Friday, February 24, 2006

Алфа Квадрантот е вообичаена ознака за една четвртина од Млечниот Пат. Неговите граници во Федерацијата се одредени преку меридијан кој минува преку центарот од галаксијата и Сончевиот Систем. Меѓуѕвездената политика на Алфа Квадрантот е дефинирана преку присуството на Обединетата Федерација Планети, заедно со другите локални велесили, како што се Кардасијанскиот Сојуз, Ценкетите и Здружението Ференги.

Бета Квадрантот е вообичаена ознака за другата четвртина од Млечниот Пат. Неговите граници во Федерацијата се одредени преку меридијан кој минува преку центарот од галаксијата и Сончевиот Систем, кој продолжува спирално околу галактичкиот диск. Меѓуѕвездената политика на Бета Квадрантот е дефинирана преку присуството на Обединетата Федерација Планети, Ромуланското Ѕвездено Царство и Клингонското Царство.

Гама Квадрантот е вообичаена ознака за третата четвртина од Млечниот Пат. Неговите граници се одредени преку еден меридијан кој минува преку центарот од галаксијата и Сончевиот Систем, и втор меридијан кој е нормален на центарот. Негова најблиска точка до Земјата се наоѓа оддалечена околу 30 000 светлосни години. Како и да е, стабилниот црвотек од Bajor го поврзува системот Idran од Гама Квадрантот со системот Bajor од Алфа Квадрантот. Најголем дел од Гама Квадрантот е под контрола на Доминионот, но се верува дека постојат некои други, помали сили на работ од нивната територија.

Делта Квадрантот е вообичаена ознака за четвртата четвртина од Млечниот Пат. Неговите граници во Федерацијата се одредени преку еден меридијан кој минува преку центарот од галаксијата и Сончевиот Систем, и втор меридијан кој е нормален на центарот. Негова најблиска точка до Земјата се наоѓа оддалечена околу 30 000 светлосни години. Најголема велесила во Делта Квадрантот, се до 2378, е Борг Колективот. Тие покриваат околу две третини од квадрантот, од границата со Бета Квадрантот нанадвор се до галактичката бариера. Други вонземски раси кои контролираат одредени области од квадрантот се, Видијците, Деворите, Кејзоните, Вотите, Хироџените, Хиерархијата и Мејлоните. Во алтернативна временска линија, Креним Империјата контролира широка територија, но Војаџер тоа го променува.

Види линк: Star Trek Политика #1 и Star Trek Политика #2.

 
автор: Dr. Philem0n @ 2/24/2006 02:15:00 AM |


6 Comments:


At 2:45 PM, March 01, 2006, Anonymous Anonymous

Пријателе, алал нека ти е за маката да не’ информираш за Ѕвездениве патеки. Знаес, може да размислите таму да напишете книга: Уставно право на Ѕвездениве патеки или евентуално Политички систем. Исто така, можете да отворите и институт, на пример за Клигонска култура или сл. Се зезам. Ептен си информиран и ме восхитува посветеноста во тоа што го правиш/ правите

 

At 2:06 PM, March 02, 2006, Blogger Dr. Philem0n

Chief Medical Officer's log, stardate -317165.98

Локација: Земја, Балкански Полуостров, Република Македонија

Се почесто се појавуваат лица со истото име "anonymous" и бидејќи не верувам дека нивните родители (евентуално кумовите) биле толку не-креативни, шпекулирам дека се работи за клонирани примероци од прото-хоминидите.

Препорака: за да се разликувате од овој тип на еволутивна слепа гранка, оставајте ваше име.

 

At 7:27 PM, March 03, 2006, Anonymous Zlatko horor

Pa Doc za dzabe nema vo choose an identity ponudeno i anonymous, covekot ednostavno ne sakal da otkrie koj e. Vo komentarot te narekuva prijatele, pa mozebi i e.

 

At 7:31 PM, March 03, 2006, Anonymous Anonymous

Локација: Земја, Балкански Полуостров, Република Македонија, Valandovo.

Inaku vo vrska so tekstot me interesira koja od velesilite vo alfa ima najgolema pofrsina (volumen).

pozdrav

 

At 8:34 PM, June 10, 2006, Anonymous revan

Другар, при прикажувањето имаш грешка напраено. т.е. сликата ти е грешна. Тоа што го имаш прикажано горе ти е целиот универзум, со огромното ѕвездено јадро, или масивна црна дупка во средина. Една галаксија претставува една бела точкичка од таа слика, а не цела четвртина од тоа! Има милијарди галаксии во универзумот, па можете да замислите колкаво е тоа чудо.

поздрав

 

At 12:47 AM, June 11, 2006, Anonymous revan

Се извинувам :))))
Добра си е сликата, јас сум во грешка....една точкичка од таа слика е еден сончев систем, а не галаксија...хехех

поздрав