Wednesday, December 21, 2005
Ако сте го гледале документариот филм, "Trekkies 2", сигурно го памтите Вељко Видиќ, дечкото од Нови Сад. Изминативе години, дизајнира бродови, пишува Star Trek приказни и е активен преку српскиот фан-клуб Photon Tide. Ме заинтересира неговата работа на USS Ariane, и прво требаше да објавиме тука некои податоци повеќе, но со Вељко се договоривме да направиме интервју. Еве што има каже:

МакТрек: Здраво Вељко. За почеток кажи ни, како се запозна со Star Trek и кој беше првиот серијал што го гледаше?

Вељко: Поздрав до сите македонски trekkie-а! Со Star Trek се запознав преку Star Trek: The Next Generation која ја даваа на некогашната југословенска ноќна програма "Dan i Noc". Секако, пред тоа имав гледано два филма на ТВ, Star Trek: The Motion Picture и Star Trek: The Wrath of Khan. Значи, првата серија која ме воведе во Star Trek е The Next Generation.

МакТрек: Верувам дека читателите највеќе ги интересира твоето појавување во вториот дел од документарецот за Star Trek, "Trekkies". Раскажи ни нешто повеќе околу тоа? Како се случи екипата на "Trekkies" да дојде во Србија и Црна Гора?

Вељко: Па, цела приказна почна два месеци пред доаѓањето на екипата на "Trekkies 2". Еден господин од Америка, уредник на рубриката Fan Focus, во списанието Star Trek Communicator (официјално списание на Star Trek фан-клубот), Charlie Wall, кој објави интервју со мене, ја пренесе информацијата за мене, како Star Trek фан од Србија, на Denise Crosby која се спремаше за снимањето на Trekkies 2. Charlie Wall, по e-mail ми кажа дека зборел со Denise Crosby и ме праша дали е можно и јас да бидам филмот. После неколку дека ми кажа дека Denise Crosby доаѓа во Нови Сад да го сними делот со мене. Можеш да ја замислиш мојата реакција! Набрзина пратив мејл и им кажав дека не сум единствен фан и дека тука постои фан клубот Photon Tide. И, така, во рок од два месеца, Denise и компанија дојдоа во Србија и Нови Сад.

МакТрек: Кажи ни нешто повеќе за твоето дело, USS Ariane и fan-fiction приказните што ги пишуваш?

Вељко: Па, USS Ariane е брод заснован на Star Trek технологијата и идејата за Star Trek универзумот, со некои мали измени кои настанаа бидејќи користев некои постоечки научни теории за warp-от, штитовите и уште некои работи, за Ariane да биде пореална од останатите Star Trek бродови. Односно заснована на теориите кои веќе постојат. Ѕвездениот брод Ariаne е мојот 9 дизајниран брод кој е комплетен проект, ги содржи сите палуби, сите детали и најмногу сум горд на ова мое дело.

Освен тоа што многу време потрошив на дизајнирање на секој дел од Ariane, напишав и техничлки прирачник и првата приказна која се случува на Ariane. Ariane е брод кој е сместен после Доминионската војна и нејзиниот изглед потсеќа на Defiant само што е поголема. Едноставниот изглед е објаснет со тоа дека Федерацијата итно морала да ја обнови флотата, и дека Ariane била решение за модуларен брод со едноставна геометрија, за мултинаменски мисии.

Во првата приказна базирана на USS Ariane, млад екипаж на новиот брод тргнува да ја обнови истражувачката традиција на Starfleet, после долгата војна со Доминион.

МакТрек: Ти си дел од Photon Tide фан-клубот во СЦГ. Кажи ни нешто повеќе за Photon Tide, како функционира, колку членови има...

Вељко: Photon Tide е клуб кој го започна Реља Трајковиќ, со уште неколку луѓе од Star Trek BBS-от. После некое време клубот се регистрираше. Јас дојдов уште во првата или втората година, додека клубот сеуште не беше официјален. Photon Tide највеќе живее преку интернет, сајтови, форуми...Бидејќи членовите се од цела Србија, личниот контакт е редок и отежнат. Но, исто така клубот има и собири и заеднички проекти. Сега на пример, се спремаме за Beo Kon, првата sci-fi конвенција. Имаме околу 30 членови, од кои не се сите активни. Активни се оние кои допринесуваат околу ангажманите на Photon Tide. Со клубот управува сенат од пет сенатори, од кои еден сум и јас, додека претседател е Реља.

МакТрек: Кој ти е омилен Star Trek серијал, а кој омилен филм? И едно кратко прашање - Kirk или Picard? :)

Вељко: Најомилен серијал ми е Voyager, па после TOS, па TNG. Од филмовите Star Trek: The Undiscovered Country, а од капетаните дефинитвно Kirk!

МакТрек: Како ја замислуваш новата Star Trek серија? Што би сакал да видиш?

Вељко: Па, би сакал да се вратат во 24 век. Мислам дека најинтерсно би било повторно да се сними оргиналниот серијал, да се усоврши, да се посвети повеќе на визуелниот контекст на Star Trek, и на тој начин да се врати TOS на вистинското место.

 
автор: Бојан Николов @ 12/21/2005 11:09:00 AM |


0 Comments: