Sunday, April 30, 2006
Ѕвезда ни испрати статија за Trill расата.

Место на живеење

Планетата Trill е од класата М и се наоѓа во Алфа квадрантот. Составот на атмосферата е претежно кислород и азот, што ја прави многу слична со Земјата. Голем дел од планетата е водна површина со карактеристична виолетова боја. Два типа на интелигенти животни форми се развиле на оваа планета: хуманоиди и симбионти.

Физиономија

Видот Trill припаѓа на хуманоидна врста. Овој вид има две раси: Алфа претставува 10% од Trill-популацијата, и се разликува од Бета по испакнатите чела. Препознатлива карактеристика на двете раси се двата реда виолетови точки кои се протегаат од глава до пети на двете страни на телото. Овие белези можат да ја сменат формата со тек на време, но секогаш остануваат на исто место на телото. Припадниците на Алфа помеѓу себе комуницираат телепатски, додека расата Бета има развиено свој јазик. Вториот вид се Симбионтите, црвовидни суштества кои живеат во во морињата, или во водени базени чувани од The Guardians. Иако се многу интелигентни и имаат животен век од илјадници години, нивното тело не е доволно развиено. Симбионтите меќусебно комуницираат преку електрични импулси пренесувани од водата во којашто живеат.

Симбиоза и здружување

Мал дел од Trill популацијата (најчесто Бета) доброволно коегзистира со симбионт во нивните тела. Бидејќи симбионтите живеат подолго, по смртта на Trill-домаќинот се префрлуваат во друг Trill. Организмот кој претставува заедница од Trill и симбионт (joined Trill) поседува личност која е синтеза од двете суштества, ги наследува знаењето, сеќавањата, и донекаде личноста на претходниот домаќин. Комбинирањето на личностите може да доведе до сериозни психолошки проблеми доколку тие не се компатибилни, резултирајќи со отфрлање од страна на домаќинот и негова смрт. Кога Trill од расата Алфа се здружува со симбионт (што е редок случај), неговата личност е целосно потисната од личноста на симбионтот.

Процесот на здружување се состои од имплантирање на симбионтот во стомачната празнина на домаќинот и поврзување на церебралнот кортекс на двете суштества.

Последниот дел од церемонијата на здружување, zhian’tara е запознавањето на здружениот Trill со претходните домаќини. Личностите и сеќавањата на претходните домаќини телепатски се префрлуваат во телата на присутните пријатели, овозможувајќи му на новиот домаќин да се “запознае” со неговите претходници. По 93 часа од здружувањето, двата организми стануваат биолошки меѓузависни. Отстранувањето на симбионтот би значела сигурна смрт за домаќинот.

Општество

Trill-овите се водени од група здружени Trill-ови (joined Trills), познати како Community. Групата се избира од страна на симбионтите и здружените Trill-ови; нездружените Trill-ови немаат право на глас.

Trill-овите се технолошки напредна врста. Своето знаење го концентрираат на добронамерни експерименти и не се воинствена раса. За разлика од земјаните, романсата меѓу два Trill-a се смета за пречка и слабост на помладите; законот им забранува продолжување на романтична врска помеѓу здружени Trill-ови од страна на последователните домаќини.

Најголема чест за секој Trill е здружувањето со симбионт. Бидејќи бројот на симбионти е помал од бројот на Trills, потенцијалните домаќини се избрани по ригорозен тренинг и набљудување од Симбионтската Комисија. Одпрвин се сметало дека само 1 од 1000 Trills се погодни за да бидат домаќини, но всушност повеќе од 50% од нив се способни за истата функција. Овој факт се чува во тајност со цел да се одбегне потенцијалниот хаос кој би следел доколку оваа информација стане јавна; наместо бесценети зачувувачи на знаењето и искуството, симбионтите би станале пазарна мета.

Здравјето на симбионтот е секогаш на прво место, дури ако тоа би значело смрт за домаќинот. Сеќавањата на претходниот домаќин не смеат да влијаат врз службата и обврските на новиот домаќин. Ова е строго забрането од страна на Симбионтската комисија; доколку правилата се прекршат, виновните Trill-ови се отстрануваат засекогаш од општеството, и симбионтите умираат заедно со домаќинот.

 
автор: Бојан Николов @ 4/30/2006 06:25:00 PM | 5 коментар(и)
Friday, April 28, 2006
Повторно статија за Стар Трек раса напишана од читател. Авторот е Милан Тасевски.


Место на живеење

Најомилената моја раса, Андоријанците, се хуманоидна раса која живее на месечината Андорија која се наоѓа во Алфа Квадрантот близу Вулкан и е центар на Андоријанската Империја. Андоријанците, заедно со другите три раси (луѓето, Вулканците и Теларитите) ја формирале Обединетата Федерација на Планети (United Federation of Planets).

Физиологија

Андоријанците имаат сина кожа и бела коса, и имаат метаболизам подобар отколку кај луѓето. Многу се чувствителни на високи температури и ако некој Андоријанец е изложен на температура повисока од онаа на која водата врие тогаш тој може да изгуби 10% од својата тежина.

Карактеристична особина на Андоријанците се антените. Тие им служат за баланс. Доколку некој Андоријанец изгуби антена, тој подоцна не ќе може да се бори и губењето на антена претставува понижувачко искуство меѓу Андоријанците. Антените можат да се регенерираат и по 9 месеци да нараснат во иста големина. Некогаш антените покажуваат што чувствуваат Андоријанците. На пример насочување на антените кон некоја личност претставува чувство на привлечност.

Општество

Општеството на Андоријанците е милитаристичко. Ова може да се види по тоа дека оружјата на Андоријанците немаат опција за зашеметување. Тие никоаш не се борат без причина. Било чест да се служи во Андоријанската Империјална Гарда. Андоријанците се сметаат себеси за многу емотивна и страсна раса, иако не се многу дарежливи и добротворни, но затоа пак многу се емотивни кога се работи за нивните фамилии.

 
автор: Бојан Николов @ 4/28/2006 11:57:00 PM | 2 коментар(и)
Monday, April 24, 2006
Остана уште една недела да ја потпишете Enterprise петицијата, пред да биде испратена до Paramount. До сега се собрани околу 7500 потписи. Треба да се соберат вкупно 10000.

Ако не сте ја потпишале, потпишете. Можете да потпишувате САМО со различни мејлови. Ако пратите неколку потписи со ист мејл, тие ќе бидат НЕВАЖЕЧКИ. Потпишувајте со полно име и презиме.

За да потпишете, кликнете тука. За да дознаете што потпишувате, кликнете тука.

Петицијата ќе биде испратена до Paramount на 01.05.2006. Побрзајте.
 
автор: Бојан Николов @ 4/24/2006 11:59:00 PM | 3 коментар(и)
Sunday, April 23, 2006
Игор Патарaкоски ни испрати статија за Ромуланците:

-Потекло-

Ромуланците се раса од Бета Квадрантот. Нивната матична планета е Ромулус (Ромул). Ромуланците и Вулканците се биолошки роднини, односно потомци на оние кои ги одбиваат реформите на Сурак. Според теориите некои сметаат дека Вулканците и Ромуланците се потомци на луѓето на Саргон кој се смета за колонизатор на Вулкан пред 6 милиони години. Оваа теорија подоцна е потисната со откритието на прастарите хуманоиди- прародители.

Додека реформите на Сурак за прифаќање на логичките принципи и потиснување на емоциите брзо се шират низ Вулкан во 4-тиот век, малцинство Вулканци ги одбиваат идеите на Сурак. Нивните потомци подоцна ги населуваат планетите Калдер 2, Десика 2, Дракен 4, Јадала Прим, при што стануваат центар на оваа цивилизација позната како Дебрун која подоцна изумира.

По некое време прогонетите Вулканци ги населуваат планетите близначки Ромулус и Ремус( Ромул и Рем). Додека Ромулус е М-класа планета, Ремус е сурова планета богата само со големи количества на дилитиум и е дом на Реманците. Тие се интегрирани во ромуланското општество како граѓани од втор ред, и се користат како робови и за војници во првите редови. Од овие два света Ромуланците формираат меѓуѕвездена империја која се протега низ поголемиот дел на Бета Квадрантот позната како Ромуланска Ѕвездена Империја.

-Физиологија-

И покрај сродноста помеѓу Вулканците и Ромуланците постојат многу разлики. Кај нив недостасуваат ригорозните ментални дисциплини развиени од потомците на Сурак. Тие се избувлив народ. Додека Вулканците поседуваат многу поголема физичка сила од повеќето хуманоиди, Ромуланците се чини дека не се нешто посилни од обичен човек, можеби поради недостатокот на ментална дисциплина и подлагите услови на Ромулус.

-Општество-

Бидејќи Ромуланците се членови на милитантна цивилизација, кои сметаат дека бранењето на Империјата е нивна должност и лична чест, службата во војската и самите чинови се одлучувачки фактор во општеството. Но, додека војската има важна улога во Ромуланското општество, Ромуланскиот Сенат ја контролира владата.

Владата зависи од Тал Шиар, ромуланската тајна полиција, да го одржува редот и стабилноста помеѓу цивилите и војската.

Тал Шиар е позната по своите брутални тактики, кои најчесто вклучуваат киднапирања, мачење и елиминација. Многу Ромуланци се плашат дури и да искажат мислење. Но помеѓу Тал Шиар и војската постојат тензии.

Општеството им е базирано на касти и за разлика од другите раси во Алфа и Бета Квадрантот сеуште го подржуваат робовладетелството. Ромуланците се ксенофобични, преферираат подолги периоди на изолација. Тие исто така се познати како расисти кои се сметаат за супериорни во однос на другите раси. Ромуланците веруваат дека еден ден Ромуланската Ѕвездена Империја ќе владее со целата Вселена.

 
автор: Бојан Николов @ 4/23/2006 06:50:00 PM | 6 коментар(и)
Saturday, April 22, 2006
Вчера беше соопштена новост која ги потресе фановите на Стар Трек. Имено, во новиот долгометражен филм, единаесети по ред, (засега со работен наслов "Star Trek XI"), нема да го видиме капетанот Picard, ниту пак Archer, а најмалку нов екипаж. А, да не заборавиме што се збореше во јануари, затоа клик тука.

Новостите велат дека новото продолжение ќе го режира J.J. Abrams (кој го режираше Mission Impossible III), а приказната за деновите на Kirk и Spock, поминати на академијата, и нивната прва мисија во вселената.

Оваа вест (или ако сакаме да се тешиме - гласина) разочара многу фанови. Во нив спаѓам и јас, бидејќи сум сигурен дека не сакам да гледам млади глумци во униформите на William Shatner и Leonard Nimoy, односно Kirk и Spock. Приказната би била тотално беспотребна. Наместо Стар Трек да оди напред, се враќа назад.
 
автор: Бојан Николов @ 4/22/2006 02:55:00 AM | 8 коментар(и)
Sunday, April 16, 2006
Тродимензионалниот шах е варијанта на шахот, при што таблата се состои од седум нивоа, три поголеми фиксни нивоа и четири двојно помали подвижни нивоа. Стационарните нивоа се распоредени во облик на скали при што секое погорно ниво е поместено во однос на претходното за два реда. Подвижните нивоа почнуваат од аглите на горното стационарно ниво, при што ги покриваат агловите квадрати на најгорното и најдолното ниво, две по две. Фигурите се исти како и во традиционалниот шах: двајца Кралеви, две Кралици, четири Ловци, четири Топови, четири Коња и шеснаесет Пиони, поделени на Црни и Бели. Почетната положба на фигурите кога се гледа одозгора е иста како кај стандардната игра, со по еден Коњ, еден Топ и пар Пиони на секое од подвижните нивоа, а Ловците, Кралот, Кралицата и преостанатите четири Пиони на најгорното или најдолното стационарно ниво, при што Белиот е најдолу, а Црниот е најгоре, а средното ниво е празно. Движењето на фигурите е слично како кај традиционални шах, со тоа што може да се движат и вертикално по нивоата, зависно од фигурата, но како и да е, гледано одозгора, делува како правилен потег во традиционалниот шах.

Altonian brain teaser е неверојатно тешка сложувалка која одговара на тета мозочни бранови. Играта се состои од топка со повеќе бои, која играчот се обидува да ја претвори во цврст конус. За да се постигне ова потребна е целосна бистрина на умот, а играчот мора наполно да се фокусира на задачата, при што не постои никаков физички контакт.

Dabo е Ференги игра слична на рулет. Кога се добива, вообичаено се извикува "Dabo!" Често пати Dabo масата е лажирана. Dabo девојките се специјално обучени од страна на нивните работодавци да го свртуваат вниманието на играчите. Изреката гласи: "Гледај го тркалото, а не девојката."

Dom-jot е игра со топка и стап на табла со неправилна геометриска координација, слична на билијардот, со одредени елементи на pinball.

Tongo е стратешка игра на Ференгите која е комбинација на карти и рулет и се игра помеѓу два до осум играчи. Целта на играта е да се освои, или стекне, колку што е можно повеќе богатство. За да се учествува во Tongo мора да се има многу латинум. Четирите опции кои му стојат на располагање на играчот се 'соочување', 'избегнување', 'стекнување', или 'повлекување'. Секое фрлање на коцката има цена на 'ризик', 'купување' и 'продавање', при што износот на ризикот е еднаков на продавањето минус купувањето.

Kadis-kot е игра која користи хексагонална табла и 3 групи обоени елементи. Може да се игра помеѓу двајца, до пет играчи, било со една табла или со две.

Kal-toh е Вулканска игра на напорна стратегија која може да се игра сам или со повеќе играчи. Целта на kal-toh не е стремеж кон рамнотежа туку пронаоѓање никулци на редот дури и среде длабок хаос.

Kotra е популарна Кардасијанска игра со табла, која поправо претпочита храбри тактички маневри отколку дефанзивна игра.

Strategema е електронска игра со два противници. Опремата за играње се состои од холографски проектор кој создава слика на три паноа. Користејќи ги контролите кои се поставени на секој прст, играчите се обидуваат да ги движат елементите од играта со цел за да ја променат бојата на паноата во претходно назначена боја, додека другиот играч се обидува да го постигне истото. Кога еден играч целосно ќе ја промени бојата на паното во неговата означена боја, тој е победник.

Velocity е натпреварувачки спорт кој се игра еден против еден, при што секој играч мора да избегне да биде погоден од страна на еден диск преку пукање во него со phaser, одбивање од ѕидовите и испраќање кон противникот. Тоа е брза и напорна игра, при што двајцата играчи се во постојано движење, наведнување и вртење. Дискот кој се користи е аеродинамичен, метален предмет, со пречник од 20-тина сантиметри, кој свети со различна боја кога ќе биде погоден од страна на натпреварувачкиот phaser - вообичаено сино или црвено - зависно од боите кои се избрани претходно.
 
автор: Dr. Philem0n @ 4/16/2006 05:16:00 PM | 5 коментар(и)
Tuesday, April 11, 2006

Вчера, на кабелската мрежа G4 (во САД, се разбира) започна емитувањето на т.н. Star Trek 2.0. Star Trek 2.0 не е ништо друго, туку реемитување на старите епизоди од оригиналната серија, со додадени "интерактивни компоненти". Интерактивните компоненти се состојат од повеќе работи прикажани на екранот заедно со епизодата, вклучувајќи live chat преку кој ќе се прикажуваат коментарите на гледачите додека ја гледаат епизодата, потоа интересни факти за тековната епизода или за серијата воопшто, банални статистички податоци (колку пати досега Spock рекол "logical", колку пати Uhura ја допрела слушалката, колку рендом членови на екипажот умреле и сл.), и, што е можеби најбизарно, нешто што се вика Spock Market. Последново е симулација на берза на која гледачите ќе тргуваат со акции од членови на екипажот и други концепти од сериите (да, може да се купат акции од Kirk и да се продадат акции од Федерацијата) со кредити кои ги добиваат кога се даваат епизодите ако се регистрирани на www.g4tv.com/trek2.0, иако би морал да кажам дека не знам зошто некој би сакал да се занимава со ова.

Општото мислење меѓу Star Trek фановите е дека ова е уште еден очаен обид да се измолзат пари на стара слава.

 
автор: З. Андоновски @ 4/11/2006 03:35:00 AM | 5 коментар(и)
Tuesday, April 04, 2006

Rura Penthe е астероид кој го поседува Клингонската Империја. Се користи како колонија на која се чуваат затворениците осудени од Клингонската Империја. Астероидот е всушност рудник за дилитиум. На Rura Penthe има екстремно ладна температура, и целиот астероид е преплавен со глечери.

Затворениците копаат дилитиум под површината на Rura Penthe. Најголемата казна која што може да ја додели Клингонската Империја, е да осуди некој доживотно на Rura Penthe. Оваа казна се смета за полоша од смртната казна, иако се зборува дека на Rura Penthe тешко е да се преживее и шест месеци поради ниските температури.

За да се спречи транспортирање, односно бегство на затворенците со помош на транспортер, на Rura Penthe има магнетни штитови кои спречуваат такво транспортирање.

Еден од затворениците на Rura Penthe осуден доживотно е и капетанот Archer, кој е веднаш спасен од екипажот на Enterprise NX-01, а сигурно се сеќавате дека меѓу затворениците на Rura Penthe во Star Trek: The Undiscovered Country беа и капетанот Kirk и докторот McCoy. Но, и тие бегаат.
 
автор: Бојан Николов @ 4/04/2006 07:47:00 PM | 2 коментар(и)
Monday, April 03, 2006
За жал, не бев во можност да им се придружам на момциве. Следува кратка репортажа, која ја напиша Милан. Прочитајте подолу, и видите га сликите. :)


На први април по повод Маскенбалот што се случува секоја година во Скопје, јас, Нино и Љупчо се собравме со цел да го претставиме МАКТРЕК фан клубот, и искрено се надевам дека успешно го претставивме. Инаку се надевавме дека ќе се собереме повеќе луѓе, од прилика десетина, но поради приликите и зафатеноста на некои од тие луѓе се сведе на нас тројца. Значи вака направивме: се договоривме на форумот дека ќе се маскираме заедно. Потоа се најдовме во кројачкиот салон во т.ц. Капиштец, и земавме мерки за униформите (алал да и е на жената што ни ги кроеше, поздрав до неа), и по два дена ги добивме. На вечерта на Маскенбалот се шетавме низ град и луѓето ни се чудеа колку успешно сме се маскирале.
Но тука се докажа неинформираноста на граѓаните за тоа што претставува Стар Трек. Многу интересни беа коментарите на повеќето луѓе како на пример: "Eј види го Марсовецот", или "еј вонземјани" па дури имаше една девојка која рече - "Eве ги овие од Земјени Патеки". Но покрај тие луѓе имаше и некои кои беа информирани и ни честитаа за убавата маска. Многу пати се сликавме со непознати луѓе, па дури и со јапонци.

Милан Тасевски
 
автор: Бојан Николов @ 4/03/2006 10:28:00 PM | 3 коментар(и)