Monday, January 09, 2006
Транспортерите се направи кои овозможуваат брзо пренесување (обично транспортирањето трае неколку секунди) на луѓе и предмети преку поголеми далечини. Воведени се во серијата бидејќи едноставно немало доволно голем буџет во тоа време за во секоја епизода да се прикажува слетувањето на бродовите. Иако Voyager го скрши мразот со приземјувањето на бродовите (повеќе пати го имаме видено Voyager на земја), транспортерите сепак остануваат важен дел од ST универзумот.

Пронаоѓач на транспортерот е Emory Erickson. USS Enterprise NX-01 е еден од првите бродови опремени со вакви направи, и како што се гледа од таа серија, на почетокот луѓето пристапуваат кон транспортирањето со недоверба, одбирајќи алтернативни начини на превоз кога е можно.

Типичното транспорирање се одвива вака некако: скенерите за нишанење најпрво ја фиксираат локацијата до која се транспортира нешто. Потоа молекуларните скенери го скенираат тоа нешто, кое по скенирањето се "растура" и се сместува во pattern bufferот (кој типично се наоѓа под транспортните падови, како тој на сликата). Содржината на pattern bufferот се испраќа во форма на тек на материја кон одредиштето преку емитери кои се наоѓаат на трупот на бродот. Текот на материја е сместен во annular confinement beam (ACB, или на македонски многу понемилозвучното "прстенаст зрак за ограничување") кој оневозможува растурање на молекулите на предметот на транспортирање насекаде низ вселената, и најверојатно е и тоа што го составува кога ќе стигне до целта.

Транспортерите имаат и вградени биофилтри кои се програмирани да ги отстранат непожелните микроорганизми од текот на материјата. Исто така, тука е можноста за онеспособување на оружјата во текот на транспортирањето, како и за пренасочување на зракот кога ќе се утврди дека се транспортира нешто опасно.

Сепак, и транспортерите имаат ограничувања. Очигледно, не може ништо (бар во општ случај) да се транспортира преку штитови. Има и одредени суспстанци и видови на зрачење кои функционираат како природни инхибитори на транспортерите, покрај направите што се изградени токму за оваа намена. Транспортирањето додека бродот е во warp е можно само доколку се транспортира меѓу два брода кои се движат со ист warp фактор, или пак ако едниот брод е во мирување, иако оваа процедура е прилично опасна и не е дозволена на Федерациските бродови.

И покрај високиот степен на усовршеност на транспортерската технологија, сепак од време на време се случуваат необични инциденти при преносот, обично како резултат на лошите услови или на дефект во самата направа. Најчесто овие инциденти се случуваат кога нешто се спојува или се разделува по грешка.

  • Kirk е разделен на својата добра и лоша верзија поради дефект на транспортерот. Подоцна се наоѓа начин да се спојат двајцата.
  • Riker се дуплира при транспортирање преку атмосферски пречки. Како резултат на ова во ST универзумот сега има двајца генетски идентични Rikerи, William Riker и Thomas Riker (вториов решава да го земе татковото име). Инаку, во таа епизода првичниот план бил да умре William Riker, а Thomas да остане на Enterprise.
  • Tuvok и Neelix се спојуваат во една личност која себеси се нарекува Tuvix. Докторот на Voyager подоцна наоѓа начин да ги раздели.
  • Неколку наносонди на Seven Of Nine се спојуваат со преносниот емитер на Докторот, создавајќи напреден Borg, кој нема да има многу долг живот.
 
автор: З. Андоновски @ 1/09/2006 07:10:00 PM |


1 Comments:


At 8:19 PM, November 30, 2007, Anonymous Kikr

Kako nemav eden da si odev od skolo do doma.