Sunday, March 12, 2006
El-Aurian-ите се хуманоидна раса на "слушачи", која потекнува од системот El-Auria, во Делта Квадрантот. Нивниот матичен свет е асимилиран од страна на Боргите во 23-тиот век, а малкумината преостанати припадници на оваа раса се раселени ширум Млечниот Пат. Тие се екстремно долговечни.

Познато е дека еден El-Aurian (Guinan) ја посетила Земјата во 19-тиот век, пред човештвото воопшто да има какво и да било официјално сознание за вонземски раси. Иако никаде не е експлицитно објаснето, ова би сугерирало дека расава била способна за warp погон уште одамна пред тоа. (TNG: "Time's Arrow, Part I & II")

Во 2293 година, двата вселенски бродови со кои Федерацијата транспортира група на El-Aurian бегалци кон Земјата се уништени во Нексусот, блиску до Сончевиот Систем (Star Trek: Generations). Ентерпрајз успева да спаси двајца од бегалците, меѓу кои Guinan и доктор Tolian Soran.

El-Aurian-ите поседуваат разновидни и за жал недоволно објаснети моќи, од кои најјасно прикажана е еден своевиден облик на емпатија, која тие ја користат да им помогнат на другите, во својство на советници или доверливи личности, како што е Guinan за капетанот Picard. Другите, како на пример Martus Mazur (DS9: "Rivals") стануваат измамници, а доктор Soran пак го спроведува својот план за повторно влегување во Нексусот.

Се чини дека El-Aurian-ите се родени чувари на знаењето, и го користат својот екстремно долг животен век и исклучително развиена меморија да собираат приказни и животни искуства од најразновидни интелигентни суштества. Тоа знаење го чуваат за себе, и само повремено го споделуваат со другите раси. Покрај тоа, тие се природно чувствителни на промени во просторно-временскиот континуум, со што можат инстинктивно да насетат алтернативни временски линии. Останува нејасно зошто Q се "плаши" од Guinan, односно дали тоа е едноставно поради тоа што таа е El-Aurian, или поради нејзиното искуство со Нексусот.
 
автор: Dr. Philem0n @ 3/12/2006 11:00:00 PM |


3 Comments:


At 11:51 AM, March 16, 2006, Anonymous Anonymous

Pisete nesto i za Romulancite!

 

At 6:46 PM, March 16, 2006, Anonymous Zlatko

I za Kardasijcite. Spored mene se najzanimlivi od site, osobeno Garak.

 

At 4:01 PM, March 26, 2006, Anonymous Anonymous

Ej blogov e super,"Star trek" mi se omilena serija od mala osobeno TNG,navistina sum voodusevena sto pisuvate opsirno za serijata.