Thursday, December 01, 2005
Една од непишаните особини на Star Trek е дека се до Deep Space 9 не постои елабориран приказ на каква и да било религија. Воведувањето на овој концепт во структурата на серијава, и воопшто во фиктивниот Star Trek универзум, се смета за контроверзен потег од страна на мнозина критичари и добар дел од фановите. Но, 'религијата' за која станува збор воопшто не е празноверие прикладно за ограничени умови, туку поправо еден културен или цивилизациски феномен на симбиоза помеѓу две различни категории битија, поврзани меѓу себе преку десетици милениуми на соживот и (веројатно?!) заедничка еволуција на иста планета, нешта кои историјата, архологијата и воопшто науката ќе ги потврди и објасни со текот на времето.

Пророците, исто така познати и како "вонземјани од црвотекот" се бестелесни вон-димензионални битија кои постојат во единствениот познат стабилен црвотек, оној во системот на Bajor. Потеклото на Пророците останува непознато, но како и да е, тие себеси се претставуваат дека се "од Bajor". Докажано е дека поседуваат исклучителни способности, ама и чувствителност на chroniton зрачење. Во нивната природна форма Пророците изгледаат како сина полупровидна енергија способна за брзо движење низ каква и да било средина. Кога комуницираат со посетители во нивното престојувалиште, Пророците се способни да се прикажат како лик од некој познат на самите посетители, преку испитување на нивната свест. Како и да е, во нормалната вселена Пророците можат да комуницираат со странци единствено преку заземање на некое физичко тело. Домаќинот е свесен за она што се случува, но нема контрола врз сопствените постапки.

Пророците не поседуваат сфаќање на времето како линеарно, така што е многу веројатно дека живеат надвор од нормалниот просторно-временски континуум, но како и да е, нивното постоење на Bajor е документирано пред најмалку 30.000 години.

Никогаш не е откриен точниот број на Пророци кои се наоѓаат во црвотекот, но сепак на неколку наврати Пророците имаат избркано тамошни жители поради сторени дела кои се опишани како зли. Овие избркани Пророци станале попознати како Пах-сеништа, од кои најистакнат е Kosst Amojan. За разлика од Пророците, овие отпадници се прикажуваат како црвена полупроѕирна енергија и често се опишани дека личат на пламен од оган. Пророците за нив имаат направено затвор на Bajor, во една древна пештера која на локалните жители им е позната како Огнена Пештера.
Во фиктивниот свет на Star Trek, во 2331, еден Пророк заминува на Земјата и го зема телото на жена по име Сара. Како Сара, Пророкот се мажи со еден жител на Земјата и зачнува дете. Набргу по раѓањето, Сара без објаснување го напушта семејството и подоцна умира. Се мисли дека Пророкот ја посетил Земјата со единствена намера да го осигура раѓањето на Бен Сиско и потоа го напушта телото на Сара оставајќи ја со едно семејство кое не е нејзино и затоа таа заминува без објаснување. Воопшто не е случајно дека Првиот Контакт меѓу Федерацијата и Пророците е остварен од страна на офицерот во Ѕвездената Флота Бен Сиско, во 2369. Жителите на Bajor го прославуваат овој настан и го именуваат Бен Сиско како пратеник на Пророците. Тој ја презема функцијата на заповедник за заедничката Bajor/Федерациска вселенска станица во самото предворје на црвотекот, по име Deep Space 9.

Што се однесува до Круговите, исто така познати и како Солзи на Пророците, тоа се мистериозни артефакти кои потекнуваат од Пророците. Тие се средишни за религијата на Bajor. 9 различни кругови се имаат појавено на небото над Bajor во изминатите 10.000 години, иако некои археолошки истражувања укажуваат на тоа дека жителите на Bajor го примиле првиот круг пред најмалку 30.000 години. Кругот навидум личи на енергетско поле во облик на песочен часовник и може да предизвика интензивни метафорички халуцинации кај оние кои ќе дојдат во допир со нив. Се мисли дека халуцинациите се индиректна порака од Пророците. Како и да е, Кругот реагира само на одредени индивидуи и останува мистерија кои услови мораат да бидат задоволени за да се предизвика визија а во некои случаи дури и задоцнети визии, дури и по неколку месеци. Древните жители на Bajor кои ги пронашле круговите ги именувале според видот на визија кој го поттикнуваат, а повеќето од тие визии се забележани и со текот на времето стануваат основа за многу од древните пророштва на Bajor и, конечно, одговорни за основањето на религијата од Bajor, која е заснована на обожавањето на Пророците како нивни богови.
Види линк Star Trek: Deep Space Nine
 
автор: Dr. Philem0n @ 12/01/2005 11:49:00 AM |


3 Comments:


At 3:28 PM, December 02, 2005, Blogger З. Андоновски

Единствено си заборавил да спомнеш дека круговите прават и пофрики ствари... Ако се сеќавам точно, еднаш така Кира беше вратена низ времето...

 

At 11:50 AM, December 29, 2005, Anonymous SWeko

Цепивлакнење: Kosst Amojan е уствари книга на одреден начин нашишана од Pah-сеништата, и само тој што ќе пролее невина крв на неа ќе може да го види текстот.

Во неа е опишан ритуалот кој е потребен за да се ослободат Сеништата од Огнените Пештери, и може да ја разбере само некој упатен во тајните на Беџоранската религија, како на пример Каи Вин.

П.С. Orb=Круг? Не ми текнува посреќен превод во моментот, ама јасно ми е дека овој ама ич не е среќен.

 

At 2:34 PM, December 24, 2009, Blogger .аНТИ

Можеби подобар превод од круг би било прстен. ORB=Прстен