Saturday, February 18, 2006
Фотонските торпеда се едни од основните проектилни оружја на ѕвездените бродови и бази. Тие се всушност боеви глави од материја и анти-материја, кои предизвикуваат силна експлозија при нивно мешање. Најчесто бојата на фотонското торпедо е црвена, жолта или сина. Фотонските торпеда може да се испукуваат дури и при warp брзина на бродот.

Во XXIV век, технологијата на фотонските торпеда е толку напредната, односно додадени се сензори коишто можат да ја следат метата и да ја погодат/уништат.

Обично не се препорачува со фотонски торпеда да се пука во блиски цели, бидејќи тоа може да му наштети и на бродот од каде што е испукано торпедото. Во таков случај, кога мора да се испука во блиска цел, како на пример во една епизода од Star Trek: The Next Generation, штитовите може да се модифицираат за да се избегне штетата врз бродот од каде што е испукано.

Исто така, традиција на Ѕвездената Флота е, мртвите членови на екипажот на бродовите, да ги испукува во вселената преку празни фотонски торпеда.

Во 2368 година, фотонските торпеда се заменуваат со квантните торпеда.
 
автор: Бојан Николов @ 2/18/2006 03:37:00 PM |


5 Comments:


At 3:15 PM, February 19, 2006, Anonymous Развигор

Мислам дека тоа погребувањето со исфрлање, иако е еквивалент на „погреб во морето“ ми е некако несоодветно за вселенски брод, ептен е анахронизам.

Единствено што „Стартрек“ „ги вади“ е што имаат материјализатори кои им прават намирници и слично, ама сепак ми се чини ептен растрошно расфрлањето со физичките компонентни на човечкото тело кое може да се рециклира. Споредете со односот на Слободњаците (Fremen) во „Дина“.

 

At 3:20 PM, February 19, 2006, Anonymous Развигор

Мојов став го надополнувам и со извадок од постот за репликаторите на З. Андоновски: „Всушност, тие ништо не создаваат, туку транспортираат веќе постоечки материјал кој се чува на бродот (или местото каде што се наоѓа репликаторот) и во текот на транспортот го менуваат молекуларниот состав на тој материјал во тоа што било побарано.“

 

At 9:55 PM, February 19, 2006, Blogger Master Ckalja

Друго што е интересно како информација е дека Ѕвездената Флота не ги исфрла цеосно од употреба фотонските торпеда туку бродовите носат од двата вида и квантумските како посилни но и помалку достапни се користат само за посилни непријатели додека регуларно фотонските се сеуште во употреба.
Види (Opperation Mealstorm)

 

At 1:35 AM, February 20, 2006, Blogger З. Андоновски

развигор, мислам дека не им е до толку дојдено до зорт за да мора да си ги рециклираат мртвите. Да, би било практично во случај на бродови како Voyager што ептен се слаби со ресурси, но инаку би било џабе. Се друго на бродовите веќе се рециклира.

Во Дина тоа со водата беше ептен пошто живеат во пустина. Да ги рециклираат мртвите офицери во Star Trek би било како ние во реалниот живот да ја зимаме водата од мртвите.

 

At 11:24 PM, February 21, 2006, Blogger Razvigor

Мислам дека би било добро да се спореди со побарувањата за реалните вселенски летови, особено што во сите серии од Стартрек се работи за огромни екипажи со патувања кои траат со месеци или години...