Првиот долгометражен Star Trek филм, снимен, повеќе од 10 години, после оргиналната серија. Капетанот Kirk, сега е веќе адмирал а со Enterprise командува капетанот Decker. По низа необјасниви напади врз Клингонски бродови, од неидентификуван напаѓач, Федерацијата насетува дека и се заканува опасност. Го повикуваат капетанот Kirk да ја превземе контролата над новиот Enterprise. Значи, се собира целиот екипаж, вклучувајќи го Spock, McCoy, Scotty и остнатите.Да кажам неколку реченици и за тоа како е направен филмот. Нормално, со поголем буџет, десетина години после оргиналните серии, направен со посовремена технологија, подобри ефекти, поскапи сетови...За тоа време е одлично. Единствено не ми се допаѓаат униформите кои (за среќа) ги има само во овој филм. Кога сме веќе кај буџетот за филмов, мора да кажам дека во тоа време е запишан во Гинисовата Книга на Рекорди, како најскап филм во историјата. Чинел 46 милиони долари.
Битно е да се спомне дека филмов е базиран на сценарио/приказна наменета за Стар Трек серијал кој никогаш не ја здогледа светлината на денот. Да, зборувам за Star Trek: Phase II. Но, ете. Наместо нов серијал, било решено да се сними долгометражен филм.





