Monday, February 06, 2006
Репликаторите се базирани на истата технологија што ги овозможува транспортерите.

Репликаторите се можеби најинтересното парче технологија во Star Trek универзумот. Тие се способни навидум од ништо да создадат храна, опрема или речиси било каков материјал. Всушност, тие ништо не создаваат, туку транспортираат веќе постоечки материјал кој се чува на бродот (или местото каде што се наоѓа репликаторот) и во текот на транспортот го менуваат молекуларниот состав на тој материјал во тоа што било побарано.

За да може некој предмет да се реплицира, најпрво треба да се скенира. Ова скенирање се одвива на молекуларно ниво. Бидејќи молекуларната "шема" на било кој предмет зафаќа многу мемориски простор, скенираните податоци поминуваат низ алгоритам за компресија пред да бидат складирани. Во процесот на компресија се губи дел од податоците кој се смета за неважен за добивање на конечниот производ, на сличен начин како што се компресираат и JPG сликите во денешните компјутери. Вкусот (во случајот на храната и пијалоците) вообичаено останува ист, иако некои тврдат дека можат да ја забележат разликата помеѓу вистинско и реплицирано.

Интересно е да се каже дека додека ја истражував оваа тема за Мак Трек предавањето наидов на одговорот на едно прашање кое често си го поставував додека ги гледав сериите (и, нормално, заборавив да го кажам на предавањето): што се случува со чашата/шолјата/чинијата откако корисникот ќе заврши со јадењето/пиењето? Одговорот е дека корисникот треба да ги врати во репликаторот, кој ќе ги складира и претвори повторно во материјал за реплицирање.

Како што напишав погоре, не сите материјали можат да се реплицираат. Посложени работи како што се живи организми не можат да се создадат бидејќи тоа би барало скенирање на квантно ниво. Претпоставувам дека истото важи и за посложени машини, иако постојат и докази дека репликаторите можат да работат и на квантно ниво, притоа искористувајќи огромни количини енергија. Латинмуот е материјал кој не може да се реплицира, но во официјалните материјали нема никакво објаснување зошто е така. Во некоја книга (сеуште не ми текнува која, мислам дека се работи за некој од DS9 романите) е понудено објаснувањето дека латинумот има многу сложена молекуларна структура која е толку слична на некој друг материјал што сите обиди да се реплицира латинум завршуваат со добивање на другиов материјал.

Претходници на репликаторите (кои се појавуваат од TNG-ерата па натаму) се протеинските ресеквенцери (Enterprise) и синтисајзерите за храна (TOS).
 
автор: З. Андоновски @ 2/06/2006 02:07:00 AM |


6 Comments:


At 5:25 AM, February 07, 2006, Anonymous Anonymous

se registrirav na trekfansunited ali ne mozam da repliciram vo forumite.
"Sorry, you have not permision to replay on this forum!"

POMAGAJTE !

:)
TheBreaker

 

At 2:17 PM, February 07, 2006, Blogger Бобо Николов

Ќе биде. Почекај. :)

 

At 3:05 PM, February 10, 2006, Blogger Rogi

И мене ме интересира истото. Пробав се и сешто ама не можам да откријам што треба.

Однапред фала за корисни информации!!!

 

At 4:05 PM, February 10, 2006, Blogger Бобо Николов

Работата е што сте ставени на листа на validating users. Треба некое време за да ви профункционираат јузерите. Некогаш е одма, некогаш треба неколку часа, денови...

Инаку, TFU е привремено исклучен. Незнам кога ќе биде повторно он-лајн, па затоа проверувајте од време на време.

 

At 11:45 PM, February 11, 2006, Anonymous zlatko horor

________________________________
________________________________
Interesen e tekstot za replikatorite no kako li rabotot supersonicnite tusevi.

 

At 1:30 AM, February 12, 2006, Blogger З. Андоновски

Само во една епизода прикажуваат таква направа, и како за инат тоа е една од петте епизоди на Voyager што не сум ги гледал.

Баш пошто не се многу застапени во сериите не верувам да може да се најдат многу информации за како работат. Ама не дека сум побарал.