Saturday, December 03, 2005
Информациите за економијата во Star Trek се делумни, случајно рафрлани долж епизодите во сите серии од оваа утопистичка сага, така што не може со сигурност да се извлече единствен и сумарен заклучок. Но, она што можеме да го прикажеме овде е дека таа економија функционира на принцип кој не е ниту капиталистички, ниту комунистички, без употреба на пари. Најприфатливиот модел е дека Star Trek економијата во суштина е технократија, односно дека науката доаѓа на прво место, а економијата е базирана врз енергетски ресурси.

"Сметам дека технологијата ќе не спаси. Исто така сметам дека нашата добрина ќе не спаси, основната човечка пристојност. Зошто луѓето се вработуваат во Star Trek? Зошто некој станува, на пример, пекар? Бидејќи семејството ќе му умре од глад?! Не. Луѓето стануваат пекари бидејќи некои од нив го сакаат мирисот на нешта кои се печат и бидејќи некои од нив се гордеат со тоа 'Дозволи ми да ти го дадам ова бидејќи е вкусно и ќе ти се допадне, а јас го направив, ова е мој рецепт'" - Gene Roddenberry

Но, сепак, социјалниот статус се уште се одредува според видот на работата која се врши, иако во овој случај примањата не играат никаква улога. Се подразбира дека не постои криминал.

Во ситуации кога реплицирањето е непрактично, невозможно или непожелно, се употребува монетарната единица Федерациски Кредит. Тоа е официјална меѓуѕвездена валута на Обединетата Федерација Планети и со неа се ракува електронски. Кредитите се распоредуваат како Репликаторски Кредит, Транспортер Кредит, Структурален Кредит (за живеалиште или складиште) и така натаму. Сите граѓани на Федерацијата добиваат кредити, кои се базирани на нивните индивидуални потреби. Граѓанинот може да ги пренамени своите кредити доколку некоја негова вонредна и ексклузивна потреба го надминува предвидениот лимит, преку штедење, апликација за донација и стара добра работа. Медицинската грижа и нега се бесплатни.

При контакти со вонземски цивилизации, граѓаните на Федерацијата едноставно ги информираат вонземјаните дека ќе 'платат' во Федерациски Кредити и дека вонземјаните ќе го добијат својот вистински надомест преку трговските договори меѓу двете влади.

"Многу нешта се сменети во последните 300 години. Луѓето повеќе не се опседнати со поседување 'нешта'. Го елиминиравме гладот, немаштијата, потребата за имот." - Picard му објаснува на Ralph Offenhouse од 20-тиот век (TNG: "The Neutral Zone")

"Економијата на иднината е сосем различна. Знаеш, не постојат пари во 24-тиот век... Поседувањето богатство повеќе не е движечката сила во нашите животи. Ние работите за да се подобриме себеси и остатокот од човештвото." - Picard и објаснува на Lily Sloane (Star Trek: First Contact)
 
автор: Dr. Philem0n @ 12/03/2005 09:39:00 AM |


1 Comments:


At 9:59 AM, December 05, 2005, Anonymous Alek

(izvinuvanje sto pisuvam na latinica)
Potrebno e da se trgne od nekoi raboti za koi ke se slozime. Toa deka opstestvoto e utopisko, bidejki i ne moze poinaku osve utopisko, a utopijata e pozitivna sto gi pravi Dzvezdenite pateki tolku unikatni.
Dali ste cule za kapitalisticka utopija ili komunisticka utopija? Prvite utopii voopsto napisani, pocnuvajki od zaboraveniot arapski mistik Al-Rushid, preku Kampanela, Mor bile komunisticki, i site bile pozitivni.
Za kapitalisticki utopii i nikoj ne govori, no po definicija tie se negativni kako na primer Blade Runner (setete se samo na golemite svetlecki reklami na japonski) od edna strana ili The brave new world (podelbata na klasi e otidena u bestraga- so pomos na genetski modifikacii sozdadeni se totalno otugeni licnosti) od druga.
Se na se sumirano, smetam deka e napravena greska koga pod kapital se podrazbiraat sredstvata za plakanje-pari ili krediti toa e isto bidejki sodrzat vrednost koja im e opstestveno dodeleno. Pod kapital podrazbirame odnos pri koj se sozdaavat visok vrednost koi vodat do profit ili kako Picard veli "poseduvanjeto bogatstvo". Zatoa (i poradi drugi pricini)ispravno e da se tvrdi deka opstestvoto na federacijata e komunisticko.