Tuesday, January 31, 2006
Првиот долгометражен Star Trek филм, снимен, повеќе од 10 години, после оргиналната серија. Капетанот Kirk, сега е веќе адмирал а со Enterprise командува капетанот Decker. По низа необјасниви напади врз Клингонски бродови, од неидентификуван напаѓач, Федерацијата насетува дека и се заканува опасност. Го повикуваат капетанот Kirk да ја превземе контролата над новиот Enterprise. Значи, се собира целиот екипаж, вклучувајќи го Spock, McCoy, Scotty и остнатите.

Понатаму во приказната се појавува "машината" V'Ger, која сака да стапи во контакт во нејзиниот Создавател. Не би било фер да откријам што е V'Ger, и како тече приказната понатаму, за да не им го уништам филмот на тие што не го гледале. :) Само ќе спомнам дека тоа што се случува на крајот, ги подгрева шпекулациите за настанувањето на Borg расата.

Да кажам неколку реченици и за тоа како е направен филмот. Нормално, со поголем буџет, десетина години после оргиналните серии, направен со посовремена технологија, подобри ефекти, поскапи сетови...За тоа време е одлично. Единствено не ми се допаѓаат униформите кои (за среќа) ги има само во овој филм. Кога сме веќе кај буџетот за филмов, мора да кажам дека во тоа време е запишан во Гинисовата Книга на Рекорди, како најскап филм во историјата. Чинел 46 милиони долари.

Битно е да се спомне дека филмов е базиран на сценарио/приказна наменета за Стар Трек серијал кој никогаш не ја здогледа светлината на денот. Да, зборувам за Star Trek: Phase II. Но, ете. Наместо нов серијал, било решено да се сними долгометражен филм.
 
автор: Бојан Николов @ 1/31/2006 06:53:00 PM | 6 коментар(и)
Monday, January 30, 2006
Конечно! Конечно! Конечно! Конечно некоја македонска телевизија реши да ги задоволи македонските Стар Трек фанови со прикажување на петтиот Стар Трек серијал!

Од денес (30.01.2006), во 19:30 часот, на ТВ Телма ќе можеме да гледаме Star Trek: Enterprise.



 
автор: Бојан Николов @ 1/30/2006 01:14:00 PM | 10 коментар(и)
Thursday, January 26, 2006
Пред неколку месеци, имав напишано статија за Borg, една од моите омилени раси во Star Trek. Тогаш не спомнав за тоа како тие патуваат низ галаксијата. Borg колективот за примарно "превозно средство" ја користи Borg коцката, или Borg Cube. Една таква коцка може да биде голема дури 28 кубни километри, носејќи екипаж од 200 000 Borg единки. Borg коцката се смета за брод со најголема деструктивна моќ.

Коцакта има необична структура, далеку поразлична од обичните бродови. Имено, нема ништо од она што го имаат обичните бродови. Но, затоа има штитови и оружја кои се многу помоќни од повеќето бродови кои ги знаеме. Коцката би можела да функционира дури и ако е 78% уништена. Опремена е со голем број, пласма зракови, фејзери, торпеда, итн.. За движење, користи transwarp технологија.

Најголем број на Borg коцки, има во Делта Квадрантот. Се смета дека има илјадници коцки кои се наоѓаат таму. Исто така, една коцка има моќ да асимилира цела планета.


Види линк: Borg расата
Види линк: Borg Sphere & Borg Diamond
 
автор: Бојан Николов @ 1/26/2006 07:00:00 PM | 8 коментар(и)
Tuesday, January 24, 2006
TrekUnited е организација која е основана во фебруари 2005, со цел да го спаси укинувањето на Star Trek: Enterprise. Се праќаа писма, се вртеа телефони...можеби безуспешно, но сепак се случи нешто кое уште повеќе ги обедини фановите и ги подзамисли Paramount.

Но, за тоа - другпат. Сакав нешто друго да кажам. Под TrekUnited, работи и интернет форум, кој што е можеби најголемиот Star Trek форум во светот - http://www.trekfansunited.com

Според членовите, и главните фаци таму, јас сум првиот и (сега за сега) единствен член од Македонија. Додека ние немаме наши луѓе таму, повеќето земји (меѓу кои и нашите соседи) имаат свои под-форуми на Trek Fans United. Конечно треба да го смениме тоа. Ги повикувам сите фанови да се зачленат на TFU и да ја основаме и Македонската Флота. :)
Ако се соберат доволно членови (кои ќе бидат активни на форумите на TFU), ќе станеме официјално дел од Trek Fans United.

Колку за информација, дечките од Trek Fans United се оние кои ја почнаа Enterprise петицијата.
 
автор: Бојан Николов @ 1/24/2006 12:00:00 AM |
Tuesday, January 17, 2006
Фановите на Star Trek: Enterprise, бараат од Paramount за 40 годишнината на Star Trek, да издаде direct-to-DVD филм со екипажот на Enterprise NX-01, или пак да сними мини серија со истиот екипаж. Петицијата е он-лајн, и за повеќе информации околу барањата - таму. Јас се потпишав, 32-риот потпис е мој. :)

Кликнете тука за да го дадете својот потпис.
 
автор: Бојан Николов @ 1/17/2006 02:46:00 PM | 7 коментар(и)
Monday, January 16, 2006

Section 31 е официјално непостоечка агенција во рамките на Известувачката служба на Ѕвездената Флота за која се смета дека дејствува во името на безбедноста на Обединетата Планетарна Федерација.

Не се достапни многу информации за активностите на организацијава, но еден од нејзините оперативци има изјавено дека Section 31 се занимава со закани насочени против Федерацијата за кои другите дури не се ни свесни дека постојат. Во 22-риот век, претходничката организација во рамките на Ѕвездената Флота на Земјата тајно дејствувала во интерес на Обединетата Земја.

Дејствата на Section 31 се независни и не се контролирани преку Командата на Ѕвездената Флота или владата на Федерацијата. Section 31 го добила своето име од Членот 14, Став 31 од Чартерот на Земјината Ѕвездена Флота, кој дозволува одредени правила на однесување да се "видоизменат" во случај на исклучителна опасност.

Може да се претпостави дека во 2161 година, кога е основана Обединетата Планетарна Федерација, со воспоставувањето на Ѕвездената Флота на Федерацијата, агенцијата подоцна позната како Section 31 или ја префрлила својата лојалност на ОПФ или е основана како гранка на нејзината претходничка од Земјината Ѕвездена Флота, и, можеби, кои и да било потенцијални Вулкански, Андоријански и/или Теларитски сродни организации.

Елитната Ромуланска известувачка агенција, Tal Shiar, е врвно почитувана сила во Ромуланската Ѕвездена Империја. Нејзината цел е да ја штити безбедноста на Империјата, како од Ромуланските непријатели (од кои најзначајни се Обединетата Планетарна Федерација и Клингонската Империја) така и од предавници во редовите на самата Ромуланска популација. Прикриеното, често пати и невидливо присуство на Tal Shiar ја одржува масата во постојана состојба на параноја, дека кои и да било знаци на незадоволство со статусот кво ќе резултираат со нивно 'исчезнување'.

Tal Shiar поднесува извештај само пред највисоките нивоа од Ромуланската влада, а дури и покрај тоа, презема многу мисии без непосредно знаење на Ромуланскиот Сенат, спроведувајќи операции со практична неказнивост насекаде низ Империјата. Нивниот авторитет го надминува оној на повеќето Ромулански воени офицери, поради што постои взаемна недоверба и омраза меѓу двете организации. Tal Shiar поседува сопствена флота, која ја користи најчесто за сопствени цели.

Во 2371, Tal Shiar формира коалиција со Кардасијанскиот Obsidian Order, за да спроведе предострожен напад врз матичниот свет на Основачите од Доминионот. Како и да е, и во самиот Tal Shiar во еден период се инфилтрираат Основачи. За разлика од Obsidian Order, Ромуланците успеваат да го возобноват Tal Shiar и покрај поразот.

Obsidian Order бил првобитната известувачка агенција на Кардасијанската Унија. Една од најнемилосрдните и најефикасни организации во квадрантот, Obsidian Order го надминувал дури и Ромуланскиот Tal Shiar во собирањето на информации и тајните операции. Речиси сите Кардасијанци живееле во страв од Obsidian Order, чие постојано надгледување довело до ненадејно отстранување на бројни "предавници". Се велело дека еден граѓанин на Кардасија не може да изеде оброк без секое јадење внимателно да се забележи од страна на агенцијата.

Obsidian Order бил одговорен за прашања поврзани со безбедноста и шпионажата, и затоа им било забрането да ракуваат со каква и да било воена опрема. Obsidian Order и воената Централна Команда често доаѓале во конфликт едни со други, особено бидејќи членовите на Кардасијанската војска не биле имуни на испрашувања од страна на Obsidian Order.

Организацијата на Obsidian Order била преку полу-автономни ќелии, кои биле изолирани една од друга така што заробувањето на кој и да било оперативец не претставувало закана за компромитирање на самата организација. Одредени агенти биле опремени и со кранијални импланти за подобро да се спротистават на измачување. Исто така постоела супстанција позната како promazine, која оперативците ја земале во случај на заробување.

Заедничкиот напад на Obsidian Order и Tal Shiar врз матичниот свет на Основачите пропаднал поради инфилтрација на организациите од страна на Основачите, тоа е познато како Битка кај Небулата Омарион. Овој неуспех ги уништил капацитетите на Obsidian Order, со што во суштина тој престанал да постои. Откако Кардасијанската Унија се приклучува кон Доминионот, улогата на Obsidian Order ја презема обезбедувањето на Доминионот и Кардасијанското Известувачко Биро.
 
автор: Dr. Philem0n @ 1/16/2006 04:17:00 PM | 1 коментар(и)
Wednesday, January 11, 2006
Деновиве се прошири новост која ги изненади Стар Трек фановите. Paramount го бара Patrick Stewart да ја повтори улогата на капетанот Jean-Luc Picard во новиот Star Trek долгометражен филм. Со оваа до некаде паѓаат во вода гласините дека новиот филм ќе биде приквел. Тука Paramount ќе мора да се потруди да го вметне андроидот Data кој загина во последниот филм, Star Trek: Nemesis. Останува да чекаме и да ги следиме новостите.
 
автор: Бојан Николов @ 1/11/2006 11:59:00 AM | 5 коментар(и)
Monday, January 09, 2006
Транспортерите се направи кои овозможуваат брзо пренесување (обично транспортирањето трае неколку секунди) на луѓе и предмети преку поголеми далечини. Воведени се во серијата бидејќи едноставно немало доволно голем буџет во тоа време за во секоја епизода да се прикажува слетувањето на бродовите. Иако Voyager го скрши мразот со приземјувањето на бродовите (повеќе пати го имаме видено Voyager на земја), транспортерите сепак остануваат важен дел од ST универзумот.

Пронаоѓач на транспортерот е Emory Erickson. USS Enterprise NX-01 е еден од првите бродови опремени со вакви направи, и како што се гледа од таа серија, на почетокот луѓето пристапуваат кон транспортирањето со недоверба, одбирајќи алтернативни начини на превоз кога е можно.

Типичното транспорирање се одвива вака некако: скенерите за нишанење најпрво ја фиксираат локацијата до која се транспортира нешто. Потоа молекуларните скенери го скенираат тоа нешто, кое по скенирањето се "растура" и се сместува во pattern bufferот (кој типично се наоѓа под транспортните падови, како тој на сликата). Содржината на pattern bufferот се испраќа во форма на тек на материја кон одредиштето преку емитери кои се наоѓаат на трупот на бродот. Текот на материја е сместен во annular confinement beam (ACB, или на македонски многу понемилозвучното "прстенаст зрак за ограничување") кој оневозможува растурање на молекулите на предметот на транспортирање насекаде низ вселената, и најверојатно е и тоа што го составува кога ќе стигне до целта.

Транспортерите имаат и вградени биофилтри кои се програмирани да ги отстранат непожелните микроорганизми од текот на материјата. Исто така, тука е можноста за онеспособување на оружјата во текот на транспортирањето, како и за пренасочување на зракот кога ќе се утврди дека се транспортира нешто опасно.

Сепак, и транспортерите имаат ограничувања. Очигледно, не може ништо (бар во општ случај) да се транспортира преку штитови. Има и одредени суспстанци и видови на зрачење кои функционираат како природни инхибитори на транспортерите, покрај направите што се изградени токму за оваа намена. Транспортирањето додека бродот е во warp е можно само доколку се транспортира меѓу два брода кои се движат со ист warp фактор, или пак ако едниот брод е во мирување, иако оваа процедура е прилично опасна и не е дозволена на Федерациските бродови.

И покрај високиот степен на усовршеност на транспортерската технологија, сепак од време на време се случуваат необични инциденти при преносот, обично како резултат на лошите услови или на дефект во самата направа. Најчесто овие инциденти се случуваат кога нешто се спојува или се разделува по грешка.

  • Kirk е разделен на својата добра и лоша верзија поради дефект на транспортерот. Подоцна се наоѓа начин да се спојат двајцата.
  • Riker се дуплира при транспортирање преку атмосферски пречки. Како резултат на ова во ST универзумот сега има двајца генетски идентични Rikerи, William Riker и Thomas Riker (вториов решава да го земе татковото име). Инаку, во таа епизода првичниот план бил да умре William Riker, а Thomas да остане на Enterprise.
  • Tuvok и Neelix се спојуваат во една личност која себеси се нарекува Tuvix. Докторот на Voyager подоцна наоѓа начин да ги раздели.
  • Неколку наносонди на Seven Of Nine се спојуваат со преносниот емитер на Докторот, создавајќи напреден Borg, кој нема да има многу долг живот.
 
автор: З. Андоновски @ 1/09/2006 07:10:00 PM | 1 коментар(и)