Sunday, March 19, 2006
Borg Sphere е огромен брод кој што личи на топка кој го користи расата Borg. Овој брод најчесто има намена како тактичко летало за во длабока вселена.

Борг Сферите се драстично помали од Борг Коцките. Еден брод во облик на сфера има дијаметар од 600 метри, за разлика од коцките на кои секоја страна им е 3.000 метри. Во една Борг Коцка може да се складира еден помал брод од типот на сфера, како што имаме видено во филмот Star Trek: First Contact. Борг Сферата е значително послаба од другите бродови што ги имаат боргите, бидејќи еден брод од Sovering класа може да ја уништи.

Се предпоставува дека една Борг Сфера може да носи екипаж од 11000 borg drones (работници). Исто така во повеќе епизоди од сериите Star Trek ги имаме видено Борг Сферите како одат складирани во Борг Коцките и служат како еден вид на брод за спасување.

Borg Diamond или командниот брод на Боргите, е уникатен брод кој служи за пренесување на кралицата на боргите. Малце се знае за технологијата на овој брод или која е неговата намена, единствено се предпоставува дека со овој брод кралицата може да ги управува другите Борги. Бродот опремен со јаки оружја и штитови како и сите други бродови на Боргите, и можe да патува со transwarp брзини.

Diamond бродот го имаме видено и во акција во неколку епизоди во серијалот Voyager, каде што влегува во борба. Исто така Borg Diamond-от е уништен од страна на Janeway кога со торпедо ќе го затвори transwarp каналот. Некако Кралицата успеа да преживее, и не се знае дали има повеќе вакви бродови.

Види линк: Borg Cube

 
автор: Ј. Зинговски @ 3/19/2006 12:19:00 PM |


8 Comments:


At 4:07 PM, March 26, 2006, Anonymous Anonymous

Ej bravo za site informacii,no zosto ne pisete poveke informacii i za akterite i akterkite,sigurna sum deka mashkite gi interesira koja e Seven of Nine "vo zivo",a nas zenskite Riker,Paris,Chakote itn. :)))

 

At 10:30 PM, March 27, 2006, Blogger Ј. Зинговски

Ќе се потрудиме да напишеме и статии за актерите во Star Trek серијалите.

 

At 12:14 PM, March 28, 2006, Anonymous sirius-b

Прво пишуваш дека во една коцка може да се складира 1 сфера, а после дека си ги видел сферите како се складирани во коцките? Како може еден брод што служи и како капсула за спасување да биде „складиран“?

Поздрав

 

At 7:28 PM, March 29, 2006, Blogger Ј. Зинговски

Можеби не ме разбра како што треба. Сферата е складирана во Коцката али кога на коцката и прети уништување, сферата ја напушта коцката и така спасува многу борг работници.

 

At 12:41 AM, March 30, 2006, Anonymous sirius-b

Разбрав. Ама морав да побарам и на други места за да ми се разјасни поубаво:) Супер ви е блогот.
Keep the good job you are doing:)

 

At 3:31 PM, April 02, 2006, Anonymous jadiburek

Ако таму некаде има некој колекционер со комплетните сезони од стартрек the next generation (jean luc piccard) го молам да ме контактира, ако има желба да сподели и заработи. Секако, јас сум подготвен да ја платам цената, секако разумна, за трудот на треки-фанот и матрерјалните трошоци. Претпоставувам дека се работи за едно 20 двд-а ако е во divx, xvid, avi, формат, или ако е преснимена од оригиналните двд изданија дури и повеќе двд-а, важно е да биде одличен квалитет на снимката
http://jadiburek.blog.com.mk/

 

At 1:44 AM, April 08, 2006, Anonymous Коста13

ГЛЕДАВТЕ ВЧЕРА ЅВЕЗДЕНИ ПАТЕКИ-ЕНТЕРПРАЈЗ ? ПРОНАЈДОА ЕДНИ БОРГИ КОИ ЗА МАЛКУ КЕ ИМ ГО АСИМИЛИРАА ФЛОКС-ДОКТОРОТ! БРЕЕ.. А ГИ ПОБЕДИЈА ИАКО ПРВПАТ ВИДЕЛЕ БОРГИ!

 

At 5:28 PM, April 24, 2006, Blogger Master Ckalja

Еј а ако е Sovereign најсилна класа на брод на Федерацијата и како што пишува - може сам да уништи ДУРИ и борг сфера што и не е најјако нешто да бидеме реални,
и ако нема брод кој што може да се носи со коцката, тогаш како ке биде спречена конечната инвазија од боргите???