TOS: "Metamorphosis")

Во 24-тиот век (TNG) УП технологијата е толку напредна што се интегрира во ком-беџот на персоналот од Ѕвездената Флота. Како куриозитет, Ференгите го имплантираат во своите ушни школки.

Универзалниот преведувач некогаш не проработува, кога тоа е од клучно значење за натамошниот заплет, на пример во случајот на Тамаријанците, кои зборуваат со јазик на метафори извлечени од нивното богато културно наследство. (TNG: "Darmok")
 
автор: Dr. Philem0n @ 11/21/2005 02:29:00 PM |


3 Comments:


At 7:00 PM, November 21, 2005, Blogger Damjan

Kom-bedz?!! Abe aj, pa mozese da reces komunikator ili da pises comm-badge.

 

At 3:53 AM, November 22, 2005, Blogger Dr. Philem0n

О ти, кутар, кутар човеку...

 

At 5:51 PM, November 22, 2005, Anonymous Damjan

Zasto sum kutar,kutar covek?