William Shatner, актерот кој го глумеше капетанот James T. Kirk, се спрема да го продаде каменот кој беше изваден од неговиот бубрег. 74 годишниот актер пред неколку недели заврши во болница поради болки во грбот, предизвикани од камен во бубрегот.Shatner планира да го понуди каменот на eBay. Парите од продадениот камен со "колекционерска вредност" актерот планира да ги донира во добротворни цели.
Оваа вест беше соопштена во телевизиското ток-шоу на Jimmy Kimmel, каде што Shatner беше гостин.





