Monday, December 26, 2005

На 5-ти јануари, 2006 година, во 20:00 часот, на Електротехничкиот факултет во Скопје, ќе се одржи предавање на тема Star Trek, наречено "Star Trek - Утопија или иднината". Ќе предава екипата на Мак Трек (јас, Златко и Докторот). Ова предавање е дел од специјалните предавања кои ги организира Скопското Астрономско Друштво. За сите информации обратете се на нашиот мејл, или на kontakt@astronomija.com.mk

Ден: 05.01.2006
Време: 20:00 часот
Место: Електротехнички факултет
Влезница: 50 денари.

Се гледаме таму. :)
 
автор: Бојан Николов @ 12/26/2005 01:37:00 PM |


12 Comments:


At 2:41 PM, December 26, 2005, Anonymous Acid

Каде да ги подигнеме акредитациите? :-)

 

At 7:08 PM, December 26, 2005, Blogger З. Андоновски

Не знам за акредитации, јас моментално се радувам што не не пишува на плакатот со цело име и презиме, како што ме заплашуваше Докторот пред некоја недела :-)

 

At 2:05 PM, December 27, 2005, Anonymous Anonymous

Знам дека коментаров не е на вистинското место, но не најдов друг начин да ве контактирам.

Anyway:
Tcl/Tk (http://www.tcl.tk/) е вистински Стартрек програмски јазик :)

пример:
$ tcl
% clock format [clock seconds] -format "%Q"
Stardate 59989.5
% clock format [clock scan "2006-01-01"] -format "%Q"
Stardate 60002.0


Поздрав

 

At 3:21 PM, December 27, 2005, Anonymous Anonymous

kade potocno ke se odrzuva predavaneto, i kade se kupuvaat karti

 

At 3:58 PM, December 27, 2005, Blogger Zlatko

Za kapitalisticki utopii i nikoj ne govori, no po definicija tie se negativni kako na primer Blade Runner (setete se samo na golemite svetlecki reklami na japonski) od edna strana ili The brave new world (podelbata na klasi e otidena u bestraga- so pomos na genetski modifikacii sozdadeni se totalno otugeni licnosti. (Star Trek Ekonomija .. anonymous)

Opstestvoto vo Star trek e nedostizno, a za idninata, taa ke bide kako vo komentarot od ovj anonimecot.

Predlagam ako ne ste imale na um, da napravite eden audio zapis od predavanjeto da moze da go cujat i onie koj nema da mozat da dojdat na predavanjeto.

Pozdrav i srejkni praznici.

 

At 4:52 PM, December 27, 2005, Blogger Бобо Николов

Предвањето ќе се одржи на ЕТФ, а карти ќе се продаваат на врата.

@ Zlatko, предавањето веројатно ќе се снима и со видео камера.

 

At 1:00 AM, December 28, 2005, Anonymous Anonymous

bas me interesira kako ke izgleda celoto predavane, dali ke se odnesuva na opstestvoto vo Star Trek ( mnogu blisku na VISTINSKIOT komunizam ) ili na tehnikaliite ( na primer, spored albert ajnstajn, barem kolku sto nie znaeme , nisto ne moze da patuva pobrzo od brzinata na svetlinata , bidejki togas bi imalo beskonecno golema masa, i bi trebalo beskonecno mnogu energija za da se dvizi )

 

At 10:49 AM, December 28, 2005, Blogger Razvigor

Ми се допаѓа идејата и ми се допаѓа тоа што се наплаќа влезница, како пример за самофинансирање. Ако може ќе дојдам.

Но имам една замерка. Не пишува во огласот време и датум според принципот на мерење на Стар трек. ;-)

 

At 4:44 PM, December 28, 2005, Blogger .аНТИ

Следува ли со влезницата клингоншко пиво?

 

At 11:48 AM, December 29, 2005, Anonymous SWeko

Цепивлакнење: Kosst Amojan е уствари книга на одреден начин нашишана од Pah-сеништата, и само тој што ќе пролее невина крв на неа ќе може да го види текстот.

Во неа е опишан ритуалот кој е потребен за да се ослободат Сеништата од Огнените Пештери, и може да ја разбере само некој упатен во тајните на Беџоранската религија, како на пример Каи Вин.

П.С. Orb=Круг? Не ми текнува посреќен превод во моментот, ама јасно ми е дека овој ама ич не е среќен.

 

At 5:14 PM, December 29, 2005, Blogger Бобо Николов

.анти, влезот е без консумација. :)

 

At 1:46 PM, January 02, 2006, Anonymous Марко

Еј дали можи да ми кажите каде поточно е ЕТФ :) можи и сликче од гугл earth