Monday, December 05, 2005
Jem'Hardar се генетски подобрена раса на елитни воини кои имаат само една цел во животот, а тоа е да им служат на Founders (метаморфите), и нив ги сметаат како богови. Jem'Hadar-ите се тотално потчинети на Vorta (раса која исто така е генетски креирана со цел да ги води Jem'Hadar-ите) и без приговор ги слушаат нивните наредби. Во нивната функција како борци, Jem'Hadar-ите се познати по нивната голема физичка издржливост и нивната голема желба за борба.

За да ја задржат нивната сконцентрираност во борбата, нивните креатори метаморфите (Founders), ја направиле целата раса да има само еден пол, машки. Ова ги прави Jem'Hadar-ите неспособни за размножување и полови односи. Со генетското инжинерство, оваа раса има природна особина да се вклопи во средината и да стане невидлива, тие не јадат, не спијат, не се релаксираат и секоја нивна победа е за слава на метаморфите.

Jem'Hadar-ите живеат за војна и за победа, како што вели нивната изрека “Victory is life!”, но нивниот животен век кратко трае. Тие се модифицирани за забрзано растење и нивниот животен век ретко поминува 20 години. Кога некој од расата ќе достигне 20 години тој се смета за почесен старешина. Родено во специјална породилна комора младенчето Jem'Hadar станува воздрасен за само 3 дена и тогаш е потолно подготвено за борба. Конструкцијата на крвта кај Jem'Hadar-ите е специјално дизајнирана да се распадне доколку не се користи редовно специфичен isogenic ензим, наречен “Ketracel White”, кој исто така ја зајакнува нивната лојалност и покорност кон метаморфите. Ketracel White не може да се произведи преку обични средства, па затоа за нивно производство се задолжени метаморфите кој го дистрибуираат ензимот на цела раса. Доколку Jem'Hadar-ите останат подолго време без ензимот тие ќе почнат да ја губат силата и способностите и на крај умираат. Пред да умрат од недостаток на ензимот, тие ќе ги убијат сите живи суштества што се околу нив со цел да нанесат повеќе штета пред да умрат.

Jem'Hadar-ите се распоредени во многу строга хиерархиска команда. Нивниот водач (First) е исто како Капетан во Starfleet, вториот во команда (second) е ист како прв офицер и така натаму. Наредбите од водачот не смеат да бидат расправани или занемарени. Водачот ја превзема одговорноста за сите во неговата група и ако некој од неговата група непослуша команда или се спротистави на надредените, водачот ќе биде казнет. Стандардниот Jem'Hadar воен брод нема главен екран (viewscreen), туку има два визори (кои се единственото што може да гледа што се случува надвор од бродот), од кои едниот е за надредениот Vorta а другиот е за водачот на групата (The First). Овој дизајн е за да ја зајакне довербата на Jem'Hadar-ите во нивниот водач и во Vorta, и за да се избегне паника во самоубиствени мисии.

Пред да влезат во борба водачот на групата извикува еден вид на борбена молитва:

"I am First [име] , and I am dead. As of this moment, we are all dead. We go into battle, to reclaim our lives. This we do gladly, for we are Jem'Hadar - remember, Victory is life!"

 
автор: Ј. Зинговски @ 12/05/2005 07:35:00 PM |


2 Comments:


At 12:13 PM, December 07, 2005, Anonymous Vasko

Да не го тупам многу, ама според официјалниот сајт е расата се вика "Jem'Hadar" (со апостроф како 'рж). Затоа и при изговорот H делумно се губи. Во последната реченица од текстот, цитатот, стои како што треба.
Во секој случај, браво, многу интересен текст.

 

At 10:41 PM, December 07, 2005, Blogger Ј. Зинговски

Фала за информацијата, сега е поправено името на расата. Не сум обрнал доволно внимание на тоа кога ја пишував статијата. Инаку фала за пофалбите.