Monday, December 26, 2005

На 5-ти јануари, 2006 година, во 20:00 часот, на Електротехничкиот факултет во Скопје, ќе се одржи предавање на тема Star Trek, наречено "Star Trek - Утопија или иднината". Ќе предава екипата на Мак Трек (јас, Златко и Докторот). Ова предавање е дел од специјалните предавања кои ги организира Скопското Астрономско Друштво. За сите информации обратете се на нашиот мејл, или на kontakt@astronomija.com.mk

Ден: 05.01.2006
Време: 20:00 часот
Место: Електротехнички факултет
Влезница: 50 денари.

Се гледаме таму. :)
 
автор: Бојан Николов @ 12/26/2005 01:37:00 PM | 12 коментар(и)
Wednesday, December 21, 2005
Ако сте го гледале документариот филм, "Trekkies 2", сигурно го памтите Вељко Видиќ, дечкото од Нови Сад. Изминативе години, дизајнира бродови, пишува Star Trek приказни и е активен преку српскиот фан-клуб Photon Tide. Ме заинтересира неговата работа на USS Ariane, и прво требаше да објавиме тука некои податоци повеќе, но со Вељко се договоривме да направиме интервју. Еве што има каже:

МакТрек: Здраво Вељко. За почеток кажи ни, како се запозна со Star Trek и кој беше првиот серијал што го гледаше?

Вељко: Поздрав до сите македонски trekkie-а! Со Star Trek се запознав преку Star Trek: The Next Generation која ја даваа на некогашната југословенска ноќна програма "Dan i Noc". Секако, пред тоа имав гледано два филма на ТВ, Star Trek: The Motion Picture и Star Trek: The Wrath of Khan. Значи, првата серија која ме воведе во Star Trek е The Next Generation.

МакТрек: Верувам дека читателите највеќе ги интересира твоето појавување во вториот дел од документарецот за Star Trek, "Trekkies". Раскажи ни нешто повеќе околу тоа? Како се случи екипата на "Trekkies" да дојде во Србија и Црна Гора?

Вељко: Па, цела приказна почна два месеци пред доаѓањето на екипата на "Trekkies 2". Еден господин од Америка, уредник на рубриката Fan Focus, во списанието Star Trek Communicator (официјално списание на Star Trek фан-клубот), Charlie Wall, кој објави интервју со мене, ја пренесе информацијата за мене, како Star Trek фан од Србија, на Denise Crosby која се спремаше за снимањето на Trekkies 2. Charlie Wall, по e-mail ми кажа дека зборел со Denise Crosby и ме праша дали е можно и јас да бидам филмот. После неколку дека ми кажа дека Denise Crosby доаѓа во Нови Сад да го сними делот со мене. Можеш да ја замислиш мојата реакција! Набрзина пратив мејл и им кажав дека не сум единствен фан и дека тука постои фан клубот Photon Tide. И, така, во рок од два месеца, Denise и компанија дојдоа во Србија и Нови Сад.

МакТрек: Кажи ни нешто повеќе за твоето дело, USS Ariane и fan-fiction приказните што ги пишуваш?

Вељко: Па, USS Ariane е брод заснован на Star Trek технологијата и идејата за Star Trek универзумот, со некои мали измени кои настанаа бидејќи користев некои постоечки научни теории за warp-от, штитовите и уште некои работи, за Ariane да биде пореална од останатите Star Trek бродови. Односно заснована на теориите кои веќе постојат. Ѕвездениот брод Ariаne е мојот 9 дизајниран брод кој е комплетен проект, ги содржи сите палуби, сите детали и најмногу сум горд на ова мое дело.

Освен тоа што многу време потрошив на дизајнирање на секој дел од Ariane, напишав и техничлки прирачник и првата приказна која се случува на Ariane. Ariane е брод кој е сместен после Доминионската војна и нејзиниот изглед потсеќа на Defiant само што е поголема. Едноставниот изглед е објаснет со тоа дека Федерацијата итно морала да ја обнови флотата, и дека Ariane била решение за модуларен брод со едноставна геометрија, за мултинаменски мисии.

Во првата приказна базирана на USS Ariane, млад екипаж на новиот брод тргнува да ја обнови истражувачката традиција на Starfleet, после долгата војна со Доминион.

МакТрек: Ти си дел од Photon Tide фан-клубот во СЦГ. Кажи ни нешто повеќе за Photon Tide, како функционира, колку членови има...

Вељко: Photon Tide е клуб кој го започна Реља Трајковиќ, со уште неколку луѓе од Star Trek BBS-от. После некое време клубот се регистрираше. Јас дојдов уште во првата или втората година, додека клубот сеуште не беше официјален. Photon Tide највеќе живее преку интернет, сајтови, форуми...Бидејќи членовите се од цела Србија, личниот контакт е редок и отежнат. Но, исто така клубот има и собири и заеднички проекти. Сега на пример, се спремаме за Beo Kon, првата sci-fi конвенција. Имаме околу 30 членови, од кои не се сите активни. Активни се оние кои допринесуваат околу ангажманите на Photon Tide. Со клубот управува сенат од пет сенатори, од кои еден сум и јас, додека претседател е Реља.

МакТрек: Кој ти е омилен Star Trek серијал, а кој омилен филм? И едно кратко прашање - Kirk или Picard? :)

Вељко: Најомилен серијал ми е Voyager, па после TOS, па TNG. Од филмовите Star Trek: The Undiscovered Country, а од капетаните дефинитвно Kirk!

МакТрек: Како ја замислуваш новата Star Trek серија? Што би сакал да видиш?

Вељко: Па, би сакал да се вратат во 24 век. Мислам дека најинтерсно би било повторно да се сними оргиналниот серијал, да се усоврши, да се посвети повеќе на визуелниот контекст на Star Trek, и на тој начин да се врати TOS на вистинското место.

 
автор: Бојан Николов @ 12/21/2005 11:09:00 AM | 0 коментар(и)
Sunday, December 18, 2005
Benjamin Sisko е најмногу познат по командувањето на вселенската станица Deep Space Nine во Bajor секторот. По откривањето на Bajor-скиот црвотек. По ова, меѓу народот на Bajor е познат како Пратеник на Пророците. Исто така, тој е и битен дел од Домионската војна.

Сиско е роден во 2332, во Њу Орлеанс на Земјата. На Starfleet Академијата се запишува во 2350 година. На Академијата го предводи и боречкиот тим.

Во неговата рана кариера битно е да се спомне служењето на бродот USS Livingston, заедно со неговиот ментор Curzon Dax. Подоцна е префрлен на USS Saratoga.

Сиско има син, Џејк со неговата сопруга Џенифер. Додека Џенифер и Џејк, во 2366 година се наоѓаат на USS Saratoga близу Земјата, за време на нападот на Borg расата, Џенифер го губи животот во борба со Borg. Borg расата тогаш е предводена од Locutus of Borg, односно асимилираниот капетан Jean-Luc Picard. Затоа Sisko го обвинува Picard за смртта на својата сопруга.

По смртта на својата сопруга, работи на USS Defiant, прототип брод, специјализиран за одбрана од Borg. Подоцна, во 2369 година, станува дел од Deep Space Nine, вселенеската станица. Наскоро почнува и Доминионската војна, по која добива и "Christopher Pike Медал за Храброст"

Види линк: Star Trek: Deep Space Ninе
 
автор: Бојан Николов @ 12/18/2005 11:44:00 AM | 0 коментар(и)
Saturday, December 10, 2005
The Founders (метаморфите) ја приспособиле расата Vorta за да бидат дипломати и администратори на Dominion. Расата Vorta потекнува од планетата Kurill Prime во Gama квадрантот на нашата галаксија. Пред вмешувањето на метаморфите врз природниот развој на оваа раса тие биле мајмунести суштества со неразвиена интелигенција. Се ова започнало кога на нивната планета се урнал вселенскиот брод на еден метаморф, кој после уривањето бил повреден. Него го засолнале и го заштитиле од околните опасности една група Ворти (Vorta’s). За возврат на тоа метаморфот им ветил дека тие ќе станат дел од империја која некој ден ќе ја владее цела галаксија. Бидејќи Jem’Hadar-ите биле премногу насилни и не ги бидувало за ништо друго освен за борба, метаморфите ја ресеквенцирале ДНК-та на расата Vorta и со нив го поставиле вториот слој на Dominion, дипломатијата и администрацијата.

Една од најзабележливите карактеристики на расата Vorta се нивните големи заоблени уши кои завршуваат споени во главата, и нивната големина и облик и овозможуваат на оваа раса да го забележи најмалото вибрирање и најтивкиот звук. Тие се високо интелегентни и по природа се многу спокојни во зборувањето. На лик изгледаат и делуваат многу пријателски, но тоа е само за сокривање на нивната манипулативна природа. Во повеќето договори што федерациските офицери ги направија со Dominion, научија повеќе да ги веруваат Jem’Hadar-ите отколку расата Vorta. Додека Jem’Hadar-ите се плитки и неможат да излажат, скоро невозможно е да се “прочитаат” намерите на еден Vorta. Метаморфите исто така го имаат изменето генетското кодирање на оваа раса, така да и генетски подобрените Vort-и слепо ги следат и ги слушаат метаморфите, и ги сметаат за богови.

Во линијата на нивните дипломатски должности со кои ги застапуваат метаморфите, и како предпоставени на Jem’Hadar-ите, Vort-ите се имуни на скоро секов можен вид на отров. Тоа им е од особена предност кога ќе се справуваат со агресивни раси. Vorta се експерти за клонирање, и си чуваат резервни копии од самите со цел ако загинат да бидат повторно клонирани.

Еден специфичен Vorta, со име Weyoun имаше 8 реинкарнации, а последниот клон беше убиен од кардасијанецот Garak при опсадата на Cardasia Prime, пред завршувањето на војната. Истиов Vorta ја снабди Федерацијата со информации за нивната раса и за метаморфите. Тој истакна дека Vorta имаат одличен слух но многу лош вид. Исто така со генетското програмирање од страна на метаморфите, Vort-ите неможат ништо да вкусат и да јадат, со цел да ги спречат од сеќавање на нивниот живот пред да ги стават под свое водство. Метаморфите им даваат посебни специјални способности со цел да извршат дадена задача.

Vort-ите како предходно што се спомна се задолжени за дипломатијата и за администрацијата на Dominion. Тие се оние кои ја извршуваат диктатурата на метаморфите и договараат нови членства во Dominion. Кога им служат на метаморфите, Vort-ите се исто така предани во заштита на нивниот план. Во случај кога некој ќе ги зароби, тие се обврзани да извршат самоубиство отколку да паднат во непријателски раце. Тие ги почитуваат метаморфите исто колку и Jem’Hadar-ите и даваат поголем приоритет на сигурноста на метаморфите пред се друго.

Еден Vorta е скоро секогаш на глава на еден Jem’Hadar борбен брод, заедно со 42 Jem’Hadar-и. На борбените крузери се верува дека има неколку Vort-и кои имаат различна функција во раководството на бродот и неговите системи. Нивното влијание над Jem’Hadar-ите е исто така многу големо бидејќи Vort-ите им го доставуваат ензимот Ketracel White за да можат Jem’Hadar-ите да живеат.

Пред да им даде Ketracel White, главниот Vorta поминува низ едена церемонија при која го прашува првиот Jem’Hadar:

"First [Name], can you vouch for the loyalty of your men?"
"We pledge our loyalty to the Founders from now until death."
"Then receive this reward from the Founders. May it keep you strong."

 
автор: Ј. Зинговски @ 12/10/2005 03:55:00 PM | 0 коментар(и)
Monday, December 05, 2005
Во план е он-лајн Мак Трек антологија, која ќе биде достапна кон крајот на месецов. Значи, планот е да се соберат 30 најдобри текстови (не вклучувајќи ги текстовите за сериите и расите) објавени на Мак Трек. Целата е да не се загубат по архивите, и да бидат лесно достапни и на главната страна. Како ќе решиме кои текстови ќе се објават? Нормално, на форумот е отворена тема каде што ќе може да се даваат предлози. Кликнете тука.
 
автор: Бојан Николов @ 12/05/2005 11:54:00 PM | 0 коментар(и)
Jem'Hardar се генетски подобрена раса на елитни воини кои имаат само една цел во животот, а тоа е да им служат на Founders (метаморфите), и нив ги сметаат како богови. Jem'Hadar-ите се тотално потчинети на Vorta (раса која исто така е генетски креирана со цел да ги води Jem'Hadar-ите) и без приговор ги слушаат нивните наредби. Во нивната функција како борци, Jem'Hadar-ите се познати по нивната голема физичка издржливост и нивната голема желба за борба.

За да ја задржат нивната сконцентрираност во борбата, нивните креатори метаморфите (Founders), ја направиле целата раса да има само еден пол, машки. Ова ги прави Jem'Hadar-ите неспособни за размножување и полови односи. Со генетското инжинерство, оваа раса има природна особина да се вклопи во средината и да стане невидлива, тие не јадат, не спијат, не се релаксираат и секоја нивна победа е за слава на метаморфите.

Jem'Hadar-ите живеат за војна и за победа, како што вели нивната изрека “Victory is life!”, но нивниот животен век кратко трае. Тие се модифицирани за забрзано растење и нивниот животен век ретко поминува 20 години. Кога некој од расата ќе достигне 20 години тој се смета за почесен старешина. Родено во специјална породилна комора младенчето Jem'Hadar станува воздрасен за само 3 дена и тогаш е потолно подготвено за борба. Конструкцијата на крвта кај Jem'Hadar-ите е специјално дизајнирана да се распадне доколку не се користи редовно специфичен isogenic ензим, наречен “Ketracel White”, кој исто така ја зајакнува нивната лојалност и покорност кон метаморфите. Ketracel White не може да се произведи преку обични средства, па затоа за нивно производство се задолжени метаморфите кој го дистрибуираат ензимот на цела раса. Доколку Jem'Hadar-ите останат подолго време без ензимот тие ќе почнат да ја губат силата и способностите и на крај умираат. Пред да умрат од недостаток на ензимот, тие ќе ги убијат сите живи суштества што се околу нив со цел да нанесат повеќе штета пред да умрат.

Jem'Hadar-ите се распоредени во многу строга хиерархиска команда. Нивниот водач (First) е исто како Капетан во Starfleet, вториот во команда (second) е ист како прв офицер и така натаму. Наредбите од водачот не смеат да бидат расправани или занемарени. Водачот ја превзема одговорноста за сите во неговата група и ако некој од неговата група непослуша команда или се спротистави на надредените, водачот ќе биде казнет. Стандардниот Jem'Hadar воен брод нема главен екран (viewscreen), туку има два визори (кои се единственото што може да гледа што се случува надвор од бродот), од кои едниот е за надредениот Vorta а другиот е за водачот на групата (The First). Овој дизајн е за да ја зајакне довербата на Jem'Hadar-ите во нивниот водач и во Vorta, и за да се избегне паника во самоубиствени мисии.

Пред да влезат во борба водачот на групата извикува еден вид на борбена молитва:

"I am First [име] , and I am dead. As of this moment, we are all dead. We go into battle, to reclaim our lives. This we do gladly, for we are Jem'Hadar - remember, Victory is life!"

 
автор: Ј. Зинговски @ 12/05/2005 07:35:00 PM | 2 коментар(и)
Saturday, December 03, 2005
Информациите за економијата во Star Trek се делумни, случајно рафрлани долж епизодите во сите серии од оваа утопистичка сага, така што не може со сигурност да се извлече единствен и сумарен заклучок. Но, она што можеме да го прикажеме овде е дека таа економија функционира на принцип кој не е ниту капиталистички, ниту комунистички, без употреба на пари. Најприфатливиот модел е дека Star Trek економијата во суштина е технократија, односно дека науката доаѓа на прво место, а економијата е базирана врз енергетски ресурси.

"Сметам дека технологијата ќе не спаси. Исто така сметам дека нашата добрина ќе не спаси, основната човечка пристојност. Зошто луѓето се вработуваат во Star Trek? Зошто некој станува, на пример, пекар? Бидејќи семејството ќе му умре од глад?! Не. Луѓето стануваат пекари бидејќи некои од нив го сакаат мирисот на нешта кои се печат и бидејќи некои од нив се гордеат со тоа 'Дозволи ми да ти го дадам ова бидејќи е вкусно и ќе ти се допадне, а јас го направив, ова е мој рецепт'" - Gene Roddenberry

Но, сепак, социјалниот статус се уште се одредува според видот на работата која се врши, иако во овој случај примањата не играат никаква улога. Се подразбира дека не постои криминал.

Во ситуации кога реплицирањето е непрактично, невозможно или непожелно, се употребува монетарната единица Федерациски Кредит. Тоа е официјална меѓуѕвездена валута на Обединетата Федерација Планети и со неа се ракува електронски. Кредитите се распоредуваат како Репликаторски Кредит, Транспортер Кредит, Структурален Кредит (за живеалиште или складиште) и така натаму. Сите граѓани на Федерацијата добиваат кредити, кои се базирани на нивните индивидуални потреби. Граѓанинот може да ги пренамени своите кредити доколку некоја негова вонредна и ексклузивна потреба го надминува предвидениот лимит, преку штедење, апликација за донација и стара добра работа. Медицинската грижа и нега се бесплатни.

При контакти со вонземски цивилизации, граѓаните на Федерацијата едноставно ги информираат вонземјаните дека ќе 'платат' во Федерациски Кредити и дека вонземјаните ќе го добијат својот вистински надомест преку трговските договори меѓу двете влади.

"Многу нешта се сменети во последните 300 години. Луѓето повеќе не се опседнати со поседување 'нешта'. Го елиминиравме гладот, немаштијата, потребата за имот." - Picard му објаснува на Ralph Offenhouse од 20-тиот век (TNG: "The Neutral Zone")

"Економијата на иднината е сосем различна. Знаеш, не постојат пари во 24-тиот век... Поседувањето богатство повеќе не е движечката сила во нашите животи. Ние работите за да се подобриме себеси и остатокот од човештвото." - Picard и објаснува на Lily Sloane (Star Trek: First Contact)
 
автор: Dr. Philem0n @ 12/03/2005 09:39:00 AM | 1 коментар(и)
Мак Трек форумот падна на тестот. Затоа, одлучив да го реанимирам во склоп на Македонските Филмски Форуми. Сите заинтересирани се поканети на новиот форум.

Исто така, овој месец би требало да започне и Мак Трек фан-клубот. Но, повеќе информации околу ова, дури по состанокот на екипажот на Мак Трек кој ќе се одржи деновиве.
 
автор: Бојан Николов @ 12/03/2005 02:36:00 AM | 1 коментар(и)
Thursday, December 01, 2005
Една од непишаните особини на Star Trek е дека се до Deep Space 9 не постои елабориран приказ на каква и да било религија. Воведувањето на овој концепт во структурата на серијава, и воопшто во фиктивниот Star Trek универзум, се смета за контроверзен потег од страна на мнозина критичари и добар дел од фановите. Но, 'религијата' за која станува збор воопшто не е празноверие прикладно за ограничени умови, туку поправо еден културен или цивилизациски феномен на симбиоза помеѓу две различни категории битија, поврзани меѓу себе преку десетици милениуми на соживот и (веројатно?!) заедничка еволуција на иста планета, нешта кои историјата, архологијата и воопшто науката ќе ги потврди и објасни со текот на времето.

Пророците, исто така познати и како "вонземјани од црвотекот" се бестелесни вон-димензионални битија кои постојат во единствениот познат стабилен црвотек, оној во системот на Bajor. Потеклото на Пророците останува непознато, но како и да е, тие себеси се претставуваат дека се "од Bajor". Докажано е дека поседуваат исклучителни способности, ама и чувствителност на chroniton зрачење. Во нивната природна форма Пророците изгледаат како сина полупровидна енергија способна за брзо движење низ каква и да било средина. Кога комуницираат со посетители во нивното престојувалиште, Пророците се способни да се прикажат како лик од некој познат на самите посетители, преку испитување на нивната свест. Како и да е, во нормалната вселена Пророците можат да комуницираат со странци единствено преку заземање на некое физичко тело. Домаќинот е свесен за она што се случува, но нема контрола врз сопствените постапки.

Пророците не поседуваат сфаќање на времето како линеарно, така што е многу веројатно дека живеат надвор од нормалниот просторно-временски континуум, но како и да е, нивното постоење на Bajor е документирано пред најмалку 30.000 години.

Никогаш не е откриен точниот број на Пророци кои се наоѓаат во црвотекот, но сепак на неколку наврати Пророците имаат избркано тамошни жители поради сторени дела кои се опишани како зли. Овие избркани Пророци станале попознати како Пах-сеништа, од кои најистакнат е Kosst Amojan. За разлика од Пророците, овие отпадници се прикажуваат како црвена полупроѕирна енергија и често се опишани дека личат на пламен од оган. Пророците за нив имаат направено затвор на Bajor, во една древна пештера која на локалните жители им е позната како Огнена Пештера.
Во фиктивниот свет на Star Trek, во 2331, еден Пророк заминува на Земјата и го зема телото на жена по име Сара. Како Сара, Пророкот се мажи со еден жител на Земјата и зачнува дете. Набргу по раѓањето, Сара без објаснување го напушта семејството и подоцна умира. Се мисли дека Пророкот ја посетил Земјата со единствена намера да го осигура раѓањето на Бен Сиско и потоа го напушта телото на Сара оставајќи ја со едно семејство кое не е нејзино и затоа таа заминува без објаснување. Воопшто не е случајно дека Првиот Контакт меѓу Федерацијата и Пророците е остварен од страна на офицерот во Ѕвездената Флота Бен Сиско, во 2369. Жителите на Bajor го прославуваат овој настан и го именуваат Бен Сиско како пратеник на Пророците. Тој ја презема функцијата на заповедник за заедничката Bajor/Федерациска вселенска станица во самото предворје на црвотекот, по име Deep Space 9.

Што се однесува до Круговите, исто така познати и како Солзи на Пророците, тоа се мистериозни артефакти кои потекнуваат од Пророците. Тие се средишни за религијата на Bajor. 9 различни кругови се имаат појавено на небото над Bajor во изминатите 10.000 години, иако некои археолошки истражувања укажуваат на тоа дека жителите на Bajor го примиле првиот круг пред најмалку 30.000 години. Кругот навидум личи на енергетско поле во облик на песочен часовник и може да предизвика интензивни метафорички халуцинации кај оние кои ќе дојдат во допир со нив. Се мисли дека халуцинациите се индиректна порака од Пророците. Како и да е, Кругот реагира само на одредени индивидуи и останува мистерија кои услови мораат да бидат задоволени за да се предизвика визија а во некои случаи дури и задоцнети визии, дури и по неколку месеци. Древните жители на Bajor кои ги пронашле круговите ги именувале според видот на визија кој го поттикнуваат, а повеќето од тие визии се забележани и со текот на времето стануваат основа за многу од древните пророштва на Bajor и, конечно, одговорни за основањето на религијата од Bajor, која е заснована на обожавањето на Пророците како нивни богови.
Види линк Star Trek: Deep Space Nine
 
автор: Dr. Philem0n @ 12/01/2005 11:49:00 AM | 3 коментар(и)
На почетокот на TNG, Клигонците, главните негативци во TOS, се дел од Федерацијата, и веќе не претставуваат извор на опасност. Продуцентите, решавајќи дека тоа остава празнина која мора да биде пополнета, ги воведуваат Ференгите како најопасната закана кон Федерацијата. Нормално, овој план пропаднал кога никој не ги сфатил Ференгите многу заканувачки.

Ференгите доаѓаат од планетата Ференгинар. Главното политичко тело им е Алијансата која ја нагледува Ференги со титула Grand Nagus. Тие се комплетно капиталистичка раса, водена чисто од потрагата по (најчесто лична) заработка. Дури и влегувањето во домот на Ференги се наплаќа, а најчесто и се бара потпишување на договор за за превземање одговорност ако нешто фали по заминувањето. "Профит" е збор на кој ниеден Ференги не останува рамнодушен. Иако ова најчесто значи дека во нивното општество моралните вредности застануваат зад материјалните вредности, сепак во нивната историја не се наоѓа ништо за ропство или геноцид. Како личен етички и дури и професионален кодекс, тие ги употребуваат т.н. Правила на збогатување (Rules of Acquisition), збир од 285 често кажувани мисли кои лежат во основата на нивната филозофија. Иако со малку сурфање можат да се најдат сите правила кои досега се спомнати во сериите, тука ќе спомнам неколку од нив:
  • Greed is eternal. (#10)
  • Anything worth doing is worth doing for money. (#13)
  • Never place friendship above profit. (#21)
  • The justification for profit is profit. (#202)

Правилото број 4, "A woman wearing clothes is like a man in the kitchen", не носи до уште еден интересен аспект од општеството на Ференгите, а тоа е дека жените, според традиционалните закони, не смеат да учествуваат во речиси ниедна сфера од општествениот живот. Ова значи дека не смеат да поседуваат имот или да заработуваат, да одат некаде без машка придружба, или пак да зборуваат со непознати мажи, и што е најинтересно, не смеат да носат облека. Сепак во времето на DS9, почнува да станува популарна идејата дека со исклучување на жените од бизнисот се отфрла голема можност за заработка, идеја која и озовможува на Ishka (мајката на Quark и Rom, која за среќа на гледачите инсистира да носи облека) да започне движење за поголеми права на жените, за кое се претпоставува дека (ќе) има позитивен исход.

Визуелно, Ференгите ни се најпознати по големите уши (кај мажите обично поголеми отколку кај жените), кој им даваат супериорен слух, но и поголема осетливост на физичка болка. Веројатно најпознатиот Ференги во Star Trek универзумот е Quark (на сликата), еден од главните ликови во Deep Space Ninе, серијата во која расата е и најдобро опишана, иако многумина фанови не ги сакаат "ференгицентричните" епизоди. Меѓу овие фанови е и авторот на овој пост, кој од ваквите епизоди (иако не открива нешто ново на моменталната тема) единствено би ви ја препорачал "The Magnificent Ferengi", која му е и една од омилените епизоди од таа серија.

 
автор: З. Андоновски @ 12/01/2005 12:00:00 AM | 5 коментар(и)