Wednesday, November 23, 2005
Преамбулата од Уставот на Федерацијата:

Ние интелигентните суштества од Обединетата Федерација на Планети одлучивме:

Да ги поштедиме генерациите кои доаѓаат по нас од несреќата на интра-галактичка војна која донесе невиден ужас и страдање во нашите планетарни општествени системи, и

Да ја потврдиме вербата во основните права на интелигентните живи суштества, во достоинството и вредноста на секоја интелигентна индивидуа од овие живи суштества, со еднакви права за машките и женските и за планетарните општествени системи, големи и мали, и

Да воспоставиме услови под кои правдата и взаемната почит спрема обврските кои произлегуваат од спогодбите и другите извори на меѓупланетарниот закон ќе бидат одржувани, и

Да промовираме општествен напредок и подобри стандарди за живот во поширока слобода,

И со овие цели да практикуваме благонаклона толеранција и мирен соживот едни со други во добрососедство, и:

Да ги здружиме нашите сили за одржување на интра-галактичкиот мир и безбедност, и

Преку усвојувањето на принципи и воведување методи да осигураме дека вооружени сили нема да бидат употребени освен во општа одбрана, и

Да ја употребиме интра-галактичката машинерија за промовирање на економскиот и општествен напредок на сите сите живи суштества,

Одлучивме да ги обединиме нашите напори за постигнување на овие цели.

Следствено на тоа, соодветните општествени системи, преку назначени претставници на планетата Бабел, кои претходно ги докажале своите способности на добар и задоволителен начин, се согласивме за овие Членови од Федерацијата на Обединетата Федерација Планети, и со ова воспоставуваме една интерпланетарна организација позната како Обединета Федерација на Планети.

Види линк: Star Trek Политика #1
 
автор: Dr. Philem0n @ 11/23/2005 12:01:00 AM |


2 Comments:


At 8:06 PM, November 28, 2006, Anonymous Anonymous

ovie ste gi stavile kao nasive politicari,Archer e Gruevski,Soval e Branko,Shran e Gaferi a Gral e Ahmeti. ili bese obratno.

 

At 8:06 PM, November 28, 2006, Anonymous Anonymous

ovie ste gi stavile kao nasive politicari,Archer e Gruevski,Soval e Branko,Shran e Gaferi a Gral e Ahmeti. ili bese obratno.