Sunday, April 23, 2006
Игор Патарaкоски ни испрати статија за Ромуланците:

-Потекло-

Ромуланците се раса од Бета Квадрантот. Нивната матична планета е Ромулус (Ромул). Ромуланците и Вулканците се биолошки роднини, односно потомци на оние кои ги одбиваат реформите на Сурак. Според теориите некои сметаат дека Вулканците и Ромуланците се потомци на луѓето на Саргон кој се смета за колонизатор на Вулкан пред 6 милиони години. Оваа теорија подоцна е потисната со откритието на прастарите хуманоиди- прародители.

Додека реформите на Сурак за прифаќање на логичките принципи и потиснување на емоциите брзо се шират низ Вулкан во 4-тиот век, малцинство Вулканци ги одбиваат идеите на Сурак. Нивните потомци подоцна ги населуваат планетите Калдер 2, Десика 2, Дракен 4, Јадала Прим, при што стануваат центар на оваа цивилизација позната како Дебрун која подоцна изумира.

По некое време прогонетите Вулканци ги населуваат планетите близначки Ромулус и Ремус( Ромул и Рем). Додека Ромулус е М-класа планета, Ремус е сурова планета богата само со големи количества на дилитиум и е дом на Реманците. Тие се интегрирани во ромуланското општество како граѓани од втор ред, и се користат како робови и за војници во првите редови. Од овие два света Ромуланците формираат меѓуѕвездена империја која се протега низ поголемиот дел на Бета Квадрантот позната како Ромуланска Ѕвездена Империја.

-Физиологија-

И покрај сродноста помеѓу Вулканците и Ромуланците постојат многу разлики. Кај нив недостасуваат ригорозните ментални дисциплини развиени од потомците на Сурак. Тие се избувлив народ. Додека Вулканците поседуваат многу поголема физичка сила од повеќето хуманоиди, Ромуланците се чини дека не се нешто посилни од обичен човек, можеби поради недостатокот на ментална дисциплина и подлагите услови на Ромулус.

-Општество-

Бидејќи Ромуланците се членови на милитантна цивилизација, кои сметаат дека бранењето на Империјата е нивна должност и лична чест, службата во војската и самите чинови се одлучувачки фактор во општеството. Но, додека војската има важна улога во Ромуланското општество, Ромуланскиот Сенат ја контролира владата.

Владата зависи од Тал Шиар, ромуланската тајна полиција, да го одржува редот и стабилноста помеѓу цивилите и војската.

Тал Шиар е позната по своите брутални тактики, кои најчесто вклучуваат киднапирања, мачење и елиминација. Многу Ромуланци се плашат дури и да искажат мислење. Но помеѓу Тал Шиар и војската постојат тензии.

Општеството им е базирано на касти и за разлика од другите раси во Алфа и Бета Квадрантот сеуште го подржуваат робовладетелството. Ромуланците се ксенофобични, преферираат подолги периоди на изолација. Тие исто така се познати како расисти кои се сметаат за супериорни во однос на другите раси. Ромуланците веруваат дека еден ден Ромуланската Ѕвездена Империја ќе владее со целата Вселена.

 
автор: Бојан Николов @ 4/23/2006 06:50:00 PM |


6 Comments:


At 4:11 PM, April 24, 2006, Blogger Master Ckalja

Мааааала Исправка!
Супер е статијава за Ромуланците, фалеше вакво нешто само да дополнам - Волканците се физички многу посилни од Луѓето и Ромуланците заради нивната планета Волкан, не заради техниките на Сурак. Ова е вака бидејки Волкан како планета има многу силна гравитација, до 300 пати посилна од Земјата и врз основа на развивање при тој притисок и Волканците за да опстанат на планетата мораат да бидат физички многу силни, додека на Ромулус и Римус не владее толку силна гравитација каде е послична со онаа на Земјата. Оттаму доаѓа физичката надмоќ на Волканците.

 

At 5:37 PM, April 25, 2006, Blogger Андреј

Како и да е, гравитацијата не е 300 пати поголема од таа на земјата. Сонцето има 28 пати поголема гравитација од земјата. Ако Вулкан има 300 пати поголема гравитација, тоа би значело дека е неколку стотици илјади пати поголема од земјата, а не е...

 

At 3:41 AM, April 27, 2006, Blogger Master Ckalja

Епа види, ја колку што памтам на Стар Трек таква некоја бројка се спомнуваше,сега може и беше 30 не сум најсигурен. А како би било тоа изводливо во реалноста, веројатно одговорните си знаат...

 

At 1:21 PM, April 29, 2006, Blogger Ј. Зинговски

Почекај да ја видиш епизодата од 4та сезона на Enterprise кога Archer и T'Pol ќе одат на Вулкан. Archer ќе се движи со иста леснина на Вулкан како и на Земјата. И како второ Вулкан ако има 300 пати поголема гравитација од земјата (300х9,81=2943m/s) значи Вулканците ќе беа високи 15 cm а широки околу 2-3 m. :D.

 

At 11:00 AM, April 30, 2006, Anonymous Милан Тасевски

Какви вулканци би биле тоа

 

At 5:52 PM, October 26, 2006, Anonymous Роберто

Интересно би било да се разработи - ладната војна меѓу федерацијата и Вулкамците во посебен циклус на серии. Од досегашниот тек на сериите изгледа дека сценаристите и продуцентите се плашат да им дадат тежиште на главни негативци во претходните циклуси, па само воведуваат нови раси - Боргови, Ференги и сл. Ромуланската цивилизација заслужува поелабориран пристап затоа што објаснува еден мрачен аспект на човечката - потреба за скриено, за заговори, за тајни операции. Интересно би било да се види како одвнатре би функционирало едно такво општество.
Инаку сметам дека секоја раса во серијата претставува аспект на човештвото - Клингонците на традицијата, воинственоста и ритуалното. Ференгите на трката по материјалното и потребата за трупање на богатство, Вулканците на рационалното и логичното, Кардасијанците на суровоста и експанзивноста,Бежоранците на бунтовноста и потребата за правда но и на мачеништвото, Кју на тежнеењето кон бесмртност и божественост, БОРГ на фасцинацијата од технологијата и нејзината експанзивност која на крајот пенетрира и во крајните граници на сопството - телото. Затоа се и колектив, на технологијата и треба мрежа а не единка.