Saturday, December 10, 2005
The Founders (метаморфите) ја приспособиле расата Vorta за да бидат дипломати и администратори на Dominion. Расата Vorta потекнува од планетата Kurill Prime во Gama квадрантот на нашата галаксија. Пред вмешувањето на метаморфите врз природниот развој на оваа раса тие биле мајмунести суштества со неразвиена интелигенција. Се ова започнало кога на нивната планета се урнал вселенскиот брод на еден метаморф, кој после уривањето бил повреден. Него го засолнале и го заштитиле од околните опасности една група Ворти (Vorta’s). За возврат на тоа метаморфот им ветил дека тие ќе станат дел од империја која некој ден ќе ја владее цела галаксија. Бидејќи Jem’Hadar-ите биле премногу насилни и не ги бидувало за ништо друго освен за борба, метаморфите ја ресеквенцирале ДНК-та на расата Vorta и со нив го поставиле вториот слој на Dominion, дипломатијата и администрацијата.

Една од најзабележливите карактеристики на расата Vorta се нивните големи заоблени уши кои завршуваат споени во главата, и нивната големина и облик и овозможуваат на оваа раса да го забележи најмалото вибрирање и најтивкиот звук. Тие се високо интелегентни и по природа се многу спокојни во зборувањето. На лик изгледаат и делуваат многу пријателски, но тоа е само за сокривање на нивната манипулативна природа. Во повеќето договори што федерациските офицери ги направија со Dominion, научија повеќе да ги веруваат Jem’Hadar-ите отколку расата Vorta. Додека Jem’Hadar-ите се плитки и неможат да излажат, скоро невозможно е да се “прочитаат” намерите на еден Vorta. Метаморфите исто така го имаат изменето генетското кодирање на оваа раса, така да и генетски подобрените Vort-и слепо ги следат и ги слушаат метаморфите, и ги сметаат за богови.

Во линијата на нивните дипломатски должности со кои ги застапуваат метаморфите, и како предпоставени на Jem’Hadar-ите, Vort-ите се имуни на скоро секов можен вид на отров. Тоа им е од особена предност кога ќе се справуваат со агресивни раси. Vorta се експерти за клонирање, и си чуваат резервни копии од самите со цел ако загинат да бидат повторно клонирани.

Еден специфичен Vorta, со име Weyoun имаше 8 реинкарнации, а последниот клон беше убиен од кардасијанецот Garak при опсадата на Cardasia Prime, пред завршувањето на војната. Истиов Vorta ја снабди Федерацијата со информации за нивната раса и за метаморфите. Тој истакна дека Vorta имаат одличен слух но многу лош вид. Исто така со генетското програмирање од страна на метаморфите, Vort-ите неможат ништо да вкусат и да јадат, со цел да ги спречат од сеќавање на нивниот живот пред да ги стават под свое водство. Метаморфите им даваат посебни специјални способности со цел да извршат дадена задача.

Vort-ите како предходно што се спомна се задолжени за дипломатијата и за администрацијата на Dominion. Тие се оние кои ја извршуваат диктатурата на метаморфите и договараат нови членства во Dominion. Кога им служат на метаморфите, Vort-ите се исто така предани во заштита на нивниот план. Во случај кога некој ќе ги зароби, тие се обврзани да извршат самоубиство отколку да паднат во непријателски раце. Тие ги почитуваат метаморфите исто колку и Jem’Hadar-ите и даваат поголем приоритет на сигурноста на метаморфите пред се друго.

Еден Vorta е скоро секогаш на глава на еден Jem’Hadar борбен брод, заедно со 42 Jem’Hadar-и. На борбените крузери се верува дека има неколку Vort-и кои имаат различна функција во раководството на бродот и неговите системи. Нивното влијание над Jem’Hadar-ите е исто така многу големо бидејќи Vort-ите им го доставуваат ензимот Ketracel White за да можат Jem’Hadar-ите да живеат.

Пред да им даде Ketracel White, главниот Vorta поминува низ едена церемонија при која го прашува првиот Jem’Hadar:

"First [Name], can you vouch for the loyalty of your men?"
"We pledge our loyalty to the Founders from now until death."
"Then receive this reward from the Founders. May it keep you strong."

 
автор: Ј. Зинговски @ 12/10/2005 03:55:00 PM |


0 Comments: