Thursday, December 01, 2005
На почетокот на TNG, Клигонците, главните негативци во TOS, се дел од Федерацијата, и веќе не претставуваат извор на опасност. Продуцентите, решавајќи дека тоа остава празнина која мора да биде пополнета, ги воведуваат Ференгите како најопасната закана кон Федерацијата. Нормално, овој план пропаднал кога никој не ги сфатил Ференгите многу заканувачки.

Ференгите доаѓаат од планетата Ференгинар. Главното политичко тело им е Алијансата која ја нагледува Ференги со титула Grand Nagus. Тие се комплетно капиталистичка раса, водена чисто од потрагата по (најчесто лична) заработка. Дури и влегувањето во домот на Ференги се наплаќа, а најчесто и се бара потпишување на договор за за превземање одговорност ако нешто фали по заминувањето. "Профит" е збор на кој ниеден Ференги не останува рамнодушен. Иако ова најчесто значи дека во нивното општество моралните вредности застануваат зад материјалните вредности, сепак во нивната историја не се наоѓа ништо за ропство или геноцид. Како личен етички и дури и професионален кодекс, тие ги употребуваат т.н. Правила на збогатување (Rules of Acquisition), збир од 285 често кажувани мисли кои лежат во основата на нивната филозофија. Иако со малку сурфање можат да се најдат сите правила кои досега се спомнати во сериите, тука ќе спомнам неколку од нив:
  • Greed is eternal. (#10)
  • Anything worth doing is worth doing for money. (#13)
  • Never place friendship above profit. (#21)
  • The justification for profit is profit. (#202)

Правилото број 4, "A woman wearing clothes is like a man in the kitchen", не носи до уште еден интересен аспект од општеството на Ференгите, а тоа е дека жените, според традиционалните закони, не смеат да учествуваат во речиси ниедна сфера од општествениот живот. Ова значи дека не смеат да поседуваат имот или да заработуваат, да одат некаде без машка придружба, или пак да зборуваат со непознати мажи, и што е најинтересно, не смеат да носат облека. Сепак во времето на DS9, почнува да станува популарна идејата дека со исклучување на жените од бизнисот се отфрла голема можност за заработка, идеја која и озовможува на Ishka (мајката на Quark и Rom, која за среќа на гледачите инсистира да носи облека) да започне движење за поголеми права на жените, за кое се претпоставува дека (ќе) има позитивен исход.

Визуелно, Ференгите ни се најпознати по големите уши (кај мажите обично поголеми отколку кај жените), кој им даваат супериорен слух, но и поголема осетливост на физичка болка. Веројатно најпознатиот Ференги во Star Trek универзумот е Quark (на сликата), еден од главните ликови во Deep Space Ninе, серијата во која расата е и најдобро опишана, иако многумина фанови не ги сакаат "ференгицентричните" епизоди. Меѓу овие фанови е и авторот на овој пост, кој од ваквите епизоди (иако не открива нешто ново на моменталната тема) единствено би ви ја препорачал "The Magnificent Ferengi", која му е и една од омилените епизоди од таа серија.

 
автор: З. Андоновски @ 12/01/2005 12:00:00 AM |


5 Comments:


At 9:25 AM, December 01, 2005, Anonymous Васко

Од статијата: "На почетокот на TNG, Клигонците, главните негативци во TOS, се дел од Федерацијата, и веќе не претставуваат извор на опасност...". Точно е дека повеќе не се главна опасност но, тие никогаш не стануваат "дел од Федерацијата".

Ференгите (како и многу други раси во Star Trek) имаат пандан во историјата на развојот на човештвото. Суровиот капитализам од крајот на XIX и почетокот на XX век (дури и денес, но не во толкава мера) е урнекот по кој е создадено уредувањето на Ференгите. На тоа се дополнува и конзервативизмот од истиот период во врска со правата на жените.

Star Trek иако навидум е исклучиво поглед кон иднината, практично своите корени ги влече од историјата на човештвото.

 

At 11:06 PM, December 01, 2005, Anonymous Anonymous

da, ova so klingoncite e tocno.nekade se spomna deka tie vo 26 vek se del od federacijata, a ne vo vremeto na tng-24 vek

 

At 3:20 PM, December 02, 2005, Blogger З. Андоновски

Моја грешка, требаше да стои "во сојуз со". Daniels фино си кажува во Enterprise дека тек XXVI век ќе станат дел од Федерацијата.

 

At 3:53 PM, December 02, 2005, Anonymous Марко

Еве линк до сите Rules на Ференгите
http://www.dmwright.com/html/ferengi.htm

 

At 8:53 AM, December 03, 2005, Blogger Dr. Philem0n

Интересно околу Ференгите е нивната монетарна единица, латинум. Станува збор за течност која не може да се реплицира или синтетизира. Истата се пакува во златни шипки, при што 40,000 slips = 400 strips = 20 bars = 1 brick, по отстранувањето на латинумот, златната шипка се смета за бевредна. Идејата за латинум како нано-парично средство е предложена од страна на Robert Freits, погледнете овде и овде.