Monday, January 16, 2006

Section 31 е официјално непостоечка агенција во рамките на Известувачката служба на Ѕвездената Флота за која се смета дека дејствува во името на безбедноста на Обединетата Планетарна Федерација.

Не се достапни многу информации за активностите на организацијава, но еден од нејзините оперативци има изјавено дека Section 31 се занимава со закани насочени против Федерацијата за кои другите дури не се ни свесни дека постојат. Во 22-риот век, претходничката организација во рамките на Ѕвездената Флота на Земјата тајно дејствувала во интерес на Обединетата Земја.

Дејствата на Section 31 се независни и не се контролирани преку Командата на Ѕвездената Флота или владата на Федерацијата. Section 31 го добила своето име од Членот 14, Став 31 од Чартерот на Земјината Ѕвездена Флота, кој дозволува одредени правила на однесување да се "видоизменат" во случај на исклучителна опасност.

Може да се претпостави дека во 2161 година, кога е основана Обединетата Планетарна Федерација, со воспоставувањето на Ѕвездената Флота на Федерацијата, агенцијата подоцна позната како Section 31 или ја префрлила својата лојалност на ОПФ или е основана како гранка на нејзината претходничка од Земјината Ѕвездена Флота, и, можеби, кои и да било потенцијални Вулкански, Андоријански и/или Теларитски сродни организации.

Елитната Ромуланска известувачка агенција, Tal Shiar, е врвно почитувана сила во Ромуланската Ѕвездена Империја. Нејзината цел е да ја штити безбедноста на Империјата, како од Ромуланските непријатели (од кои најзначајни се Обединетата Планетарна Федерација и Клингонската Империја) така и од предавници во редовите на самата Ромуланска популација. Прикриеното, често пати и невидливо присуство на Tal Shiar ја одржува масата во постојана состојба на параноја, дека кои и да било знаци на незадоволство со статусот кво ќе резултираат со нивно 'исчезнување'.

Tal Shiar поднесува извештај само пред највисоките нивоа од Ромуланската влада, а дури и покрај тоа, презема многу мисии без непосредно знаење на Ромуланскиот Сенат, спроведувајќи операции со практична неказнивост насекаде низ Империјата. Нивниот авторитет го надминува оној на повеќето Ромулански воени офицери, поради што постои взаемна недоверба и омраза меѓу двете организации. Tal Shiar поседува сопствена флота, која ја користи најчесто за сопствени цели.

Во 2371, Tal Shiar формира коалиција со Кардасијанскиот Obsidian Order, за да спроведе предострожен напад врз матичниот свет на Основачите од Доминионот. Како и да е, и во самиот Tal Shiar во еден период се инфилтрираат Основачи. За разлика од Obsidian Order, Ромуланците успеваат да го возобноват Tal Shiar и покрај поразот.

Obsidian Order бил првобитната известувачка агенција на Кардасијанската Унија. Една од најнемилосрдните и најефикасни организации во квадрантот, Obsidian Order го надминувал дури и Ромуланскиот Tal Shiar во собирањето на информации и тајните операции. Речиси сите Кардасијанци живееле во страв од Obsidian Order, чие постојано надгледување довело до ненадејно отстранување на бројни "предавници". Се велело дека еден граѓанин на Кардасија не може да изеде оброк без секое јадење внимателно да се забележи од страна на агенцијата.

Obsidian Order бил одговорен за прашања поврзани со безбедноста и шпионажата, и затоа им било забрането да ракуваат со каква и да било воена опрема. Obsidian Order и воената Централна Команда често доаѓале во конфликт едни со други, особено бидејќи членовите на Кардасијанската војска не биле имуни на испрашувања од страна на Obsidian Order.

Организацијата на Obsidian Order била преку полу-автономни ќелии, кои биле изолирани една од друга така што заробувањето на кој и да било оперативец не претставувало закана за компромитирање на самата организација. Одредени агенти биле опремени и со кранијални импланти за подобро да се спротистават на измачување. Исто така постоела супстанција позната како promazine, која оперативците ја земале во случај на заробување.

Заедничкиот напад на Obsidian Order и Tal Shiar врз матичниот свет на Основачите пропаднал поради инфилтрација на организациите од страна на Основачите, тоа е познато како Битка кај Небулата Омарион. Овој неуспех ги уништил капацитетите на Obsidian Order, со што во суштина тој престанал да постои. Откако Кардасијанската Унија се приклучува кон Доминионот, улогата на Obsidian Order ја презема обезбедувањето на Доминионот и Кардасијанското Известувачко Биро.
 
автор: Dr. Philem0n @ 1/16/2006 04:17:00 PM |


1 Comments:


At 11:23 PM, January 16, 2006, Blogger Ca$per

Брат супер ти е текстов само зголеми малку фонт слабо се чита и боите ви се у лош контраст! Се друго ви е супер поздрав од тепај време! Одете на tepajvreme.blog.com