Monday, April 03, 2006
За жал, не бев во можност да им се придружам на момциве. Следува кратка репортажа, која ја напиша Милан. Прочитајте подолу, и видите га сликите. :)


На први април по повод Маскенбалот што се случува секоја година во Скопје, јас, Нино и Љупчо се собравме со цел да го претставиме МАКТРЕК фан клубот, и искрено се надевам дека успешно го претставивме. Инаку се надевавме дека ќе се собереме повеќе луѓе, од прилика десетина, но поради приликите и зафатеноста на некои од тие луѓе се сведе на нас тројца. Значи вака направивме: се договоривме на форумот дека ќе се маскираме заедно. Потоа се најдовме во кројачкиот салон во т.ц. Капиштец, и земавме мерки за униформите (алал да и е на жената што ни ги кроеше, поздрав до неа), и по два дена ги добивме. На вечерта на Маскенбалот се шетавме низ град и луѓето ни се чудеа колку успешно сме се маскирале.
Но тука се докажа неинформираноста на граѓаните за тоа што претставува Стар Трек. Многу интересни беа коментарите на повеќето луѓе како на пример: "Eј види го Марсовецот", или "еј вонземјани" па дури имаше една девојка која рече - "Eве ги овие од Земјени Патеки". Но покрај тие луѓе имаше и некои кои беа информирани и ни честитаа за убавата маска. Многу пати се сликавме со непознати луѓе, па дури и со јапонци.

Милан Тасевски
 
автор: Бојан Николов @ 4/03/2006 10:28:00 PM |


3 Comments:


At 10:48 AM, April 06, 2006, Blogger howitzer

Браво момци секоја чест за маските , многу оригинално!
Неинформираноста е дел од социјализацијата на нашиов ни ти народ.
поз

 

At 5:24 PM, April 21, 2006, Anonymous Krste

Uniformite vi se zakon i mnogu realni,treba da ja realizirame idejata za konecno formiranje na fan klubot i sekoj da si ima svoja uniforma pa duri i maska od nekoja rasa (ako taka se oseka spored nacionalna pripadnost ha ha) Se nadevam deka i jas vo skoro vreme ke mozam da si napravam uniforma. Pozdrav

 

At 5:18 PM, April 24, 2006, Blogger Master Ckalja

Леле луѓе БРАВО! БРАВО! за маскиве мнооогу ви се закон, особено ми се допадна Андоријанската маска.
Браво и за жената што ги шиела, свака част!
И дај пратете некое инфо за Фан Клубот, како е, што е, кога ќе се формира и секој да си има раса или униформа, ја да знаев ќе се џоинував одамна дури и со маскиве!