Sunday, March 19, 2006
Borg Sphere е огромен брод кој што личи на топка кој го користи расата Borg. Овој брод најчесто има намена како тактичко летало за во длабока вселена.

Борг Сферите се драстично помали од Борг Коцките. Еден брод во облик на сфера има дијаметар од 600 метри, за разлика од коцките на кои секоја страна им е 3.000 метри. Во една Борг Коцка може да се складира еден помал брод од типот на сфера, како што имаме видено во филмот Star Trek: First Contact. Борг Сферата е значително послаба од другите бродови што ги имаат боргите, бидејќи еден брод од Sovering класа може да ја уништи.

Се предпоставува дека една Борг Сфера може да носи екипаж од 11000 borg drones (работници). Исто така во повеќе епизоди од сериите Star Trek ги имаме видено Борг Сферите како одат складирани во Борг Коцките и служат како еден вид на брод за спасување.

Borg Diamond или командниот брод на Боргите, е уникатен брод кој служи за пренесување на кралицата на боргите. Малце се знае за технологијата на овој брод или која е неговата намена, единствено се предпоставува дека со овој брод кралицата може да ги управува другите Борги. Бродот опремен со јаки оружја и штитови како и сите други бродови на Боргите, и можe да патува со transwarp брзини.

Diamond бродот го имаме видено и во акција во неколку епизоди во серијалот Voyager, каде што влегува во борба. Исто така Borg Diamond-от е уништен од страна на Janeway кога со торпедо ќе го затвори transwarp каналот. Некако Кралицата успеа да преживее, и не се знае дали има повеќе вакви бродови.

Види линк: Borg Cube

 
автор: Ј. Зинговски @ 3/19/2006 12:19:00 PM | 8 коментар(и)
Sunday, March 12, 2006
El-Aurian-ите се хуманоидна раса на "слушачи", која потекнува од системот El-Auria, во Делта Квадрантот. Нивниот матичен свет е асимилиран од страна на Боргите во 23-тиот век, а малкумината преостанати припадници на оваа раса се раселени ширум Млечниот Пат. Тие се екстремно долговечни.

Познато е дека еден El-Aurian (Guinan) ја посетила Земјата во 19-тиот век, пред човештвото воопшто да има какво и да било официјално сознание за вонземски раси. Иако никаде не е експлицитно објаснето, ова би сугерирало дека расава била способна за warp погон уште одамна пред тоа. (TNG: "Time's Arrow, Part I & II")

Во 2293 година, двата вселенски бродови со кои Федерацијата транспортира група на El-Aurian бегалци кон Земјата се уништени во Нексусот, блиску до Сончевиот Систем (Star Trek: Generations). Ентерпрајз успева да спаси двајца од бегалците, меѓу кои Guinan и доктор Tolian Soran.

El-Aurian-ите поседуваат разновидни и за жал недоволно објаснети моќи, од кои најјасно прикажана е еден своевиден облик на емпатија, која тие ја користат да им помогнат на другите, во својство на советници или доверливи личности, како што е Guinan за капетанот Picard. Другите, како на пример Martus Mazur (DS9: "Rivals") стануваат измамници, а доктор Soran пак го спроведува својот план за повторно влегување во Нексусот.

Се чини дека El-Aurian-ите се родени чувари на знаењето, и го користат својот екстремно долг животен век и исклучително развиена меморија да собираат приказни и животни искуства од најразновидни интелигентни суштества. Тоа знаење го чуваат за себе, и само повремено го споделуваат со другите раси. Покрај тоа, тие се природно чувствителни на промени во просторно-временскиот континуум, со што можат инстинктивно да насетат алтернативни временски линии. Останува нејасно зошто Q се "плаши" од Guinan, односно дали тоа е едноставно поради тоа што таа е El-Aurian, или поради нејзиното искуство со Нексусот.
 
автор: Dr. Philem0n @ 3/12/2006 11:00:00 PM | 3 коментар(и)
Friday, March 10, 2006
Trek Fans United бара помош од фановите при изработка на постерот за најголемата Star Trek конвенција во Европа, FEDCON.

Се што треба да направите е ако сте член на Trek Fans United (ако не сте, зачленете се, и Маедонија е дел од Trek Fans United), да испратите своја слика. Постерот ќе биде направен како колаж на слики од членовите на Trek Fans United.

За повеќе, кликнете тука.
 
автор: Бојан Николов @ 3/10/2006 12:46:00 PM | 0 коментар(и)
Friday, March 03, 2006

Ако сте гледале некоја епизода со оваа планета, тогаш сигурно знаете дека е местото каде што офицерите на Ѕвездената Флота одат да се одморат.

Се работи за М-класа на планета, од Земјата оддалечена 90 светлосни години. Но, сепак, Рајза е дел од Федерацијата. На почетокот Рајза била голема џунгла со нестабилно време и многу земјотреси, но народот кој живее таму, овој проблем го има решено преку т.н. Мрежа за контрола на климата. Тоа е систем преку кој се врши измена на природните климатски услови. Со тоа Рајза е претворена во прекрасно туристичко место, со поволна клима, извонредни тропски предели и прекрасни плажи. Рajза има и две месечни.

Годишно на Рајза доаѓаат милиони туристи од многу поодалечени планети.

Интересно е да се спомне дека жителите на Рајза се познати по отворената сексуалност. Тоа го даваат на знаење со статуетките познати како horga'hn. Сетете се на онаа епизода од Star Trek: The Next Generation кога Picard ќе треба да престојува на Рајза, а Riker ќе му даде horga'hn, без да му каже дека носејќи ја статуетката со себе, дава до знаење дека има потреба од секс. :)

Во епизодите со Рајза ќе забележите дека иако се работи за навидум мирна планета, каде што може некој слободно да се одмори, сепак се случуваат работи кои и не се толку добри. :)
 
автор: Бојан Николов @ 3/03/2006 08:25:00 PM | 1 коментар(и)