Пред неколку месеци, имав напишано статија за Borg, една од моите омилени раси во Star Trek. Тогаш не спомнав за тоа како тие патуваат низ галаксијата. Borg колективот за примарно "превозно средство" ја користи Borg коцката, или Borg Cube. Една таква коцка може да биде голема дури 28 кубни километри, носејќи екипаж од 200 000 Borg единки. Borg коцката се смета за брод со најголема деструктивна моќ.Најголем број на Borg коцки, има во Делта Квадрантот. Се смета дека има илјадници коцки кои се наоѓаат таму. Исто така, една коцка има моќ да асимилира цела планета.
Види линк: Borg расата
Види линк: Borg Sphere & Borg Diamond






